Лореал имаат добри шампони.Ретко кој не е задоволен од нивните производи.Јас го користам Тотал репер 5.И навистина е заслужена 5 од мене.
Овој ли ? Каде ги има ? И цена ако може . Не дека очекувам нешто чуда , таква ми е косата не можам да очекувам многу ама досега ниеден не ми покажал барем малку резултати ..
девојки и овие шампони не се за потценување, навистина се квалитетни и косата навистина е прекрасна после миењето...Jас ги имам користено долго време, задоволна сум и од овие, нема промашување со нив дефинитивно. има за сите типови на коса и се со различни ефекти. можам слободно да кажам дека целa линија е перфектна, нема ниеден лош шампон од нив
За шампонов благ збор е зборот катастрофа само што ќе ја измијам за 1 дена пак мрсна демек против мрсна коса тој помрсна ми ја прави ауу исто и за овој и од вчера пак се вратив на овој бев задоволна од шампониве дотолку не ми се мрсеше косата ама го сменив бидејќи косата ми беше заситена од него
Другарка ми го користеше и овој и тој со авокадо и макадамија што е и рече дека се супер,убаво и ја правеле косата.Јас истото го приметив кај нејзе,многу и беше мека посебно од тој од авокадо.Пробај го мислам дека нема да бидат за џабе дадени пари.
Исто така, многу убаво мириса (не само тој, туку сите од таа колекција) и мирисот се задржува подолго време
Ти препорачувам Лореал Тотал 5.Навистина е добар.Но,додека не пробаш не можеш да знаеш дали ти одговара.
Користам шампон head and shoulders зашо косава ми е склона кон првут и имам многу нежен скалп. А регенератор користам од Орзен.Нема нешто убава миризба али ми ја прави косата мека и лесно расчешлива што е за мене најбитно
Го има некој користено жолтиот шампон на Глис? Ако го има некоја девојка пробано пишете ми мислење, се двоумам да го земам, сеа дека спрејот жолт го земав и го загледав и овој па си викам дали да го пробам и него.
Го корисев пред некоја година, и сега кога го видов си викам зашо не сум го зела пак? Како и спрејо, и шампонот е добар. Препорачувам, земи си го