Го користев Палмолајв портокаловиот ама потоа купив еден од коприва,не му го памтам името ама косата ми беше помазна,помека и мирисаше убаво.
Да ве прашам дали само мене овие шампони во вакви шишенца што се има разни и имам пробано 3/4 за мрсна коса, за без првут ... и ми ја прават мрсна косата? http://ori-beautystore.com/Portals/142/ ... 2694_1.png Пред 3/4 години ко бев помала користев ваков + и регенератор имаше со него косата ми беше супер 2/3 дена ми мирсаше убаво, беше мека и не ми се мрсеше. http://static.snapittoday.com/items/big ... h5nk1i.jpg А сега од кој шампон од орифлеим и да земам косата ми се мрси. Дали е до мојата коса или може до шампоните?
Ако косата ти е светла,ти го препорачувам шампонот од коприва и зелен лимон од Орифлејм.Не сум го користела,но често го порачувам како консултант на барање на клиентите кои имаат позитивно искуство.Доколку косата ти е темно-бојадисана не го порачувај,бидејќи лимонот осветлува,па брзо ќе ти падне бојата.
Околу 3месеци како го користам елвиве црниот и морам да признам дека многу добро ми одговара После подплг период по потрага на шампон кој одговара за косава елвиве е тоа
Имам 4 прашања во врска со L'oreal total repair 5. 1. Мириса убаво? 2. Дали ја разлетува косата? 3. Која цена е отприлика? 4. За ова ми треба одговор од некој што има осетлива кожа на главата. Дали е можно е да предизвика првут?
Го користам второто пакување.Мирисот е пријатен и не е толку битен колку ефектот после употребата,бидејќи не се задржува.Не ја разлетува косата,а имам меко влакно.Цената е 180 ден. и не ми предизвикува промени на скалпот,иако имам чувствителна кожа.
Syoss Keratin Hair Perfection Shampoo Најдобар шампон што го имам користено. Прв пат во животов ми се случи да најдам шампон што ја измазнува и расчешлува косата, како регенератор да сум ставила. Убаво ја мие косата, убаво мириса. Време на мрсење е стандардно како со други шампони (два дена убава, трети ден мрсна). Се зезнав што не го зедов и регенераторот кога беа на попуст. Цена 200 ден. за 500ml. од ДМ на попуст. Syoss deep repair balsam conditioner Добар регенератор си ја врши функцијата но за мој вкус сакам појак регенератор и очекував да биде појак со оглед на тоа што е deep conditioner. Мириса многу убаво ко парфем. Цена 200 ден. за 250ml. од ДМ на попуст. Помеѓу шампонот и регенераторов сум многу повеќе задоволна од шампонот. Дали би функционирале на тотално сува, расцветана и оштетена коса незнам зошто моментално ми е скроз здрава. Balea jeden tag shampoo cocos Порано го имав користено шампонот за кафена коса од тие во туби што се и не бев нешто задовлна имав чуство како сомот да факам кога си ја миев косата незнам како да доловам, па затоа долго време ги одбегнував шампоните на Балеа. Пред некое време решив да дадам шанса на шампоните што се во стандардни пластични шишиња и пријатно се изненадив. Шампон од кокос за секојдневна употреба, без силикони. Не е агресивен, многу убаво ја мие косата. Мириса пријатно некако млечно. Ми ја прави мека и лелеава косата. Шампонов би го сместила во подобрите шампони, штета што е лимитирано издание. Цена 105 ден од ДМ. Gliss Kur Million Gloss conditioner За овој регенератор можам да ви кажам како се однесува на расцветана коса, ок си ја врши функцијата задоволително ги омекнува врвовите, но сепак за мој вкус сакам појак регенератор. Леле колку убаво мириса, косата мириса барем првиот ден од него не изчезнува брзо мирисот. За сјај на косата не прави чуда мислам дека повеќе ефект би имало кога би го користела заедно со неговиот спреј кој ми е нареден за купување. Цената не ми текнува колку му беше и овој го нечекав на некој попуст. Оrzene conditioner, dry hair Е ова за ништо не го бива, го испробав на оштета, здрава...на мојава коса никако не функционира, бар убаво да мирисаше ама ни тоа.
Ги има некоја користено новите шампони на Lorvenn Exotic Oil? Денес во Cosmo се мислев дали да земам еден од тие или Pantene Color Protect&Shine
Devojki, dali znaete koj sampon od ELSEVE-LOREAL bese za tankata kosa da ja pravi pobujna?(ne deka kojznaj kako ke deluva, no da se proba))... Sega brzo go reklamiraa na Sitel no nemozam da se setam koja boja bese tocno ambalazata, mislam deka e najnov?
Користев Орзене регенератор.Беше она океј, ми ја правеше помека косата, полесно ја чешлав, уствари ептен лесно ми се чешлаше, али оваа моја густа непобедлива коса почна ненормално да паѓа, пикни рака в коса и одма неколку влакна во рака. Цела куќа е со влакна од мене, само паѓаат. Дефинитвно не е за мене.Подобри со маки и болки ќе ја чешлам, отколку без коса да останам. Иначе си користам орзене шампон, па овој ми се покажал како многу добар.
hristinnnna регенераторот се нанеува по должина на влакното или на врвовите, а не на коренот. Од овде, не би требало проблемот да е до регенераторот. Обиди се со друг регенератор, може тогаш нема да го има истиот проблем (иако, како што веќе напишав, не би требало да е до регенераторот). Веќе кога користиш шампон од истата линија, промени го и шампонот и забележи дали ќе ти се случува истото.
Супер задоволна сум и од двете. Маската е па посебна убавина, скоро година ја немам сменето што е несвојствено за мене. Ептен го прави мазно и свилено влакното, и тоа јас имам оштетена коса.
Со мојата коса маки мачам, имам мрсен корен а суви врвови и на крај изгледам како був , има ли некој добар шампон за мрсен корен а суви врвови , и да не ја сплеснува многу косата , само немојте да ми предложите од Авон, скоро сите производи им се утка .
Дечки, дали има и ако има кај да најдам диор шампон? Ја гледам на фб оваа Миа водителката од бекстејџ косата и свети преубаво, и ја прашуваат во коментари со што шампон се мие, она вика диор (а фарба ревлон)...е сега тоа претпоставувам на шампонот се однесува а не на фриз.студио Диор во ск...ај ве молам просветете ме..
Многу сум задоволна од овој шампон од авон, за зајакнување на косата и заштита. Мирисот не ми се допаѓа многу, ми мириса на ментол или нешто слично. Инаку косата не ми ја мрси, фала богу.
Nina Blue Mia kazuj kaj se farbas пред 5 часа · Ми се допаѓа Mia Kiera Kost Dior Dior )) Значи на салонот се однесувало И мене ме збуни пустата