Епа мене првиот коментар ме бунеше, оти прашуваат за шампон, и таа вика диор...ништо, не одам во фриз. салон да ми ја мијат косата
Shauma shampoo Fresh it up Преубав е шампонов! Косата не ми е мрсна до 4 дена, мириса преубаво. Мајка ми ме испокара кога виде дека сум го купила шампонов, ама ја натерав да се измие со него. Сега неможе да престане да се бања. Shauma shampoo Cream and oil Истото мислење како за погоре шампонов, само овој поубаво мириса, и по густ е, како крема за лице и раце .. Wash and go shampoo Обично, никогаш неможам да се измијам само со еден шампон, па затоа се мијам 1 со овој, а 2 пати со шаума. Прекрасна ми е косата. Овој шампон е единствен кој ми мириса на чисто, другиве на некои масла, креми, цветови, парфеми... Гледам во Туш има ваков со овошје, баш сакам да го пробам. Моментално имам со цвет на јасмин. Шампоните од Авон се КАТАСТРОФА! Косата мрсна, мрсна аууу како кравата да те лижела. Ја сушам и ја гледам во коренот мрсна, а ставам шампон повеќе од доволно.. А и не се баш ефтини. Ова е според мое искуство.
Јас го купив кога излезе и искрено не би го купила повторно.Никакво згуснување на косата не приметив, ми ја сплескуваше во корен и предизвикуваше многу перут.Не би ти го препорачала.Можеби другите производи од линијата се добри, но шампонот дефинитивно не.Има далеку подобри, дефинитивно ке си се вратам на Нивеа за волумен.
Задоволна сум,не ми треба маска доволен е само шампонот Спојлер инаку мојата коса е фарбана,сува и оштетена би го купила повторно
Devojki aj preporacajte mi nekoj dobar sampon ama da dava volumen na kosata i stvarno da ima efekt,mi se smaci od baranje..aj prosvetlete me.. Se izvinuvam za latinica, od mobilen pisuvam.
Дофрлав пари по шампони и пак истото... Сакам да го пробам од Афродита, од кокос, ама ми е страв да не ми ја мрси и сплескува косата многу...????? Ако некоја го користела, нека кажи каков е ?
Јас го користев едно време и бев задоволна. Супер е шампонот за таа цена, мека ја прави косата, не ја сплескува и убаво мириса. Јас имам сува коса и мене ми одговараше. Тој беше првиот што го пробав од Афродита.
Поради бројните позитивни критики за шампонов, одлучив да го купам. И уште по првото миење ми даде прекрасен сјај на косата и можам слободно да кажам дека сум задоволна и топло го препорачувам на оние кои имаат проблеми со опаѓање, бидејќи ја ревитализира косата и ја зацврстува. Па, пробајте. П.С. Не мириса на лук без грижи.
Постојано си купував и си користев регенератори Gliss и си бев презадоволна.Зошто ги сменив и почнав да експериментирам ни сама незнам. Си го купив новиот во синото шише и тоа е тоа,мека коса и миризлива Го препорачувам
Си го земав пред некое време,и денес го пробав прекрасен е,многу убаво мириса,убаво ја чисти косата малце е појак за разлика од другите на Schauma и мазна е како свила. Топло го препорачувам
Сега имам купено ваков шампон,2 пати ја имам измиено со овој откако го купив,ќе видиме како ќе се покаже.
Anna,другарка ми го имаше земено,рече дека бил добар,е сега дали тоа зависи од коса до коса,да не е различно кај секого, не знам.
^^ Јас го имам шампонот, дека ми паѓаше многу коса па сакав да го пробам, ама дали два-три пати исправ коса со него. Бидејќи имам тенко влакно, и шампонот и сличните на него (конкретно тие на Афродита) ми ја зармсуваа косата, не можев да ја расчешлам, додека ја исперам со вода беше сета вплеткана, а тек отпосле да ја исчешлам - катастрофа. Додуша јас не користам регенератори, па може и затоа уште повеќе не ми одговара шампонов. Јас последно земав и можам да речам дека сум многу задоволна од Балеа витамински шампон, за сува и оштетена коса. Само со него ја мијам косата и супер ми одговара. Не користам регенератор, а ниту ја вплеткува, и лесно се расчешлува. А и баш е ефтин, мислам околу 100 денари е 400 мл.
Јас кога го користев добар ми беше,убава ми беше косата ама ми ја сушеше малку повеќе отколку што треба а имам нормална коса и веќе после 1-2 мес. користење почна при крај пред да престанам да го користам да ми ја мрси повеќе и толку,од тогаш не сум купила.
Дефинитивно најдобар шампоон а и регенераторот е многу добар.и мн побрзо ми расне косата кога го користам.