Од Шаума шампониве, го имам дома овој ама по катастрофа шампон не сум користела и тоа е за мрсна коса ниту од Глис сум задоволна го користев тој црниот ама ми ја лепеше косата. Сега го користам на Гарниер овој и сум презадоволна косата не ми се мрси како претходно , можеш да го пробаш и овој на Шаума штом сакаш ама незнам,јас лично ич не бев задоволна
Syos šampon i regenerator, mn.ubavo mirisat i sum stvarno zadovolna od toa kakva mi ja pravat kosata. Preporačuvam
Јас имам користо од овој што е лево ама од малина незнам од што беше точно убаво ја прави косата Јас моментално користам на L'OREAL со пумпа(како што има на течните сапуни)шампонот се вика Expertia profesionnel прекрасно се прави косата + по густа ја прави
Да, мене ми е навистина убав. Дава волумен, но и ја скротува косата, не е таква ко волуменозна лавовска грива , мојата често знае да направи некој ваков испад. Не ми ја мрсеше косата дополнително, но ми направи малку првут кај шишките. Го користела ли некоја овој шамон од Schauma ? Го имам регенераторот и многу сум задовона, ми се допаѓа како ми делува, па се мислам за шампонот. Ги омекнува сувите врвови или? Мирисот му е фантазија, се надевам дека не е премногу агресивен за осетлив скалп.
Задоволна сум од Pantene Oil Therapy, убаво ја мие косата, а и не ја плетка косата додека ја мијам туку ја измазнува (расчешлува), е сега не до толку да нема ич потреба од маска или регенератор. Досега без да има потреба да ставам маска само Кератин на Сајос постигнал таков ефект, убедливо најдобар шампон ми е тој. Да се вратам на Пантен, не ми предизвикал несакани реакции до сега и иако не е за волумен мене ми дава волумен и ми продолжува уште еден ден да не ја мијам косата. Значи два дена имам убава коса со волумен, третиот ден ми е веќе спласната, а четвртиот мрсна ама не она апла зејтин, тој ден собрана ја носам и петиот ден ја мијам. Досега со сите други шампони четвртиот ден ја миев. Така да од мене шампонов има чиста 5.
Има ли некој користено на Garnier некој шампон за мрсна коса да ја прави косата погуста и со повеќе волумен и да не ја мрси многу бргу? Пробав повеќе шампони од nivea,Head and shoulders,wash&go,schauma...од сите за еден ден ми се мрсеше косата . Сега користам палмолив и издржува 2 дена,но сакам да пробам од гарниер. за мрсна коса овој го најдов се мислам дали да го земам па ме интересира мислење на некој што го користел?
Јас го користев истиот, многу убаво мириса шампонот и дава некој волумен, косата е лесна, но во однос на мрсењето не забележав некои подобрувања. Ти го препорачувам овој новиот на Шаума. До душа, не знам дали е нов, ама за сега ми е фаворит. Мириса цитрусно, се задржува во косата до следното миење и единствен засега со кој косата ми е свежа и четвртиот ден. Патем, дури и регенераторот е одличен.
Сакам да прашам дали некој од вас го има користено овој шампон и кондиционер..дали има некакви резултати дека со масла е во него, иначе за виткана коса е
^Јас ги користев. Имам виткана коса и поради тенкото влако ми е природно сува. Многу ми се допаѓаа и шампонот и маската ама никаде неможам да ги најдам. Еднаш ги купив како комплет со несесерче, после тоа посебно ја наоѓав маската ама онаа што беше во кутија, а не ваква како на сликата во туба иако исто пишува и на неа. Презадоволна бев од шампонв ама никаде неможам да ги најдам. Кажи ми каде ги има?
Мене ми ги донесоа од Грција, а за тука знам дека овие две во несесерче ги имаше, а дали сеуште ги има незнам :/
Да не бидам подоле и јас го земав овој шампон на Шаума. Уште го немам пробано и некако ме плаши бидејќи имам претходно лошо искуство со појава на првут од шампоните на шаума , но кај овој многу ме привлече мирисот - ме потсеќа на детството и ми мириса на оние хуба буба мастики И описот му е баш онаков за коса каква имам јас- мрсен корен а суви врвови. За кој ден ви пишувам и коментари
Оние погоре што ставив немаат врска во споредба со овој! Ви го претставувам до сега најдоброт регенератор што го имам користено: