Сите шампони на сите не им одговараат исто. Моментално ги користам шампонот и регенераторот на Лореал за фарбана коса и сум презадоволна од нив А воедно сум и многу задоволна од шампонот и регенераторот на Гарниер за фарбана коса
Со кој шампон добивте волумен на косата? Гледам по рекламиве Wash & go, Wash & go.. Ама не ми изгледа некако сигурно
Батали реклами. Најрекламираните производи скоро по правило се последното нешто што би го одбрала за себе. Ако имаш само естетски проблем, побарај препорака од твојата фризерка, сепак таа најдобро ја познава состојбата на твојата коса. Но, ако освен естетскиот момент, постои и здраствен - консултирај дерматолог, па дури и нутриционист. Косата, ноктите и кожата се негуваат првенствено од внатре.
Ма каков Wash & go...живот на филм. Најкатастрофален шампон. Го користев тој за првут и наместо да ми помогне, тој ми одмогна уште толку првут ми додаде. Јас би ти рекла некој од тие на Шаума.
После интензивно користење на Head and Shoulders и постојана потрага по шампон со кој ќе го заменам, а притоа да не ми создава првут го зедов овој и кооонечно можам да кажам дека имам одличен шампон за секојдневна употреба. Благ, доста густа структура, супер пени, а косата кога ја чешлам пред повторно да ја мијам го чувствувам мирисот кој сеуште трае. Ќе му останам верна долго време мислам.
Jas nemam prvut,samo mi treba sampon koj ke i dade volumen i ke ja "zivne" mojata kosa. So ovoj sampon postigna takov efekt? I kolku cini? Drugite feminki, imate nesto kako za mojata kosa,isprobano? Se izvinuvam sto pisuvam na latinica, no nemam mak. Poddrshka na mobilniot. Cekam i drugi mislenja
Јас немам проблем со сплесната коса без волумен така да за таков ефект не знам колку е шампонов, само знам дека мене во однос на тоа не ми направи некој проблем во смисла тој дополнително да ми го одзема волуменот на косата. Цената му е некои 120тина денари за 400 мл. па земи пробај го , ако не ќе и го подариш на мајка ти, јас така правам .
Девојки го има некоја од вас користено ова чудово,го видов во Кипер беше 70 денари Па ми гледат примамливо Добар е како маските за коса на Генера? И ме интересира каков е новиот шампон на Шаума тој што е розовиот? Фала однапред
Сепак се одлучив за новиот шампон на Шаума, тој за мрсен корен а суви врвови, не е ни скап, 109 денари, денес ќе го пробам па ќе ви пишам Ахахахахах, вчера откако ја измив косава со шампонот кој претходно го користев сфатив дека си имала волумен, веројатно не сум забележала досега
Земав шампон од глис, за фарбана коса, пофалби критики за него имате?? Досега немам земано ништо друго од глис освен спреј, па ке видиме како ќе се покаже шампонов.
Пред 3 месеци повторно си се вратив на Орзен за нормална коса, заедно со регенераторот. Многу убаво ми ја негуваат и спаструваат косата, башка мирисот ми е прекрасен и омилен. Ете овој Од пред месец дена почнав превентивно да го користам и тој од лук на Афродита, затоа што почеток на есен секогаш почнува да ми паѓа по малку косата. Го користам со тоа што првото шампонирање ми е со тој од лук, а второто со Орзенот и на крај ставам исто Орзен регенератор. Ми се свиѓа комбинацијава стварно и ќе продолжам да ја практикувам. Косата ми е зајакната и многу малку влакна ми паѓаат, а сепак не ми е крута како стиропор и преубаво мириса. Не би можела самостојно да го користам шампонот од Афродита затоа што уште додека ја плакнам осеќам како ми шкрипи косата низ прсти Верувам дека ако ја оставам така дека пола ќе ја оставам на чешел.