Исто и јас еден период ги користев Орзен шампонот и регенараторот и можам да кажам дека бев презадоволна. Посебно од регенераторот и неговата ефикасност. Косата ја негуваат и и даваат убав сјај. Еден од најдобрите регенератори што сум ги користела.
Викаат дека маската е уште подобра од регенераторот, ама јас немам навика да користам маски, туку само регенератори. Баш ќе ја купам нареден пат, можеби ќе се предомислам
Да, маската е одлична. Мене ми е дури и поубава од маските на Глис. Ја имам shine elixir или како и да се викаше, со жолто на пакувањето.
Девојки, дали некоја од вас го има користено овој регенератор? Јас го имам користено третманот од оваа колекција и бев презадоволна. Се мислам дали да го порачам во следниот каталог, 159 денари е
И јас го користев до скоро и многу убава ми ја правеше косата, го купив од ДМ и ефтин е. А сега еден што имам па мислам оти ми ја уништи косата, и готово веќе не планирам да го ставам на мојата глава. Ќе се вратам пак на овој првиот.
Препорачајте ми добар шампон за волумен на косата? Значи почетокот каде што е патецот косата е ептен сплескана а надолу си е таман,но може да побујна поубаво ќе изгледа. Фала ви однапред . П.С - не е за мене,за другарка прашувам мојата е доволно бујна
Имам средно долга, нефарбана, доста густа, права коса, која не бара многу тинтарење Ниеден шампон не ми ја прави косата поубава и побујна oд Wash & Go, а сум пробала многу од поефтини до поскапи. Најужас ми се Garnier и Loreal, после еден ден косата ми изгледа како некој да ме полеал со зејтин + првут еден тон!
Девојки, го купив шампонот на Балеа од оние во туба со стискање, во плаво пакување за волумен што е. Прееезадоволна сум од ефектот. Но сакав да ве прашам доколку некоја има искуство со истиот шампон на Балеа но за права и кадрава коса, што е работата со тие два шампона? Дали е за само ако имаш права или кадрава или помага за полесно да го постигнеш ефектот?
Mоментално го користам регенераторот од Syoss, како за промена но не сум задоволна нема никаков ефект. Повторно ќе си се навратам на стариот регенератор.Најзадоволна досега сум била од Dove регенераторите. Толку ја прави мека и мазна косата, милина. A, Nivea шампонот е еден и единствен. Тој ми е најдобар и го користам негде 5-6 години. Обично кога станува збор за косата не сакам многу да експериментирам и одам на проверени работи.
Пред 2 недели го купив овој регенератор од Syoss и до сега 2-3 пати го имам користено. Можам да кажам дека косата ми беше убава после фенирањето, лесно ја расчешлав и многу убаво мирисаше. Не ми ја масти косата, а обично ја мијам на секој втор ден, а вака и 3 дена ми издржува. Го имам користено и шампонот од Syoss - Repair и бев задоволна, само сакав да пробам нешто на природна база па од минатата недела го користам шампонот од Коприва на Илирија (му додадов и витамини). Па месецов ќе го користам, да видам каков ефект ќе има.
Девојки, кој е најдобар регенератор од Dove и каде има најголем избор ? Во ДМ ја имаа само маската и некаков регенератор за обоена коса, а мене не ми треба ниту едното, ниту другото. Имаше еден во тубичка околу 300 денари, ама многу мала ми изгледа милилитражата за таа цена (180 мл). Во последно време слушам многу пофалби за нивните регенератори, а никако да купам. Препорачајте некој кој ќе ја прави косата мека и лесна за обликување.