Мишела тие во тубичка да не се овие? Јас го имав од овие во тубичка тоа златното и бев преееезадоволна ама е како маска или два во еден не ми текнува точно што пишуваше на него ама се држеше 3 минути пред да се исплакне така да не е само обичен регенератор. Ако ги има овие одговори ми да знам да си се снабдам со едно. Општо сум презадоволна од Дав од сите нивни производи па и од овие за коса, предобри се и шампоните и маските и регенераторите. Од регенератори го имам користено овие два, ама тој златниот никаде го немам видено доолго време како ни шампонот ни маската од истата линија: Супер се и двата, одкако ја снема златната линија си се префрлив на оваа интенс, мене косата ми е вечито сува (горните слоеви) и секогаш си користам шампони за сува и оштетена коса. Само пофалби имам, косата ја прави преубава, скроетена, мазна, мека, хидратирана, најозбилно се осеќа некоја свежина и влажност во неа после користење. Јас ги зимам од Космо од 180 до 200 денари им варира цената. Ако ги видиш некаде златниве известувај, јас моментално се префрлив на Орзен да сменам малку.
Да Мимс, златното во тубичка во ДМ го има и чини 300 денари. Мене некако многу мала количина ми изгледа за таа цена, па би го купила регенераторот од истата линија. Баш добро си проценила - и јас трагам по него. Во ДМ изборот беше ептен оскуден, ќе проверам во Космо и низ Тинекс, се надевам дека таму ќе има подобар избор.
Во Супер Тинексите има поголем избор од Космосите Во оној на Првпмајска дека пазарам знам дека имаат голем простор одвоен само за неговото височество ДАВ!
Вакви земав за фарбана коса од ДМ, по 109 денари се и шампонот и регенераторот.За сега задоволна сум, косава 2 ден не ми е мрсна и има некој сјај убав, ќе видам само дали ќе ми омекне.
И јас се лоцирам таму, така да, ако во блиска иднина видиш некоја замислена плавуша на збирното место - јас сум!
Јас го користам, пре пре задоволна сум, ептен убаво ја отплеткува косата и ја прави мека, мн. убаво мириса.. Некој добар, навистина добар и ефективен шампон за волумен на косата, HELP!?
Моментално го користам плавиов шампон на Балеа, но бидејќи ми е при крај вчера од ДМ си купив ваков како на сликата ист само наместо цреша од јагода, Limited Edition пишуваше и не можев да најдам слика од него на интернет. Ако сте заинтересирани трчајте додека има, преееубаво мириса. Инаку овој плавиов ми беше прв од Балеа и сум презадоволна. И моментално ја користам маската за коса на сликата и сум многу задоволна, пред тоа користев на Elseve и од оваа сум позадоволна, и помека ми ја прави косата и преееубаво мириса. Џабе беше претходната 3 пати кератин, оваа поубава ми личи а и мирисот е извонреден, може па претходната дека ми здосадила, долго ја користев за да ја оправам косата.
Користам шампон и регенератор за заштита на бојадисана коса од Орифлејм со екстракт од баобаб. Нежната формула овозможува честа употреба.Го препорачувам на тие што имаат бојадисана коса.
Некоја да го има користено шампонов да сподели импресии каков е? Искрео јас го зедов бидејќи многу убаво ми мирисаше
Морам да ги пофалам: Шампонот мириса прекрасно, и косата ми стои убава цел ден, вториот ден веќе се мрси. А, регенераторот исто мириса убаво, и многу полесно се чешла косата. Ги обожавам. Од шампонот веќе го купив два пати, а сеуште го користам првиот регенератор.
И јас морам да го пофалам шампонов, конечно си го најдов тоа што ми требаше! Значи преееееубаво мириса, свежо и благо, а косата ми ја прави ептен убава и не ми ја слепува толку како некои други шампони. Со овој шампон можам и до 3 дена да си терам без да ја измијам, не ми се мрси толку брзо и некако поразиграна ми е - баш како што сакам. Сакам да го пробам и регенераторот, сигурно ако ги користам двете заедно косата ќе ми биде уште поубава!
Презадоволна сум од регенераторов значи подобар немам сретнато .Незнам дали го има тука во Македонија?Ако знае некој нека пиши