Не пишува, па мислам дека е за сите типови коса, пишува дека е за волумен и регенерирање на косата, дека е со некои морски екстракти. Јас пошто имам средно тенка коса и 1 година не ја сушам со фен, ги зедов само заради волумен и добри ми се. Ако ја сушам со фен ќе имам повеќе ефект
Дали знаете добар шампон, регенератор или маска за исправување на косата? И каде може да се купат? Прочитав во изминати постови дека го препорачуваат шампонот од Herbal Essence. Дали го има кај нас?
Мене ми е супер, летово го користев за секојдневна употреба, се покажа супер. Баш некако ми ја потхрануваше косата да не ми биде ко метла после плажа и сол. Инаку за сува коса е шампонов, штом ви ја мрси косата и ви прави првут значи не сте имале суви коси.
^ И кај мене истиот проблем еве веќе втор ден е и косава ми е измрсена и полна со првут Значи дека косава не ми била сува како што си мислев,како и да е. Додека пак шишкиве баш супер ми ги прави и волуен плус им дава. Ако не ќе си го користам или само за шишки капење или пак како гел за туширање ептен убаво ми мириса
^ Јас од истава фирма го користев тој од јајце и веднаш ми ја мрсеше косава , а за краевите ми беше феноменален , па почнав да ги мијам само краевите и немав проблеми со мрсењето .
^ Дефинитивно по реакцијата од шампонот човек може најдобро да примети дали има сува коса или не. Мене ми беше лом оштетена од што бев плава и ја миев со прејаки шампони и прејаки маски. Сега кога повеќе од пола мојата е израсната забележав дека тие јаки шампони ми прават првут и ме чеша. Сега се мијам со шампон за нормална коса и плус маска, јакичка си е таа ама нема врска бидејќи ставам само на врвовите, а таму сеуште не е мојата природна коса.
Во маρκетите на Жито има аκција шампон и ρегенеρатоρ на Оρзен за 155 денаρи. Тие што ги κоρистат овие шампони може да κупат. Ρегенеρатоρот е на неκој начин гρатис. Не е ни сκапо.
Девојки, дали некоја ги користела шампоните на Garnier Ultra Doux и какво искуство имате.Конкретно ме интересира за овие два:
Инаку станува збор за зелениот шампон од маслинка и рузмарин, сликата ја има на 139стр., не знам зошто тука не ја дава. Јас сеуште терам со него и супер ми е.
Девојки препорачајте ми некој според Вас добар шампон за нормална коса, и да напоменам сакам шампонот да дава волумен барем малку. А кога веќе пишувам овде да споделам искуство. Го користев Palmolive, па сакав да сменам нешто ново да видам дали некоја друга фирма на шампони би дала подобри рзеултати. Па читајќи овде на форумов како го фалите орзен реков да го купам и ........ Го користам скоро месец дена, осеќјам дека ја мие косата добро но откако косата ќе ми се исуши како безживотна ми е. Абе се лепи за темето и не мрда. Падната надолу како жална врба. А и на помалку од 2 дена ми се мрси косата. Ова не мора да значи дека кај сите би се случило кои го користеле, коритат и ќе го користа, но реков да споделам искуство. Искрено јас не би го купила уште еднаш.
Јас го користев Ultra Doux, зелениот, за мрсна коса, и како и секој друг шампон ги даваше истите резултати, за еден ден мрсна коса. А, регенераторот не беше ништо посебно, просечен. Се мислам дали пак да ги купам.
Девојки дајте бе препорачајте ми квалитетен шампон, изгубив надеж во сите шампони значи крај. Значи косата ми е сува, и одма откакао излевам од под туш ми е крута, значи затестена, ако не и ставам субрина нема шанса да се исчешлам без пола коса да ја окубам и да се наполнам со нервози. И така ми беше сува косата, па откако почнав да ја фарбам пред 3 години, мислам дека и потпишав смртна казна. За сува и оштетена коса ги пробав на Сајос, Шаума, Нивеа, Лореал, и уште многу други рандом ама џабе, ништо не ми помага, Лореалот најдобар ми се покажа, ама ни од него не сум задоволна, не е тоа тоа, се мислам дали да одам и да си земам уашенго дури. И нормално со шампонот и таков регенератор ќе земам, дајте некој предлог за темелен шампон, кој ја негува косата, не ми треба ни волумен ни ништо друго. И прекинав со фарбање, да се пофалам, ја имам нијансирано косата во прелив од нијанси слична на мојата, и и удрив една фарба како мојата боја, и еве после 2 месеци коренот не ми се познава, значи ја оставам да си дише на раат, малку пауза, мислам дека најмногу ја оштетив кога бев една година плавуша со хидрогените, ја отрув.
Земи си клоране ако можеш (има за оштетена, за опаѓање, за перут итн, ем ти расте побрзо ем си раат, никакви нус појави нема туку баш напротив, лек е за ова што го наброја. Медицински, на природна база, околу 400 и нешто е ама вреди за секој денар. Малце реклама му направив ама тоа е... Сега си го користам Глис белиот со портокалово, и шампон и регенератор и маска, чиста 10ка се.