Анушке, пробај ги Gliss Kur. Имаат повеќе за сува коса од нивната колекција. Црниот го имам постојано, предобар е. Пред некое време го купив и тој Million Gloss, како син гел е, исто и од него сум презадоволна. Пробај ги и нивните регенератори и маски. Без регенератор и/или маска не можам ни да помислам да се справам со моево пресуво косиште.
И јас го користам Million Gloss и дури нема потреба од регенераторот од истата линија, ми се расчешлува без проблем а и јас имав проблем со расчешлувањето. Презадоволна сум! Спојлер И има преубав мирис..
Анушка Орзен ги имаш пробано? Јас ги користам во последно време и презадоволна сум, посебно од маската. Тие за сува коса ги користам баш, шампонот и маската. Мирисот предолго ми се задржува во косата, лесна ми е, мека и хидратирана. Стварно се ефтини и ме изнанадија со квалитетот. Ставај и масло саат два пред миење, мене кокосовото (природно) ми помогна многу и сега редовно го користам еднаш во неделата. Ако си за нешто поскапо тогаш Шварцкопф БЦ, посебно оваа линија со арганово масло е феноменална. Само што се прескапи, шампонот и регенераторот се по 900 денари, маската и маслата 1200-1300.
Епа штом ти се погодил не го менувај Луѓе дај ве молам кажете ми замена има ли за овај, најмногу си го сакав,ама го нема
Шампонов и регенераторот ми фатија око, прекрасно мирисаат.Дали вреди да се купат, ги има некоја користено? И дали овој шампон го има и кај нас, ванилата омилена ми е.Ако да, каде?
Јас го имам регенераторот. И можам само да ти кажам дека е ок, ама не е ништо посебно, барем за мене. Убаво мириса и мирисот премногу се задржува на косата, тоа е една позитивна страна. Одам и го осеќам мирисот, без да ја допрам косата до нос. Најсериозно. И доброто е што не ми ја мрси косата брзо како други регенератори. Ама онаа мекост на косата не ја дава баш како што јас сакам. Уште кога ја мијам се осеќа дека не е тоа - тоа. Штом после не ми се расчешлува убаво - пиши пропало. А јас немам изгорена или расцветана коса, се шишав пред две, три недели. Поубаво обичниот шампон ми ја расплеткува, отколку регенераторов. И ја нема онаа мекост на косата што всушност и треба да ја даде еден регенератор. Ти викам, ок е, ќе помине додека го потрошам ама не е тоа - тоа. Убаво си го користев Глис синиот - најновиот. Кој ме тераше да го сменам. Со глисот косата уште кога јас мијам ми ја прави мека, памук, свила... Ниеден друг регенератор или шампон не ми ја правел косата таква. Ја чешлав со два потега, буквално. Мој совет, земи си го на Глис синиот. Нема да згрешиш. Преубаво мириса, се задржува долго мирисот на косата и косата никогаш не ми била помека. Криво ми е сега што не си го земав глисот. Ама тоа ти е женско, се' да види, се' да проба и ќе се зафркне на крај.
Јас го имам шампонот од мед и мене ми е супер,косата прекрасно мириса..баш вчера ја миев сабајлето и уште ми мириса на него.Можеш да го пробаш,мислам дека нема да те разочара,ако косата ти оди повеќе накај мрсна,незнам дали е паметно да го купиш тогаш.
ЈАС ИМАМ МНОГУ ДОЛГА КОСА И МИСЛАМ ДЕКА МИ Е СУВА... ВЕ МОЛАМ ПРЕДЛОЖВАЈТЕ НЕКОЈ ШАМПОНИ И РЕГЕНЕРАТОРИ ЗА ОВАЈ ТИП НА КОСА ЗНАЧИ КОСАТА МИ Е ПРАВА НО КОГА КЕ МИ ЈА ФАТИ НЕКОЈ ОДОЗГОРА КАКО ДА МИ ЛЕТА КАКО ПО ГРУБА МИ Е... А И СЕГА ИДЕ ЗИМА И КОГА КЕ ИЗЛЕЗАМ НАДВОР ОДМА КО ДА МИ ЛЕТА (мсм ме разбирате) НЕМИЕ ОНАКА МЕКА КАКО ЧКОРАВА МИ СЕ ПРАЈ... ПОМОШ please
Пробај го шампонот од горниот пост,Гарниер од мед. ..мислам дека ќе ти ја направи убава или пробај некој на Нивеа или Гарниер со арганово масло(за фарбана коса е мислам,мајка ми го користеше и јас покрај неа иако косата не ми е фарбана,супер беше)
Следен шампон што ќе го купам ќе биде Teo Botanical за мрсна коса и регенераторот на шаума, розевиот.
Да го пофалам мојот најнов комплет на шампон и регенератор од Гарниер. Колекцијава е за секаков вид на коса. Можам да кажам дека е одличен, 2 пати до сега го имам користено. Има нежен мирис на алое кој останува и после капењето дури и до 2 дена. Косава има волумен и не се мрси еве веќе 3 ден ми е од како сум ја капела. Збор два за регенераторот, има ист мирис како шампонот, косата ми ја мазни и прави свиленката и лесна за рашчешлување, брзо се измива. Се на се можам да кажам вредат за парите. Би ги купила повторно.