Mоментално ги користам овие и сум задоволна. Инаку имам сува и средно оштетна коса. Гледам подобрување откако ги користам, помека ми е косата и поздрава, ама не можам да кажам дека целосно ми "оздраве" косата.
Jaс почнав да користам детски шампони. Овие другите ми ја направија кожата лом. Челото многу ми се лупеше од што се агресивни. А,на грбот ми се појавија акни. Па затоа што немам никаков проблем со косата,си терам со бебешки шампончиња. И супер ми се. Плус не ме печат очите од нив. Овие на Гарниер ми се најубави од сите досега испробани. А, сега последно на Џонсонс го пробав тој со лаванда,демек за полесен сон. А,тоа шампонот мириса на штиркач за кошули. И многу крута ја прави косата. Не сум задоволна.
Десеттина години Елсев на Лореал. Ептен сум задоволна и од шампонт и од регенераторот,понекогаш место регенератор користам маска. Знам дека не е убаво долго време ист па ги менувам боите,де жоттиот де црвениот.
Глис шампоните се на намаление во Тинекс, по 99 денари. Јас го користам зелениот- милион глос, и сум презадоволна.
Јас денес го земав Elseve шампонот новиот за зајакнување и брз раст на коса, па да видиме како ќе се покаже
Ги имам пробано сите можни шампони и од сите шампони после некое време почнува косата да ми се тутка и кине. Резултат на тоа е долго годишното малтретирање со фарби и бланшови. Летово бајаги ја скратив косата и почнав да го користат шампонот од лук на Афродита, не е кој знае што но барем ми ја згусна косата и не ми паѓа како што паѓаше. Сума сумарум задоволна сум од шампонов, е сеа сакав да прашам дали некоја го користела шампонот од камилица на Афродита што содржел пентанол ( мислам дека така се викаше) и дали навистина расте побрзо косата од него?
Јас го имам користено, убав шампон е. За растење на косата немам забележано, мислам дека од копривата на Афродита побрзо ми порасна косата
http://www.kozmetika-afrodita.com/s...pon-za-lase-zeleno-jabolko-vitamin-c/?id=1565 Дали ги има новите шампони на Афродита кај нас? Убаво ми изгледаат, вреди да се пробаат
Моментално ги користам витаминскиот од балеа и head & shoulders (h&s го имам секогаш дома бидејќи брат ми само таков користи од секој друг му се прави перут, а јас си ги менувам зависно од тоа што ќе прочитам по нетов за некој шампон )
Од копривата многу тутки ми се прават, морав драстично да ја ишишам косата ( машка фризура) ради тој шампон. Овој од лук е добар али почна многу да ми ја густи косата, а кај ми е кратка и уште да ми ја згусне ќе изгледам ко чума во главата, ќе го купам од камилица па ќе ви пишам како сум задоволна од него
Дали имате искуство со Керамин Х шампоните или со некои други нивни производи? Стално ги гледам, се мислам дали да ги пробам.