Дали го има некој користено од Глис лилјаковиот? Од тиркизниот сум задоволно, а овој само го има на акција, па се двоумам дали да го земам. Спојлер
Јас го имам набавено во дм. На жалост не знам дали дм во скопје е снабдено со овој конкретен производ.
Во Македонија редовно си го користев овој, многу брзо ми растеше косата и не ми се мрсеше, ама тука неможам да го најдам, па го користам сеа од орифлејм добар е и овој.
Шампон: Garnier Ultra Douсите сум ги испорбала) Регенератор: исто од Garnier Ultra Douкаков е шампонот,таков и регенератор,доколку го има) али веќе подолго време користам балсам за коса од Кам :Balsamo Barezza.околу 64 денари е ии е 500 мл.Супер е пробајте го....
@Mishela шампонов во Зегин е околу 820 денари и во другите аптеки е толку отрилика. Има за мрсна и сува коса ама многу гадно мириса бидејќи содржи сулфур во него
Мене ми треба оној за мрсна коса, мрсен првут, како и да е. Фала многу, инаку очекував дека мириса гадно, го прочитав составот и читав доста коментари, ама ако ми делува (имам себореја), тогаш навистина ми е сеедно за мирисот, ќе паузирам од дишење додека шампонирам.
Јас го користев истиов долго време и го набавив и на мајка ми неодамна(го имам веќе фалено шампонов). Двете сме презадоволни и топло го препорачувам. Јас на жалост го прекинав бидејќи прочитав дека во текот на бременост некои состојки треба да ги одбегнуваат трудниците...но од мене 10/10. Посебно од мајка ми која буквално имаше корузи. Подобар немам пробано. Шампонот е против првут и е во неколку линии, адекватно дали имаш сува или мрсна коса т.с скалп на главата. Инаку оти гадно да мириса Мене не ми мирисаше никако посебно не го сеќавав...таман регенераторот и маската која ја користев потоа целосно ми доаѓаше до израз. Од како се исчистив од првутот имав неколку неуспешни обиди да се префрлам на обичен т.с бебешки и повторно ми се враќаше првутот, па јас му се враќав на вишито. Спас најдов во Одкако ќе се исчистиш од првутот внимателно со изборот на новиот шампон. Од мене 10/10 за вториов истотака.
На крај краева, како сака нека мириса , штом навистина е ефикасен значи вреди да се купи. Значи по „терапијата“, обавезно да земам некој неутрален бебешки шампон, благодарам многу на информацијава. За тоа ништо не ми кажаа на лекар, туку ме советуваше дерматологот да се вратам на контрола по месец дена за да види каква е ситуацијата, па ќе ми каже дали да продолжам со Виши уште некое време или да набавам друг шампон. Најверојатно ќе ми го спомне тоа, само прво да почнам со користење. Се надевам дека ќе функционира, преку глава ми е веќе од корупките, не дај Боже да се случи да оставам коса три дена - преплавена сум со првут.
Го пробав шампонот на Орзен после толку туфкање и прашување по форумов и морам да кажам дека тој шампон не е за мене. Не ми се допаѓа ама ич. Имам другарка која вика дека и е најдобриот шампон што го користела а мене ми е да кажам дури и грд. Мирисот му е преубав и навистина трае долго. Тоа што не ми се свиѓа кај овој шампон е чувството како да не ми е измиена косата...како да не ми е исплакната, не знам како да објаснам поубаво. Плус ненормално ми ја електризира косата и немам никаков волумен. Го пробав 5-6 пати до сега и секој пат иста приказна. Ми се мрси веќе вториот ден и почнува и да ми се плетка. А баш сакав да ми одговара ама тоа е...регенераторот ми е супер и ќе си го користам, а шампонот ќе и го подарам на другарка ми.
Сега го зирнав последното пакување. Чудна е бојата и мирисот....ама дали јас сум отрпната, не е толку јака или непријатна.
@Mishela прашај во Зегин мислам дека имаат тестерчиња ти дадат да го пробаш прво. Мене за жал не ми одговараше, дополнително ми го иритираше првутот,а за мирисот не се сеќавам, ама не ми оставил впечаток дека беше грозен. Инаку мојот е сув првут, имам пресув скалп.
И мајка ми рече дека првите миења и ја иритирало кожата, но после неколку миења одличен резултат. Идејата за со тестерчиња ти е супер.
Препорачајте ми шампон и балсам за виткана коса. Не знам колку пари дадов на бескорисни шампони во последниве 5 месеца. Со самото тоа што ми е виткана имам сува коса, па затоа пробав: - 4 различни шампона на Глис, од сите ми излегуваат огромни акни на кожата на главата, не можев да спијам од нив од што болат. - Оние од портокаловата едиција на Балеа, за виткана коса ми предизвикуваа првут. - Шампоните од Шаума прават косата да ми биде мрсна уште истиот ден кога ја имам измиено, изгледа премногу ја суши кожата на главата, па ми лачат жлезидте инстантно да надополнат. Да, проблематична сум. Anyone? Исто и мене ме интересира дали некој има користено било каков производ на Corine de Farme? Следно што планирам да пробам (ако не најдам подобра алтернатива) е некој од нивните шампони. Инаку, производите на Corine de farme содржат 95% природни состојки. 750 мл кошта околу 300 денари во Зегин. Звучи примамливо, една другарка го купи шампон и го користи, рече дека е добар и дека убаво и ја омекнувала косата, ама повеќе од тоа не слушнав..
@Mishela и јас да се надоврзам конечно за шампонов значи брат ми имаше страшен првут онака до степен цели парчиња кпжа да му паѓаат и веќе две години како го користи на Виши и е пре презадоволен и дерматологот така му кажа едно шишенце па после пауза со нежен шампон и се така Се надевам ти бевме од помош
Да девојки, ептен ми помогнавте и трите. Уште вчера отидов до аптека да прашам за шампонот и за тестери. Ме снабдија со примерок колку да видам како ќе ми делува и утре дефинитивно го купувам шампонот. Јас сум многу задоволна уште од првото користење - скалпот ми е во ред, не ми е вцрвенет, а се случувало со некои други такви шампони; се држев до упатството и кога исушив коса немав ниту трошка првут, а ми се појавува секогаш откако ќе ја засушам косата со фен. Се видов во вакво издание после не знам колку време. Со редовна употреба сигурна сум дека ќе имам одлични резултати, навистина ви благодарам.
Не знам каде да го поставам прашањево,па ќе пишам овде.Ми се потроши шампонот,планирав да купам друг,различен,си велев да не се засити косата од овој: Е сега,се мислев дали да земам од тој шампонот од Афродита со лук мислам дека беше за згуснување на косата,но читам дека некои биле незадоволни,а исто се мислев и за оние од бреза и коприва,малите шампони.Јас имам нормална коса,не се мрси многу,дури на трет/четврт ден по миењето.Дали да го купам истиов шампон како погоре или сепак да сменам? Совет? Спојлер можеби е глупо прашањево,ама да не се зезнам шо шампонот па да ја уништам косава
Не го зимај ќе се зезниш може оцие се јаки послето ќе ти се мрсе за ден или два земи си друг без мн хемикали некој природен јас се зезнав со лореалот плавиот и ми а мрсеше а ми беше нормална косата па сега на тебе позз.