Мишелке, кога ќе имаш можност пробај го шампонот на Балеа против првут, јас се изненадив како толку ефтин шампон може да помогне. Немам класичен првут, повеќе ми се јавува иритација на скалпот која преминува во првут доколку не ја третирам на време. Имам користено различни шампони, Виши, Еуцерин, Реконазол и сите имале ефект меѓутоа проблемот настанува кога потоа сакам да преминам на друг шампон. Бебешките шампони мене лично не ми помогнаа, за кусо време повторно ми се влошуваше ситуацијата. Спасот го најдов кога после користење на поскап и поефикасен шампон преминав на Балеата. Не предизвикува никакви негативни реакции, дури помага еднакво како поскап шампон за таа намена. Сакав само да ти дадам совет, од искуството што го имам со овој проблем
Фала ти многу. Го мислев овој на Балеа подолго време, ама доста имам патено со шампони наменети против првут, па не се осмелив да го купам. Сепак кај мене се работи за себореја и планирам да го користам Виши цел месец, па ќе одам на контрола да видам каков ќе ми препорачаат. Јас планирав да земам некој нежен детски како Bübchen или Бекутан, зашто ми се користени и знам дека би ми одговарале, ама ќе видам што ќе ми кажат и на лекар, ќе прашам и за овој. Има време до следниот месец, сега само се молам да не ми се презасити косата или да ми се оптоварува од Виши-то, па да морам да ја мијам преку ден. На ова време, само уште тоа ми фали, да се враќам пак на стара мака.
Јас го имам на бубхен, тој што е и за тело и за глава на бебчиња и ми се врати првутот од него. Беше еден од неуспешните обиди да се одвикнам од виши...
Кога немав ваков проблем, навистина ми беше океј шампонов, ама штом велиш така, се плашам дека и јас ќе бидам иста ситуација. Значи сепак само тој кој го постираше пред некој ден не ти прави проблем? Ако не, ќе земам шампон на Еуцерин, би требало да не ми прави проблеми, ама прескапа опција ми е, доста често мијам коса. Имам време до наредниот 20ти, до тогаш уште колку декларации на бебешки шампони ќе прочитам ...
А да пробаш со некој од овие два? Ги имаш ли користено? Мене тој од бреза ми мириса преубаво, на чисто. Доста нежни шампони се и погодни за почеста употреба.
Исто и кај мене, од иритиран скалп преминува во класична себореја.....имам користено и јас Бекутан, добар шампон е и тој, но не ми го смируваше темето како овој на Балеа .Имам милион негативни искуства со шампони против првут....Нивеа, Палмолив, Дав и кој уште не...ја влошуваат состојбата. Јас се изненадив од ефикасноста на шампонот па затоа сакав да го препорачам. Можеш и да го комбинираш со Виши, нормално на почеток користи го Виши одреден период но кога ќе почувствуваш дека косата се презаситува премини на овој. Јас одлични резултати имав од користење на Реконазол во комбинација со шампонов. На пример кога користев Реконазол со друг шампон резултатите не беа толку добри....тоа е моето искуство. Искрено се радувам што го пронајдов шампонов, после толку маки конечно шампон кој ем не е воопшто јак, ем е ефикасен.
Ќе мора да ризикувам неколку пати додека не го најдам вистинскиот, нема друго решение. Ги меркам и производите на Corine de Farme, ама додека убаво не се распрашам и не проучам, ќе седам мирна и ќе пробувам од она кое го имам по дома - Бекутан и Бубхен први на листа. @sesilija , ги имам пробано и двата, ама многу ми ја сушат косата, а не можам да користам маска по целата должина на косата - пречесто ми се мрси така. Од проблем во проблем. Кој ме проколнал, кој ме заебал работава.
Така е, секоја коса е различна и мораш да го пронајдеш она што тебе ти одговара Доколку ги пробаш шампоите на Corine de Farme и излезат добри, кажувај, уште сум во потрага по перфектен шампон
Ме привлече тоа дека наводно се органски, но ќе ја испитам ситуацијата подобро кога ќе ми завршат обврските. Ќе кажам за што сум се одлучила, а и доколку се решам за шампон од Corine, без гајле.
Епа жалам тогаш девојки што не ви бев од помош. Јас немам ваков проблем туку некогаш ги купувам од носталгија по мирисот, и знам дека се нежни, ама изгледа ептен ви е осетлив скалпот. Мишела еве имам каталог од Зегин до мене, ги има и Corine de Farme, цената им е доста поволна 260 денари за 750мл, ама не знам колку ќе ти одговараат- има за потхранување на косата за сува до нормална коса, за сува и оштетена и за бојадисана. Демек се со 95% природно потекло и без парабени... Кога сум веќе на темата да си кажам за мене. Имам фарбана коса и летово на тепка го купив овој и можам да кажам дека ептен ми се погоди. Мириса прекрасно, и мирисот трае многу долго. Косата ми беше многу мека и нежна. Го дотрошив и потоа како и секогаш морав да купам нешто друго па го купив ама не ми одговара толку како првиот. И мирисот не ми се допаѓа толку, нити пак е интензивен како тој од малина. Чекам да го дотрошам и дефинитивно ќе си го купам пак тој од малина. Косата е преубава и без да ставам маска. Цената е околу 130 денари, а пакувањето е 300мл. Еве доказ дека и нешто што не е толку скапо дава доста солиден ефект.
Јас го користам и да ти кажам право не сум многу задоволна многу пречесто ми се мрси косата од него и ми ја прави за никаде нeма блага веза со волумен Ми ја разлетува и ја топам со вода и сум залижена како коза!! Искрено Далеку сум позадоволна од жолтиот (за оштетена коса) и златниот(за многу оштетена коса) Можеби тебе нема да ти ја прави ваква незнам, но јас не сум воопшто задоволна.
Меѓу повеќето шампони кои ги имам, во последно време најмногу го користев шампонот од коприва на Afrodita. Одличен беше за мрсна коса во комбинација со добар регенератор. Пред некое време купив уште едно пакување но заедно со етикетата изгледа го смениле и составот. Не го добивам истиот резултат како порано (во поглед на мрсење на косата) и бидејќи ми остана од претходното пакување, ги споредив и дури и бојата не е иста - претходниот беше посветла зелена, а новиот е темна зелена. Дури и мирисот е различен.
Јас да ви кажам многу сум задоволна од оваа колекција за плава коса од Балеа а искрено не очекував за цената , многу се евтини а добри производи. Во врска со тоа дали ми ја мрси/суши косата ниту ја мрси ниту ја суши , јас ја мијам на 2-3 дена и така , за мирис не мириса нешто посебно баш некако на камилица , шампонот баш пени убаво , убаво ја чисти косата , а сум приметила дека ја освежува бојата на косата некако споро избледува бојата (бидејки се фарбам) обавезно ќе си обезбедам од шампонот и балзамот додека дојдам пак во МК
@Mishela не знам дали си ги пробала цврстите шампони од Лаш, ама знам дека многу ги фалеа. Баш има и неколку за мрсна коса. Сите се доста скептични пред да ги пробаат, а потоа ги фалат. Јас лично не сум ги пробала, но ако сакаш нешто што ќе биде од природни состојки и нема да ти го иритира дополнително скалпот, нема да биде лошо да им дадеш шанса. Вака доста е скапо шампончето за таа мала грамажа, ама траело со месеци, па горе-доле исто се фаќа како и со класичен шампон да се миеш.
Имам користено од Лаш, но не сум нешто воодушевена, за таа цена, очекував многу повеќе. Ми траеше два месеци мислам, ама некако не би купила пак. Ќе видам, ќе се најде нешто и за мене. Ќе разгледувам поактивно кога ќе бидам послободна. Фала ти на предлогот.
Мишела, додека ги разгледував шампоните на Eugene Perma, случано ми падна во очи овој шампон: http://www.eugeneperma.com/en/shampoo/347-pure-shampoo-with-cinnamon-3140100259438.html Останато ми е во сеќавање дека во една од темите за нега на коса ти бараше шампон со мирис на цимет, па си реков да ти го посочам, да го имаш во предвид
Имам прашање во врска со шампоните на Eugene Perma, дали кај нас ги има шампоните со милитража од 50 мл и 1000 мл. или достапни се само од 250 мл? Исто така сакам да прашам од кој конкретно сте задоволни, мојата коса е скоро фарбана, но тоа нема врска, најретко земам шампони за фарбана коса. Ме интересира и мирисот, претпоставувам дека убаво мирисаат? Најчесто тоа ми е пресудно кога купувам шампон