Некој да ми каже како е задоволен од спрејов и адли секојдневно да го користам би било ли штетно? си го купив денес и јас,а шампонот е ок
Маца за спрејов веќе имаме зборувано и сите го фалевме. Јас жолтиот го користам затоа што најубаво мириса. Инаку навистина е одличен, косате полесно се расчешлува, не расцветува многу, башка не е скап
^ Јас ја имам кремава дома, ставив 3-4 пати. Косата лесно се расчешлува, но потоа е многу крута, спласната и безживотна. Многу ја отежнува косата, во мојот случај допринесува за побрзо мрсење. Не го свиѓам производот, иако е евтин, така си седи во бањата.
Gliss-от ми се потроши и сега се мислам дали да купам пак, или пак да земам вакво на Elseve. Ги има ли некојкористено овие спрејови, добри ли се?
И мене Glissцми е при крај, го имам розевото, сите се убави, ама сакам да сменам малце бидејки не е убаво за косата се едно исто, па и јас сакав да прашам дали некој ги има користено овие спрејчиња на Elseve? Како сте задоволни??
Сега има и шаума и пантен спрејови. Се мислам дали да го земам новиот пантен,демек не ја прави косата тешка и слепена,а ја негува.Јас го имам овој проблем.Куп коса на глава,а изгледам како со три влакна и се чудев кај ми отиде косата,од нејмајкаде се измив само со обичен,нивеа шампон против перут и гледам џбун и пријатно се изненадив и сфатив дека ми е таква *мрзлива* од шампоните за сува и оштетена,ама па ако не ги употребувам брзо ми се суши и ми пука. Дали некој има користено од овие пантен?! Или од овие... ...и како му се допаѓаат?!
^Јас си земав од тие првите и поштено си се заебав,место да ми ја направи демек weightless,ми ја залепи за главата косата,како да не ми е измиена 3 недели. Јас лично не сум задоволна но сепак си зависи и од косата ама додека не почнав овој шампон да го користам барем кога ќе си ја измијам косата личеше на миена а со овој на немиена. Регенераторот истотака не ми е убав,не ми ја храни или омекнува косата ми ја прави како метла неможам да ја исчешлам од кога почнав да го користам па на крај ги фрлив и шампонот и регенераторот
Ми треба ваше мислење за овој шампон, дали некоја го има користено? Јас појма немам ни која е онаа марка,прв пат го гледам. Мајка ми штотуку го купила, па се двоумам дали да го користам.
Воопшто да не се двоумиш,јас викам фала на тој што го измисли во комбинација со регенератор уште поубава е косата.
една козметичарка, моја блиска другарка, ма кажа да користам исклучиво шампони од балканско потекло, дека оние другите на ниве пантени и сл. кои ги има во нашите маркети се посебна пратка за земјите кои не се во ЕУ и осдржат доза на канцетогени материи. кога бев во австрија користев пантен и не се ни споредува со овој нашиов ЈАС НАЈТОПЛО ГИ ПРЕПОРАЧУВАМ ПРОИЗВОДИТЕ ОД ЛИНИЈАТА НА СУБИРНА (СЛОВЕНСКАТА КОМПАНИЈА ИЛИРИЈА)
Зависи од косата,какво е влакното. Јас го користев еднаш во комбинација со регенераторот и воопшто не ми одговараше, се измив неколку пати и потоа ги дадов на сестра ми. Таа пак беше задоволна, на неа повеќе и одговараше, потоа уште еднаш ги купи. Значи се зависи од косата, пробај го штом веќе е купен и ќе видеш како ќе ти одговара.
за косата користам шампон Елсев Лореал тотал репеир 5 оној што го рекламираат, и многу ми одговара на косата многу убаво мириса, но сега ми е при крај и си нарачав од авон еден шампон од гумбир и праска прекрасно мирисаааааааааа многу е убав едвај чекам да ми стигне инаку ставам и на секое четврто миење маска за коса на неутро натурал со витамин б и мислам дека од неа побрзо ми расте косата.
да точно е дека се посебна пратка, приметив скоро на секој странски производ има налепница/ етикета МК, што значи веќе од таму се селектираат производите за нашава земја. аа за пантен имам читано некоја девојка во В. Британија користела од линијата за против опаѓање на косата, шампонот дал контраефект, почнала да и опаѓа уште толку, повеќе од пола коса и отпаднала, се јавила во фирмата и дале некој ситен чек за надомест...
^ Нема врска,тие лепенките се залепени од нашиве дистрибутери.Јест да треба да има МК на самиот производ но,не сметаат за многу мал пазар и не не ставаат. Нема врска ни за Пантенот,конкуренцијата прави анти-реклами,нормално.Па и за канцерогени материи во шампоните можам да кажам дека нема врска,затоа што цел живот се мијам со шампон кој не е од Балканско потекло па не ми станало ништо.
не зборам само за пантен, зборам за сите шампони кои се произведуваат во ЕУ, а дека квалитетот на производите за нивниот пазар е 100% различен од оној за нашиот - различен е, го имам полувствувано тоа на своја кожа (не само за шампоните туку и за се друго)... јас користев нивеа 3-4 години, и шампонот е ок, ама регенераторот е милион пати полош од тој на субрина (имам афро-виткана коса, веднаш можам да забележам кој регенератор е добар а кој не го бидува). друга добра страна на производите од субрина е тоа што се многу поевтини од "форсираните"...