Дали некој ги има користено овај шампон и балсам на Авон, премногу се евтини во каталогот, па во дилема сум дали да ги порачам или не? За 199 денари се двата, то е ништо пари.
Ади, моментално го користам токму тој шампон и сум ептен задоволна- убаво мириса, не ја мрси косата и и дава солиден сјај
@Nausicaa А Балсамот да не си го користела? Добро е да не ја мрси оти јас баш тој проблем го имам, да не биди денес сјајна преуба, а утре ко масло да имам на коса. барем 2 дена да ми трај да не е мрсна.
Јaс лaни кoристев мaскa и силвер шaмпoн зa плaвa кoсa oд Еугене пермa, бев зaдoвoлнa oд мaскaтa пoгoтoвo , кoсaтa нaвистинa јa прaвеше мекa пoтoa ми се пoтрoшијa и се префрлив нa Мaкaдемијa. Зa мирис не мирисaaт нештo пoсебнo. Инaку немaм виденo пoгoлемa милимитрaжa 250 мл се тие јaс штo ги имaв
@Adi888, ги немам користено ренераторите од Naturals линијата ама претпоставувам дека се добри. Штом бараш полесен регенератор мислам дека ќе ти заврши работа, не знам само какви се за интензивна нега. Јас дека до пред месец дена имав долга, фарбана плава коса скоро до половина и не сакав да ризикувам со непробани маски и регенератори па затоа ги порачував оние од линијата на advance techniques -демек поскапи се па следствено ќе бидат и поквалитетни што реално и нема врска зошто 100 пати бев позадоволна од Naturals шампоните.
^^ @Nausicaa Јас не сум задоволна од Advance techniques ама воопшто, го користев шампонот против првут и косата ми беше пресува и другиот ден исто ко масло да имав турено Фала ти за мислењето, дефинитивно ги порачувам!
Ај да пофалам маскава Имам мека, сува коса склона на прекршување. Маскава нема некој посебен мирис....би рекла скоро никаков и бев скептична на старт. Но после миењето косата одлично се расчешлува, дава волумен и свеж/негован изглед. За сега од мене.
Долго време се мислам да ги пробам шампоните на Yves Rocher. Некоја од вас ги има користено? Да ми даде една препорака
Косава ми е со должина до рамена, фарбана црвена, и како што повеќе расне, се повеќе ми се плетка. Откако ке ја исушам, веке не можам чешел да ставам, се до следното миење. Користам шампон афродита од камилица, и маска на гарниер од ориз, но очигледно не се веќе за мене. Понудете ми нешто шампон, маска, спреј, за да не се плетка кога е сува, едноставно чворови се плеткаат па ги кинам...
Дојдов да дадам негативна критика за шампонот на Гарниер.Косата ми се мрсеше буквално на два дена и морав да ја поминувам со бебешка пудра за да не морам да се мијам секој втор ден.А и ми правеше премногу првут, никако сега не можам да се спасам од него. Денес го купив овој шампон,се надевам ќе се погоди.Деновиве ќе напишам и за него критика.
Јас да ве прашам, ве чеша ли главата од Сајос шампоните? Значи претходно си ги користев, розовиот посебно, никаков проблем немав. Баш ми беше погоден. Сега на акција го земав шампонот и регенераторот од Жито и мислам дека или нешто не е како што треба, или јас сум фатила вошки. Бидејќи второто е малце веројатно, тогаш најверојатно е првото. Орзен ми беше ок и шампонот и регенераторот, ама некако меееех, не бев баш воодушевена нешто, баш само ок. Со Уаш енд гоу сум како коковче зимно време, на Балеа ми ја мрсат косата, на Афродита ми ја сушат, можам до недоглед да продолжам, не ми текнуваат шампони. Патам по шампоните од Америка, патамммммммммм, година еден куфер со шампони ќе си наполнам. Мислам дека сто различни пробав, од Пантен, до Гарниер, до овие Ауссие, и сите беа кој од кој поубав, што да кажам за ѓубрињава што ни ги продаваат тука за преголема цена.
@Doozy, Сајос дефинитивно не се тоа што беа, катастрофа се станати. Јас лом се направив есенва од repair therapy шампонот, едвај скалпот си го средив после. А што се однесува до изборот на шампони кај нас, си ги пробала од Авон? Тој со манго и ѓумбир е многу, многу добар
@Doozy Jас го користев портокаловиот Сајос,оној Repair Therapy и верувај ми се уништи скалпот.Еден куп првут и чешање,мозолки ми испаднаа на цела глава. Така да,од Сајос ништо не препорачувам.
Истото ми се случи и мене со Сајос и дојдов до заклучок дека најверојатно кај нас носат некои чкарт. Зашто Сајос купен од соседствата не ми правел такви проблеми никогаш. А баш се мислев дали да земам, во еден маалски маркет видов дека повторно имат акција со слаткото мало фенче за коса, ама не ми се фрлаат 500 денари само за него, а ако има вклучен регенератор во акцијата, се мислам дали да земам и да пробам некој. Барем едното да се погоди.