Јас не можам да го преболам мирисот на овој шампон погоре од Orzen. Го обожавам и преубава ми ја прави косата, ми дава неверојатен сјај без да правам третмани со масла претходно, ама многу брзо ми се мрси коренот, мислам дека воопшто не ми пријаат ваквите шампони за масна коса и ги избегнувам.
Јас моментално го користам бебешкиот шампон Џонсон бејби и морам да кажам дека досега за мојата мрсна коса се покажа супер, не ми ја мрси толку многу косата...за разлика од шампонот на Балеа со алое вера кој ми ја мрсеше премногу овај се покажа за нијанса подобар.
Прашање до оние кои го користат шампонот и регенераторот од Глис, црните што беа во комплети од 314 денари: Дали побрзо ви се мрси косата, ве чеша главата и ви се појави првут или само кај мене е така. Пред една недела ја фарбав косата, кога ја миев си ја измив со Субрина шампон не приметив вакво нешто. Во среда ја измив со шампонот и регенераторот на Глис и ми се случува ова, па не знам дали ми е од шампонов или од фарбата?
@hello-kitty.90 јас ги користам, не забележав нешто такво кај мене, и покрај тоа што имам проблематичен скалп, не ми се појави ниту првут, ниту чешање. А за мрсењето што знам, јас по навика преку еден ден ја мијам косата. Не ми се измрси нешто дополнително, како и со секој друг шампон, но немав волумен како што имав првиот ден, одма после миењето и обликувањето.
Штознам, можеби имам првут и ме чеша од фарбата, па да не сум приметила веднаш, ама некако како да ми се мрси побрзо од шампонов.Ај еве сега ја измив, па ке видам колку време ке ми стои немрсна.
Мене ми се случува истото со оваа колекција, без разлика дали ќе го употребам шампонот, спрејот или регенераторот. Затоа и не го купив сетот, а со него одеше и оној третманот кој сакав да го пробам, ама тоа е.
Предложете шампон за меко влакно. Имам таква хипи коса која не ја шишам од сентиментални причини а ми е невозможно да ја одржувам. Не сум фарбана ама почнува да ми темнее на корените пошо сум валјда голема сега за да ми биде тооолку светла, настрана што и климата е катастрофа. Хелп!
Можеби затоа што шампонот е наменет за сува и оштетена коса, а твојата не е таква па затоа имаш некој контра ефект. Уште нешто да ви кажам, незнам колку е точно, муабетов го слушнав во фризерски салон од фризерот, не е препорачливо да се упоребуваат производи со кератин на фарбана коса, наводно побрзо паѓала фарбата и кератинот неможеш да делува на фарбана коса, а ово Глис црниот баш содржи кератин. Па ќе кажам незнам колку е точно.
Не си голема за да ти темнее, обично светлата коса знае да потемни во пубертетот, па ако не потемни тогаш, ќе си ја носиш таква каква што ти останала, додека не се појават бели влакна. Јас исто сум приметила кај мене дека во периодот есен-зима коренот ми темнее и сите ме напаѓаат со она фамозното „ахааа фарбана си, кого лажеш“, а уствари нема врска, тоа ми се случува природно. Во пролет и особено во лето, косата природно ми станува посветла, најверојатно поради поголемата изложеност на сонце, не знам. Шампон кој би ти го препорачала е Афродита со камилица. И јас имам многу меко влакно, од Афродита со камилица не се откажувам и последното плакнење на косата секогаш ми е со природен чај од камилица. Не таков од филтер-ќесичка, туку набран, планински. Не дека не може да се користи и таков, ама овој го имам во изобилие. Бојата ми е океј со ваквата нега, ама сепак приметувам затемнување. Природно е. П.С. За да не ми се сушат врвовите, си правам третмани со масла, зашто примерив дека шампонот ми ги прави врвовите покрути, а остатокот од косата ми е во ред.
@mims-89 јас користам шампон со креатин, а имам фарбана коса.Поточно Сајос го користам и не сум забелажала никаков проблем.Ни ми паѓа фарбата иста си е сјајна како кога ја исфарбав , косата ми ја прави мека, не ми се мрси дури и волумен ми дава и напротив-пред овој го користев Орзен специјално за фарбана коса ама многу беше агресивен со скалпот и престанав да го користам.Сега го користам Сајос со кератин во комбинација со регенараторот на Орзен за фарбана коса.Така да и да е точно, јас не сум забележала некаква негативна промена на косата. *Исто така на спрејот Глис што го имам, црвениот за фарбана коса пишува дека со Liquid keratin complex.
фала ти @Mishela очигледно се разбираме И мене ми се менува според сезоните, само што претходното лето бев на ептен голема исложеност на сонце и ми стана пресветла, уште малку и да станам невидлива. Есен кон зима ми се претвара кон портокалова и само да ти кажам не толку жените повеќе мажите ме прашуваат дали сум фарбана, оние што се прават алфа сељаците. Ќе те послушам за шампонот и ќе си правам третмани со камилица и ние дома имаме премногу. А за масло си купив кокосово, шо знам што да му правам, ќе го втривам во корените. Ама и мислам дека надворешните фактори влијаат, кога сум подолго време во природа ми станува прекрасна, кога сум цело време во градови ми иде да ја кубам.
Верувај @Magnolija, камилицата е спас за природните русокоси. Мојата боја до толку варира, што понекогаш е жолта како слама, а понекогаш оди и до смеѓа. Работава наша на крај испаѓа 50 нијанси руса.
ilovecupcake продолжувам овде бидејќи е повеќе поврзано со темата. Сакав да ти препорачам регенератори од кои сум задоволна бидејќи спомна дека тој од ДМ ти направил проблем, па да имаш во предвид и други видови Orzene балсам за оштетена коса. Subrina балсам со масло од макадамија. Првиот го користам во комбинација со шампонот од истата линија и дава мекост. Можеби таа комбинација не е најдобра за искршена коса (односно за исправање) но дава цврстина, па за тебе претпоставувам дека подобар избор е да го користиш самостојно. Вториот го користам со различен шампон и дава цврстина на влакното и одговара за права коса бидејќи и дава тежина. Наместо 3-4 минути, го оставам да отстои повеќе време.
Мене па баш ми одговара црната колекција, еве веќе втора недела активно ја користам и немам никакви проблеми, напротив- косата ми е многу помека, со посебен сјај, а и мирисот на шампоните од Gliss го сакам! Е сега, знам дека има влијание и здравата исхрана и фактот дека редовно конзумирам кокосово масло, ама ај да се надеваме дека е само до шампонот, регенераторот и пената
Можеби не е до шампонот, можеби не одговара на мојот тип на коса. Гледам дека мене не ми одговара, косата по миење, утредента ми е веќе замрсена, нема ни волумен, ниту пак ми се допаѓа како мириса, ми се појави првут, ме чеша, нешто што порано воопшто не ми се случувало со косата. Жал ми е само што си дадов 300 ден, а не можам да го користам, не сакам да си направам дополнителна штета на косата, па после да не можам да ја оправам. Ај ќе ги искористи мајка ми или сестра ми.
Користам Бекутан шампон најобичен и ништо друго. На неколку недели ставам чичково масло и толку ни регенератор ни бакрачи. Имам користено разно разни шампони и регенератори и чуда, заклучив дека само полошо си прам колку повеќе чуда на мојата коса толку повеќе ми се мрсеше, ме чешаше и првут ми се јавуваше. Кога бев мала користев шампон од коприва и имав каде каде поквалитетна коса отколку сега. И готово се откажувам од сите шампони и чуда за коса. Пред да го купам Бекутанот користев шампон од камилица и коприва варирав. И засега ми е супер. Не ми се мрси многу често што е најбитно не ме чеша и не ми паѓаат топки коса.
Девојки го користел ли некој овој шампон? Многу ми паѓа косава, па си реков ај да пробам не верувам дека ќе помогне ама ај. (неможев да најдам друга слика ама овој е од лук)
Вчера купив шампон и регенератор од Yves Rocher во ГТЦ и искрено незнам дали е до мене денеска(следниот ден) или до проиводите ама ужас! Немора да значи за други но мене косава ми е за никаде .... Незнам, а многу ме заинтересираа нивните производи би сакала се да купам