После долгогодишно користење на Wash & Go, со неколку пропратни експерименти, морам да кажам дека сум задоволна од шампонот на Орзен. Преубаво мириса и плус миризбата трае од едно до друго бањање. Не памтам кога последен пат ми била волку мека косата.
значи нешто перфектно тешко се наоѓа да го купиш го има само по професионалните продавници ретко во поголемите маркети и малце е поскап и не треба ништо друго ни Регенератор ни капки нишо сите производи на Лореал се перфект ама овој е врвот со првото миење косата добива неверојатен сјај и мекост исто како да си излегла штотуку од салон права професионална нега
Ги спомнувавте пред неколку страни па да си прашам- ги има некоја од вас користено продуктите на Corine de Farme? Цената им е и тоа како исплатлива за грамажата (250 ден за регенератор од 750 мл) но колку се квалитетни
За кој шампон точно се работи? Не би рекла дека сите се ужас. Моментално, наизменично користам два шампони од YR: 3 во 1 со липа и оној со коприва за мрсна коса. Особено сум задоволна од првиот. Навистина дава убав сјај и го олеснува чешлањето. Можеби само не си го погодила соодветниот за твојата коса. И јас сум имала омашки со некои нивни продукти, ама пак други ми се во фаворити. Ако еден не чини, не значи дека сè не чини.
И јас сакам да го купам и шампонот и регенераторот и маската... па нека пише некој ако веќе ги има купено
Прашањево не сум сигурна дали е за тука ама нвм. Може ли шампонов да го користам иако имам природно смеѓа коса? Ке ми влијае ли на бојата? : )
да јас го користев кога бев смеѓа и ми ја осветли малце, не драстично туку како од сонце да ми беше осветлена
После повеќе од месец дена редовно користење на шампонов и регенераторов можам слободно да кажам што е тоа што ми се допадна а што е тоа што и баш не ми се допадна. Сетов го купив на акција 314 ден, досега никогаш ништо не сум пробала од оваа колекција па беше одлична можност да и дадам шанса со оглед на тоа дека барав нов шампон кој потполно ќе ги задоволи моите потреби. Па ајде да почнам Шампонот е одличен си ја врши работата и и дава некој дополнителен волумен на мојата која кој го забележав баш со овој шампон, а кој кај другите иако беа наменети за тоа не ја вршеа работата баш. Добро ја чисти косата значи ја осеќам целоно чиста измиена, не ја мрси дополнитело косата, со оглед на тоа дека косата ја капам 2 пати недело. Косата ми е мека. Тоа што не ми се допаѓа е мирисиот кој ми е некако вештачки ама е добро што не се задржува многу на косата инаку тоа би ме нервирало многу. И мнгоу брзо ми се троши шампонот. Збор два за регенераторот и тој е одличен, косата ми е мека, нежна, сјајна со оглед на тоа дека веќе 3 месеци сум плава па со помош на овој регенератор ревитализацијата на мојата коса беше побрза. Има густа структура со светки....мммм прекрасен е. И кај него не ми се допаѓа тој вештачки мирис на кој се навикнав и вешто го игнорирам.
Jaс го користам шампонот од oваа фирма веќе неколку недели и сум презадоволна! Го имам оној од рузмарин против првут и супер ми се погоди. И јас му се мислев долго време, но после толку испробани варијанти , одлучив и оваа да ја пробам и стварно ептен ми го прави меракот. Е сега, јас имам нетретирана коса, а приметив дека со него морам да користам маска задолжително, затоа што без неа ептен е тешка за расчешлување, буквално е како некој намерно да ми ја размрсувал , а обавезно ја чешлам пред миење. Меѓутоа ова е занемарливо во споредба со сите други супер ефекти од шампонов - мека коса, не ми ја мрси, не ми ја спласнува, економичен и заљубена сум во пакувањето со пумпица- препрактично!
Кој шампон од Corine de Farme е со проѕирна формула? Знае некоја? Оние густите и непроѕирни шампони ми се премногу тешки и ми ја мастат косата, а многу сакам да купам нивен шампон. Мајка ми си купила маска за коса и мицеларна вода, не престана да ги фали, па уште толку се загреав,
Zdravo devojki mislam deka ja pogodiv temata da prasam nesto vo mojot grad ima panagur pa sestra mi zela samponi dva po cena za eden. mirisot im e skoro ist ama neznam dali da go upotrebam da ne ostanam bez kosa deka od tamu. Ako ima nekoja vakvo iskustvo neka mi pisi. fala odnapred. Samponot e Sauma da napomenam.
Шампонот од бебешката линија со био невен е комплетно проѕирен и како за таков тип на продукт, има задоволителна густина. Лично мене, по мирис ме потсетува на поблага верзија на некогашниот Косили шампон. Ептен ми е погоден за секојдневно миење на косата. Голема милилитража за солидна цена (750мл за ~3€) и практично пакување со пумпица. Барем, мене ми е практично. Ако не сакаш бебешки шампон, погледни го и шампонот од коприва на Yves Rocher. Исто така е проѕирен, малку пореток од претходниот (се троши побрзо), без силикони, парабени и колоранти, погоден за поредовно миење.
И мене ми се направи скалпот катастрофа од оваа колекција, првом помислив можеби на почеток дека сум сменила шампон , па додека се навикне косата,ама веќе 1 месец го користам и ич не сум задоволна. Сега купив од АЛВЕРДЕ од жалфија за осетлив скалп и со едно миење веќе имам подобрување на штетата која си ја направив со GLISS. Инаку косата ми беше шатирана и сува , а сега сум врз шатираното со бланш фарбана и од алвердето косата ми е мека и со волумен.
Таман ги пофалив шампоните за бојадисана коса од Субрина, после искористени еден од малина и еден со пченични протеини- купив повторно од малина и ми се појави првут. Сега се мислам каков шампон да земам, сакам да ги пробам Corine de farme, само не знам дали да го земам тој против првут или тој за бојадисана коса.
Јас да го дотрошам Афродита со лук (при крај ми е ама ми здосади веќе), следно ќе го започнам оној новиот, со зелено јаболко и витамин Ц. Обожавам мирис на јаболко, си правам филм дека ќе ми мириса косата на пролет и јаболка, па ќе се душкам по цел ден. Вака од неколкудневно мирисање, многу ме потсеќа на Head 'n Shoulders со јаболко, само што од Wash 'n Go и Head 'n Shoulders бегам и ќе бегам додека сум жива, не ми одговараат воопшто, премногу се агресивни за мојата коса. Заедно со овој шампон ќе го комбинирам и оној против себореичен првут на Vichy, таква ми е „терапијата“, секое трето миење ми е со Vichy. Мајка ми туку ме галка по косата и само прашува дали сум го почнала, а тек го купив. Не дека е до шампонот, многу ја тинтрам и разгалувам косата со разни глупости , па шампоните ми се во споредна улога - гледам само да биде погоден за често миење и тоа е тоа. @sesilija, за Corine de Farme се мислев и јас, па мајка ми ме претркала и купила некаков со бадем. Има ли таков? Не знам за каква коса е наменет, но очигледно многу и` се допаднал, само ми го збори какви локни и` правел и колку била косата лелеава. Многу сакам да купам некој и јас, ама долго време се мислев кој. Ho, не видов никакви критики или пофалби за одреден шампон тука за да знам барем на што да целам, се откажав и купив Афродита. Гледам ја фалеа и маската за коса, па се мислам дали да ја вметнам или не. Многу фина фирма испаднаа овие Corine, се прашувам од каде ли никнаа.
Од Франција никнаа Мишела, од Франција . Јас од нив пробав интимен гел (ептен во контекст на темата) и ептен ми се допадна, ми даде некое пријатно чувство. Ќе си го купам кога ќе го дотрошам тој што го користам сега. Шампони не сум користела, прочитав пофалби за маската, ама не знам конкретно за која, има два вида. А сега баш го отворив списанието од Зегин да ги видам шампоните, и не забележав од бадем, има од манго и кокосово млеко за сува до нормална коса, од шеа путер и маслинка за сува и оштетена коса (тие два вида се и маските) и за бојадисана. Ама не го гледам тој против првут, па сигурно и тој од бадем го немаат прикажано. Се пренервирав кога видов првут, не сум имала со години.
Не е ништо што малку Реконазол не може да го среди со едно или две миења. Интимен гел не менувам, така да, тоа отпаѓа од листата уште од старт. Мицеларната вода е доста добра, ја користам веќе некое време, па ќе пишам за скоро во некоја од темите. Ме фати така некој аздис се` да сменам во Corine de Farme, па затоа само ги гуглам и барам мислења. Само ме интересира колку се органски, од она кое го тврдат на етикетите. Со оглед на цената, малку ми е смешно, ама како и да е, не се оптеретувам воопшто со тоа, само ме интересира. П.С. А да си отвориме тема за Corine de Farme и таму да ги разврзуваме муабетите надолго и нашироко?
Девојки ајде препорачајте некој добар шампон кој ја омекнува косата и не ја мрси. Имам виткана коса со дефинирани локни но у последно време ми станува укепавена ко суканици да имам и ми се плетка. Користев еден од Балеа и скроз ми ја унакажа косата а башка и првут ми створи. Препорака?