@koritsaki и јас сум задоволна од wash&go како даваат волумен. Исто и од Лореал Елсев тој лилјаковиот за волумен е предобар. За да постигнеш и поголем волумен секогаш миј ја косата наведната, или барем плакни ја така што ќе ти паѓа надоле.
Јас решив веќе да не експериментирам, ојдов си купив шампон од коприва ми се смачи од сите досега само да менвам. Задоволна сум многу косата ми се мрси на два дена, и не морам секој ден да ја мијам, криво ми е шо не ставив ампули и Б комплекс, расти ко будала косата. За скоро време не менвам
Јас повторно му се вратив на Orzen за фарбана коса во комбинација со регенераторот од истата линија.Косата како грива ми ја прави, се нај и мирис и нега, но има едно големо НО-многу ми ја слепува горе кај коренот ич не ми прави волумен.Така неубаво ми доаѓа, цела коса бујна, а горе коренот слепен.А фенирана ми е.Планирам уште еднаш да се измијам со шампонов, овојпат наведната надолу ама ако пак така ми прави ќе го сменам. Тој од Субрина за фарбана коса што го зборевте ми фати око.Како сте задоволни од него од аспект на волумен и бујност на косата? Девојки @sesilija ? @crazylady ? Ве читав неколку страни наназад дека го имате користено.
последно купив шампон на сајос колор протект ама воопшто не сум задоволна мислам дека ми ја напуни косава со првут а никогаш не сум имала така да веројатно ке си се вратам на орзенот од него бев задоволна па се надевам ке се среди косава од маките што ми ги направи сајосот
Има два вида од субрина за фарбана коса, едниот е 2во1 од малина и пченични протеини, а другиот е со пченични протеини и со витамин Е. Вториот дава повеќе волумен бидејќи не е 2во1. Јас бев многу задоволна, ги користев наизменично малина, витамин Е, па пак малина и на крај помислив дека ми се појави првут од него, ама после заклучив дека првутот бил од златниот од Шварцкопф. Тој со малина мирисаше многу убаво и ептен бев задоволна како ми ја негува косата. Сега и јас треба да купам нов шампон, ама уште се мислам дали пак да земам субрина, или да го купам тој од corine de farme. За него се предомислувам бидејќи е 750мл, што ако не ми се погоди? Се имам така зезнато со една професионална маска за коса, беше 1000мл, на крај ја подарив. Пробај ги тие од Субрина, сега ако не се лажам се намалени во Тинекс, како да ги загледав по цена од 99денари, ама не сум сигурна. Јас ако земам пак од нив планирам да комбинирам шампон+балсамот од пченични протеини и витамин Е.
Леле ставете слика од шампонот со малина, бидејќи барам таков веќе неколку месеци уназад. Ве молам...
Само наменет е за фарбана коса, не знам дали се фарбаш... Ако не си фарбана, а сакаш такви мириси, разгледај кај детските шампони.
Фала ти многу. Ме заинтересира тој од малина па него планирам да го земам.После првото миење-две ќе пишам мој впечаток. Чудно, стално ги загледувам шампониве низ маркетите ама никогаш не сум им обратила внимание.Право се фаќам за Орзен или Сајос.Ама сега морам да ги пробам многу ме заинтересиравте. Шампонот од corine de farme купи го само ако имаш некој близок што ќе сака да го користи, на тебе ако не ти е погоден.Оти не секој сака да си менува шампон. Ама штом си имаш испробана комбинација што ти ја прави косата прекрасна, јас не би да разикуваш.Сепак ти си знаеш најдобро.
Само што видов во списанието на Зегин-шампоните и регенераторите се намалени 20%. Шампоните од 120 на 96 денари, а регенераторите од 123 на 98 денари. За тие пари вреди да се проба дали ќе ти се погоди. Еве на пример Орзен често е фален на темата, а мене ми беше најникаков шампон, толку бев незадоволна од него што после неколку миења го баталив. Катастрофа ми ја правеше косата, не ми правеше пена- ужас. Сајос ми се исто така многу агресивни. Од друга страна, сум читала многу поплаки за шампоните од Нивеа, а мене баш ми одговараше тој за фарбана коса. Секој човек различно реагира на одреден производ, затоа треба да пробуваме различни производи додека да го најдеме вистинскиот за нас. И потоа да одолееме и да не ја продолжиме потрагата по некој друг, подобар. И секако многу е важно да се одреди типот на коса што го имаме, не може да земеме за многу сува и оштетена коса, а нашата е пример нормална и потоа ќе се жалиме дека многу бргу ни ја мрси косата, не помислувајќи дека грешката е во нашиот избор.
^^ @Youknow Има за сите типови, за бојадисана, за сува и оштетена, и против првут. Незнам точно со боја како се ама мислам дека се вака, за бојадисана е со лилаво, за првут со плаво, за сите типови е со зелена ако не се лажам и за сува и оштетена со портокалево. А и напред пиши кој за шо е. Нема да зажалиш кој и да го одбериш
@Youknow Виолетовиот е за волумен, плавиот за нормална коса, зелениот за мрсна коса и за сува коса e портоколавиот.
Јас години со ред користам шампон од коприва,а во него ставам разни ампули,АД капки,пантенол или б комплекс,во секој случај можеш да ставиш нешто од наведеново,и ќе ти биде од полза
@sesilija, го купи ли регенераторот од линијата на Субрина? Мајка ми (или ѕиркала овде низ темиве или низ каталозите на Зегин), многу сака да купиме, па да ми кажеш информација од прва рака, дали вреди и дали ја омекнува доволно косата.
Го има некој користено овој шампон да сподели искуство. Се мислам дали да го земам. Ми треба мала промена. Или некој предлог за сува коса...