Шампон и регенератор

Discussion in 'Коса' started by A.srcuska, Apr 7, 2010.

  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Joined:
    May 10, 2015
    Messages:
    2,033
    Likes Received:
    58,314
    Gender:
    Female
    Разочарана сум од сите шампони до сега што сум ги користела (женскиве што се). Затоа веќе подолго време ја користам машката Nivea против првут, со ментол. Бидејќи имам мрсна коса, одлично ми делува, многу подобро од било кој женски шампон. Поради тоа што косата ми е долга (и долго време нешишана), лесно ми се плетка, па почнав да користам и регенератор. Си купувам од Nivea во последно време (за волумен или за опоравување на косата), а претходно користев Gliss со 7 масла и ме разочара, бидејќи во споредба со Nivea-ва е некако потечен, поредок и понеефикасен. Засега сум на ова, додека не наидам на нешто подобро.
     
    Sunshine.Sunshine likes this.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,285
    Мишела, го купив регенераторот, само не ми беше испробан како што треба за да ти пишам коментар- еднаш имав ставено кокосово масло на косата, другиот пат веднаш ја фенирав, па немаше да бидат најрелевантни впечатоците за тоа колку навистина омекнува.

    На изглед нема некоја конзистенција, не е ни со таков свиленкаст изглед како некои регенератори, баш е обичен.
    Ја отплеткува косата, мека е, ама не можам да кажам дека прави некакви чуда.
    Онака, нормален регенератор.
    До душа јас не го држам 3 минути како што пишува на упатството, морам да кажам.

    Пробајте го, да не се повторувам ама рецензиите за овие работи се доста субјективни, а цената компензира доколку евентуално не ви се погоди.
     
    Mishela likes this.
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Joined:
    Dec 18, 2013
    Messages:
    5,781
    Likes Received:
    35,811
    Gender:
    Female
    За нормална коса е плавиот, ама мислам дека нема да згрешиш да го купиш и зелениот.
    Веќе повеќе од 1 година го користам, немам ни една замерка. Прекрасен е!
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Staff Member

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    19,463
    Likes Received:
    82,254
    Gender:
    Female
    @sesilija, ти благодарам за одговорот.
    Патем, не знам дали знаеш, во Тинекс имаат намаление на шампоните, по 99 денари се. Јас си го зедов оној за нормална до масна коса, многу ми се допадна цитрусниот мирис, ме потсеќа на мохито и ми се допаѓа како ми ја прави косата.
    Да го дотрошам регенераторот што го имам во моментов, ќе си одберам некој од нивните, најверојатно тој за оштетена коса, ама ќе видам до тогаш.
     
    sesilija likes this.
  5. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Joined:
    Feb 5, 2012
    Messages:
    627
    Likes Received:
    1,650
    [​IMG] Задоволна сум од шампонов, не е скап, плус е 2 во 1, и ја врши работата добро, ми дава сјај.
     
  6. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Joined:
    Feb 3, 2012
    Messages:
    702
    Likes Received:
    601
    Косава ми се мрси 3-4 дена после миење(ок 4 е веќе убаво измрсена).А и би сакала малце повеќе волумен...Препорака за шампон? Го користев тој со мед на Гарниер и почна прша да ми прави,а Head & Shoulders ми е јак...
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Staff Member

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    19,463
    Likes Received:
    82,254
    Gender:
    Female
    Јас најмногу волумен добивам од детските шампони, еве пробај го Бекутан со камилица да видиш како ќе ти одговара.
     
    Stefani999 likes this.
  8. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Joined:
    Apr 29, 2013
    Messages:
    660
    Likes Received:
    2,634
    Gender:
    Female
    Мишела ме интересира дали шампонот ја суши косата или и дава хидратација? Јас го имав од Субрина шампонот за оштетена коса, немав некој посебни замерки, но почна да ми пречи јакиот мирис и го сменив. Исто ме интересира дали ти прави проблеми со скалпот, односно дали е агресивен. Би сакала да слушнам коментар, иако сум скоро решена деновиве да тркнам до Тинeкс и да го купам :)
     
    Last edited: Jun 10, 2015
  9. Mishela

    Mishela Модератор Staff Member

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    19,463
    Likes Received:
    82,254
    Gender:
    Female
    Мојата коса е склона кон брзо мастење, никогаш не сум имала проблем со сува коса, а конкретно овој шампон ми изгледа доста благ и погоден за секојдневна употреба, така да, за 99 денари и да не ти се погоди, лесно ќе прежалиш.
    Навистина прекрасно мириса и уште мирисам на мохито, а коса миев вчера. :lol:
    За другите ефекти не би можела да кажам ништо друго, како за прво миење баш ми се допаѓа како ми ја направи косата - лелеава ми е, не ми е сплескана кај корените и изгледа свежо.
    Имам природно волуменозна коса, не сум баш некој фактор по кој би можела да се ориентираш во однос на ова прашање.
    Да го употребам уште неколку пати мислам дека ќе можам да напишам поубаво мислење од добиениот впечаток. Вака на прво користење, навистина ми се допаѓа, па ќе видиме како ќе се покаже понатаму.
     
    UnordinaryOne likes this.
  10. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Joined:
    Apr 29, 2013
    Messages:
    660
    Likes Received:
    2,634
    Gender:
    Female
    Готово, го купувам :) Ме освои делот дека мириса свежо на мохито, таман како за летово :) Исто прочитав дека има екстракт од маточина кој го смирува и негува скалпот, токму тоа и ми треба :) Ќе споделам и јас впечатоци после одреден период на користење :)
     
    Mishela likes this.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Staff Member

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    19,463
    Likes Received:
    82,254
    Gender:
    Female
    Не ја прочитав убаво декларацијата, мене ме примами делот со екстрактот од лимон, зашто обожавам цитрусни мириси. :lol:
    Инаку навистина не приметив проблем со скалпот, имам многу осетлив скалп и обично уште на почеток ми покажува дали шампонот ми одговара или не, така да, тоа со маточината можеби има смисол и влијание.
    Ќе го користам одреден период, па ќе споделам мислење повторно, ама типувам дека ќе бидам задоволна. :)
     
    UnordinaryOne likes this.
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Joined:
    Feb 1, 2015
    Messages:
    3,362
    Likes Received:
    7,089
    Gender:
    Female
    Девојки, мора да споделам нешто со вас. Пред недела дена го купив најновиот шампон на Алверде со маслиново масло и кна...и што да кажам фантастичен е, просто неверојатно!!! Формулата на самиот шампон е многу слична на оној од авокадо за кој ви зборував дека ми беше омилен, ама овој е многу подобар затоа што има прекрасен цитрусен мирис поради етеричното масло од лимон кое и дава огромен сјај на косата, перфектно го чисти скалпот благодарение на кната (секако за безбојна кна станува збор, која е фантастична дури и за масна коса) и храни благодарение на маслиновото масло. Косата ја прави некако поцврста, а сепак мека и прекрасно сјајна. Наменет е за сите ѕипови на коса особено онаа тенка без волумен. Еве веќе два пати го нанесов и неможам да поверувам колку прекрасни резултати дава. Во случај некоја од вас да треба да купи шампон или се мисли еве ви предлог чиста 10/ка!!! Цената му е 143 денари.
    Наскоро ќе направам комплетна рецензија со слики и ќе ви ја постирам овде!!!
    Поздрав и пријатна вечер!
     
    Mama25, Giovanna, sesilija and 5 others like this.
  13. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Joined:
    Jun 24, 2014
    Messages:
    372
    Likes Received:
    664
    Gender:
    Female
    Мое лично искуство и заклучок е дека сите шампони од познати компании, ми ја мрсат пррмногу и пребзо косата. Се што е најобично од камилица, бреза и корпива ми е најпогодено. Регенератор исклучиво од Балеа најквалитетни се и за пофалба, сите ги имам сменето и пробано ама они се нумеро уно.
     
  14. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Joined:
    May 9, 2011
    Messages:
    1,691
    Likes Received:
    6,301
    Дефинитивно не ми одговараат истите шампони што се препорачувааат на форумот. Го купив овој заедно со регенераторот, затоа што моментално се секаде поефтинети.[​IMG] Затоа што многу го фалевте сакав да му дадам шанса....ама дефинитивно ќе оди во канта. Поужасен шампон немам ставено на главата. Ми ја направи косата мрсна, ужасно прилепена за главата и полна со првут. Регенераторот е просечен а со него а без него, не се прави разлика. Ова ми е втор пат да се прелажам за шампон на форумот. Ако сте го користеле gliss million shine и ако не ви одговарал, тогаш и овој нема да ви одговара. Потполно истото ми се случи и со Глисот. Дефинитивно не вреди ни за тие 90ден. Го давам гратис ако некој сака за проба:D
     
    cocopuff and sesilija like this.
  15. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2012
    Messages:
    1,460
    Likes Received:
    1,485
    Mishela имам регенератор од Subrina. Не џабе регенераторите на овие простори уште ги викаат субрина :lol: Ја омекнува косата и ја прави лесна за расчешлување. Речиси и да немам купено козметички производ по втор пат, а регенераторот од Subrina е еден од ретките што го купив втор пат. :)
     
    Mishela likes this.
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,952
    Gender:
    Female
    http://www.arganoil.mk/argan_oil_sampon.html Ги има некој пробано?
    @kolovoz тотално се согласум со тебе за Субрина никогаш не сум имала убаво мислење и сега тоа се потврди со катастрофалниот регенератор што го зедов незнам точно од што беше од некое масло наводно за сува и оштетена коса УЖАС,ни ја омекнува косата ни ја отплеткува НИШТО како нисто да не си ставил на коса,добро е што не се истрчав шампон да купам,долго време ништо немав земено од Субрина овај регенератор ми се виде ок па решив да го пробам ама жива катастрофа по лош регенератор немам ставено на коса...
     
    kolovoz likes this.
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2011
    Messages:
    2,084
    Likes Received:
    10,730
    Јас го сменив Орзенот за кратко, сакам летово нешто поинакво да користам. Се мислев да го земам тој со авокадо на Алверде, ама не знам зошто за овој се одлучив.

    [​IMG] [​IMG]

    Витализирачки шампон без силикони од Балеа, со екстракт од рузмарин и мелиса. Како што може да се види и од листата на состојките има и нане што одлично се уклопува со останатите билки. За лето е како измислен. На второто шампонирање дава многу убаво разладувачко чувство, осеќам како ми циркулира крвта на скалпот. Убаво пени, има фин мирис, но не се задржува долго како на Орзенот на пример. Со оглед на тоа што прв пат се одлучувам за шампон без силикони не се осудувам уште од одма да го пробам без регенератор, страв ми е да не стане многу крута да не можам да се исчешлам. Косата за почеток не е толку мека како што ми е кога ја мијам со Орзенот, но очекувам за некоја недела и тоа да се стабилизира откако ќе се одмие силиконот од влакното. Во однос на мрсењето, косата ми издржува свежа и чиста до 3 дена, како и со скоро сите останати шампони, тука не приметив некоја којзнае каква разлика.
    Цена околу 120-130 не ми текнува. Би го земала пак, иако и овој што го препорача Биодевојка ми делува одлично.
     
  18. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Joined:
    Apr 29, 2013
    Messages:
    660
    Likes Received:
    2,634
    Gender:
    Female
    Морам да споделам нешто со вас. Пред некое време го купив овој шампон од Балеа:

    [​IMG]

    Досега го одбегнував кога ги разгледував шампоните на Балеа од проста причина што на декларацијата пишува дека е за масна коса. А бидејќи мојата вообичаено се мрси на 3 дена, а остатокот од косата ми е прилично сув, употребувам шампони за нормална, евентуално за оштетена коса. Е сега, кога читав на интернет рецензии за шампоните на Балеа, случајно во очи ми падна една рецензија за шампонов каде некој имаше пишано дека шампонов му го решил проблемот со чувствителноста на темето и пребрзото мастење на косата. Кога прогуглав малку поубаво, открив дека првичната намена на шампонов му е детално чистење на скалпот од силикони, како и од сите препарати за нега на косата кои ги употребуваме. Поради тоа, се препорачува да се употребува еднаш неделно, за темелно чистење на косата. Можам комотно да кажам дека се покажа подобро отколку што очекував, во последно време имав проблем со чувствителноста на темето и овој шампон тоа го реши. Верувам дека би помогнал и кај оние кои имаат првут, бидејќи има ментол во составот и за време на миење се чувствува огромна свежина на скалпот. Досега кога имав проблеми со скалпот купував шампони против првут, но сите имаа краткотрајно дејство, некои дури ја влошуваа сосојбата. Исто така, читав дека во Германија редовно си користат вакви шампони за детално чистење на косата, како превенција за проблеми со скалпот или претерано мастење на косата.Ќе беше убаво истово да го пишува на декларацијата, мислам на македонската, пошто на германската никаде не пишува дека е шампон за масна коса. Туку дека е наменет за темелно чистење на косата, плус содржи формула за побавно мастење на косата. Ама добро, среќна сум што и сама открив. Јас сум презадоволна, планирам редовно да го користам шампонов додека не го потрошам, бидејќи и покрај тоа што убаво чисти не е јак, ја прави мека косата и лесна за обликување. Потоа ќе земам некој шампон без силикони, но планирам да продолжам да го користам шампонов барем еднаш неделно.Ептен се радувам што конечно најдов шампон кој ми помогна со проблематичниот скалп :)
     
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Joined:
    Feb 1, 2015
    Messages:
    3,362
    Likes Received:
    7,089
    Gender:
    Female
    Здраво драга, ако разбрав добро ова ти е прв шампон без силикони така??? Еввивааааааааа!!! Значи доколку до сега си користела само со силикони, ќе ти требаат до 20 миења за да ги извадиш од косата. Не очајувај. Без разлика што не е органски и не е оној на алверде, јас сепак ве поддржувам во намерата да ги оставите силиконите и секоја промена на подобро е добредојдена без разлика на тоа колку е мал чекорот. Од составот кој го постираше, може да ти кажам дека за шампон кој не е еколошки и органски овој има доста добра формула. После содиум лаурет сулфат доаѓа бетаинот па после солта (односно содиум хлорид), што значи дека не е агресивен како производ и нема да ти ја надразни кожата. Ладниот ефект го дава ментолот, а не се грижи од формулата гледам дека ја остава косата мека, иако ти препорачувам убав регенератор само на врвовите (ама некој без силикони те молам), за додатен свилен ефект. Користи го овој, не е лош како производ кој не е органски и сигурно сто пати подобар од силиконските, па следниот се надевам дека ќе биде органски. Преминот кон органското не мора да биде нагло направен, и подобро е чекор по чекор ама да истраете во намерата!!! Бравос и смени го регенераторот доколку има силикони оти пак ќе ти се лепат на косата и нема да може да ја видиш разликата. Еден голем аплауз за Џована која сега за сега им откажа љубов на силиконите!!! плес плес плес плес плес
     
    Giovanna likes this.
  20. renata77

    renata77 Популарен член

    Joined:
    Dec 4, 2009
    Messages:
    1,770
    Likes Received:
    8,605
    Gender:
    Female
    ^^
    Biodevojka , ги читам твоите постови и има многу корисни и применливи совети,НО кога станува збор за силиконите,мислам дека правиш грешка.
    Силиконите се штетни за скалпот,затоа што се таложат и ги залепуваат порите,едноставно кожата не дише.Со тек на време се создава како обвивка,ја отежнуваат и слепуваат косата од коренот,изгледа како мрсна,залепена,грда..Затоа не треба да ги има во составот на шампонот.
    До овде сосема се согласувам.
    Е сега,влакното (по должината) си бара,покрај нега и соодветна заштита.На пример,освен од топлина,од надворешни влијанија(ветар,студ,магли,сонце)од триење со материјали(од блузи,перници итн) механички малтретирања ...итн.
    Оттука,силиконот во маски,регенератори,креми,млека,спрееви,серуми итн.не само што е основна состојка,туку е и пожелна.Зашто нели,сето ова наброено се користи со цел да го заштити влакното.

    Ај те молам објасни ми,што би било подобро да се се користи(освен силиконот) за да биде влакното заштитено.
     
    kolovoz likes this.