Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шампон и регенератор

Дискусија во 'Коса' започната од A.srcuska, 7 април 2010.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга Рената, секако дека со тебе ќе го споделам моето мислење.
    Во право си кога рече дека кожата не дише затоа што силиконот создава еден вид на филм или маска кој ја запушува кожата и дава лажен ефект на мазно а воопшто не е така. Меѓутоа нанесен еве на пример по должината на косата ја суши и е причина број еден за често расцветаните врвови. Косата без разлика на тоа што не е блиску до главата односно до темето, со нанесувањето на силиконот се задушува (ако може така да кажам) и ти мислиш дека ти двети и прекрасна е така мазна ама извади го силиконот и ќе сфатиш колку всушност е сува. Замисли да ја миеш косата со сапун и да не ставиш ништо...после извесен период косата ќе ти биде како слама и тоа ќе биде видливо...ете истото дејство го прави и силиконот, со исклучок на тоа што неможе да го забележиш. Е сега, ме праша што да се користи за да се заштити влакното...секако на прво место се маслата кои се одлична замена за силиконот осеобено кокосово, јојоба и арган кои може да се користат како серум за коса на влажни врвови пред фенирање или пак на сува коса и одлично ја заштитуваат косата а притоа и ја негуваат. Во производство постојат еден куп на балзами без силикони кои и те како ја оставаат косата прекрасна и мазна. Алверде има околу 8. Исто така еве доколку не сакаш масла, купи го путерот на алверде од авокадо кој се нанесува и како третман пред миење и како серум само на врвовите. Одличен е а без никаков силикон!!! Силиконот повторувам воопшто не го штити влакното, го суши, структурата на самиот силикон нема никаква хранлива дејност. Тоа би ти го споредила ако си капнеш восок на косата ќе ти биде мазна, извади го и пак е сува...епа ништо не сме решиле. Додека маслата со честа употреба не само што ќе ти дадат задоволувачки ефект, туку и видно ќе ја подобрат структурата на влакното. Секако тука не станува збор за расцветани врвови оти нив не ги спасува никаков производ освен ножици, ама маслото ќе спречи појава на нови расцветани врвови, додека силиконот ќе ги предизвика. Се надевам дека убаво се изјаснив. Како и секогаш повторувам дека мојата цел не е никого да убедам во она што јас верувам, туку да ви дадам информации а секој сам избира во што ќе верува и што ќе користи, тоа е неоспорно. ТИ благодарам за прашањето и вниманието. Поздрав и лека ноќ.
     
    На Veki4kaa, ivana.123, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Garnier Ultra Doux Honey Treasures Shampoo
    [​IMG]
    Ништо посебно. Демек е шампон за сува коса ама не прави ништо околу тоа.
    (n)
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    [​IMG]
    Омилениот регенератор на сите времиња. Веќе долго време не користам маска, нанесувам само регенератор по должината на косата, а маската ја заменив со кокосово масло засега...
    Со шампони немам некоја мака, се што сум пробала до сега прошло кај мене ни како нешто wow, ни како нешто лошо и со негативни ефекти така да воопшто и не се замарам со шампон каков ќе ми се најде по дома таков или кој е на попуст тој, ама регенераторов не го менувам за ништо.
    Наменет е за сува коса, а мене баш таков и ми терба. Одлично ми ја негува косата и потхранува, после нанесување ми е многу мека, мазна и лесна за обликување. Не ми ја бушави и лепи косата како што било со слични маски и регенератори и косата ми изгледа супер здрава и сјајна. Но добро тоа не се должи само на регенераторов туку и на целокупната нега, само знам дека со овој регенератор чешлањето на косата ми е супер олеснето.
    Причината поради која најмногу го сакам е мирисот. Волшебно ми мириса и мирисот се задржува во косата до наредното миење 2-3 дена. Дечко ми ми рече дека косата ми мириса на соба кога одиме на одмор. :D
     
    На Jordanovska-K, LUCERKA и Kimora им се допаѓа ова.
  4. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Ок,гледам дека по ова прашање нема да ги приближиме мислењата.:)
    Маслата се употребуваат за нега,тие го потхрануваат влакното,а во никој случај и од ништо не го заштитуваат.Силиконите ми се потребни за заштита,а не да маскираат нешто.Тие заштитуваат.

    Али добро,и мене целта не ми е да те разубедувам,тоа си е твое мислење и го почитувам.
    Како што кажав,во многу нешта потполно се согласуваме.Пример,путерот од Алверде од авокадо,од кој веќе го користам второто покување и мислам дека е одличен и незаменлив.Го користам пред миење како завршен дел на LOC методот и сум презадоволна.Нормално,си користам редовно и масла,но мислам дека не се доволни.
    Поздрав и до тебе:f:
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Moze slika I cena na puterot sto go zborite Renata?
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kimora

    Kimora Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    1.036
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Неодамна почнав да го користам и навистина морам да го пофалам. Ми ја прави косата помека и со многу повеќе сјај. Го користам и регенаторот и во комбинација се уште подобри (y)
     
  7. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Е сега за цената,мислам дека беше 230 денари или тука некаде.:)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Задоволна сум многу од регенераторот за обоена коса на Диплона.
    [​IMG]


    Me привлече големото пакување, пристапната цена за таа литража и секако пумпицата која е многу згодна. Косата ја прави многу мека и лелеава, а количински треба многу малку за да ја намачкам цела коса, едно-две испумпувања се сосема доволни. Засега само пофалби за овој производ!
     
  9. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Дали некој го користел шампонов и дали воопшто го има кај нас? Ми изгледа примамливо, би било убаво да слушнам мислење :)
     
  10. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Дали некој го има користено шампонот Orzen тој од пивски квасец, имам слушано дека растела косата од него,има ефекти ?
     
  11. maggy95

    maggy95 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.317
    Пол:
    Женски
    [​IMG] [​IMG] Презадоволна сум од шампонов и балзамов на авон,мојата коса беше многу оштетена од бланш и што уште не,секој месец фарбање,пеглање итн,ама благодарение на овие чуда мојата коса се врати во нормала и скоро на 3 дена ја мијам а предходно секој ден.
     
  12. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    јас го имам користено и мислам дека од веро го имам купено оти не беше тоа сега туку пред 5год..а дали чини .зависи од влакното...се е индивидуално...пробај ако си во потрага по нов шампон нема што да изгубиш позд
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.638
    Допаѓања:
    106.672
    Пол:
    Женски
    Последно пред 2-3 недели го земав шампонот на Korres за мрсна коса со коприва и сладок корен (мислам растениево така се вика :?: )
    [​IMG]
    јас сум презадоволна од овој шампон , за мирис мириса на билки , шампонот е некако многу редок но кога ќе се нанесе на косата прави многу убава пена , темелно ја чисти косата. Косата ја мијам на секои 2-3 дена и не ми се мрси како претходно и има сјај што останува се додека не ја измијам повторно косата :inlove: (y)
     
  14. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Значи на косава моја и треба живот луѓе.Сега се мислам дали да земам Орзен шампон и регенератор на Лореал или и шампон и регенератор од иста марка..Ваше мислење?
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Шампонот и регенераторот не мора воопшто да бидат од иста марка важно е да одговараат на видот на косата и да бидат квалитетни без штетни состојки. Ако може да ти препорачам нешто што премногу ќе ти ја живне косата е шампонот од кна и маслиново масло на алверде и путерот за коса од авокадо на алверде. Путерот е бинго за сува коса на која и треба живост и сјај. Исто така многу ми се допаѓа и шампонот на Гамард за честа употреба кој фантастично ја омекнува косата, одлично чисти, дава голем сјај и прекрасно мириса (барем според мене...сите имаме различни вкусови). Поздрав
     
  16. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Не ми е сува,а за мека,мека е.Туку влакното ми е ептен тенко,и волумен има 0%..А во кои маркети можам да ги најдам овие производи?:)
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Шампонот и путерот на алверде може да ги најдеш во ДМ маркет, а шампонот на Гамард во еурофарм аптеките. Мене многу ми се допаѓаат сите три. Убаво е што Гамард шампонот може да го користиш и за често миење особено сега летно време кога се потиме или пак за на одмор. Многу е благ воопшто не иритира а одлично ја мие косата. А путерот од алверде е фантастичен како третман или за врвови и дава голем сјај, ама е за сува коса, па доколку не ти е сува не знам дали ќе ти одговара. Поздрав
     
    На Stefani999 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Во последно време имам проблем со сува коса, безживотна ми е, нема никаков сјај.
    Ја фарбав два пати, но помина можеби околу пола година и повеќе од кога ја исфарбав последниот пат, веќе не ја фарбам секако, наголемата грешка ми беше тоа. Ама сега ми е добра, како омбре ми дојде.

    Не знам дали е од фарбањето или до шампонот што го користам. Моментално користам head&schoulders а тие се познати по горењето на косата.
    Косата не ја пеглам често, така да не би кажала дека е до тоа. Кога ставам маска за коса, користам една од авон Planet Spa (african shea butter). Значи многу сум задоволна од маската, ем мириса убаво и и дава малку сјај на косата. Но јас на косата ставам од маската еднаш неделно, пошто косата ми се мрси па одбегнувам да ја користам често маската бидејќи се плашам да не е од тоа.
    Ги користам и капките за коса од авон, оние зелените, сигурно ги знаете. Капки користам само после пеглањето, инаку не ставам од нив бидејќи исто така ја мрсат косата.

    Е сега не знам дали е до шампонот или треба нешто друго да сменам. Па препорачајте ми, или шампон, маска, капки, субрина, било што само косата да ми има малку сјај. Инаку заборавив да напоменам, редовно си ја кратам косата па не е до тоа!!
     
  19. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Според мене проблемот е во шампонот, исто и јас имам природно сува коса, па кога користам појак шампон ми се суши ненормално многу. Приметувам огромна разлика кога користам шампон на Нивеа на пример (посува ми е) и шампон на Балеа, кој ми е добар. Косата ми е поскротена, без изразено суви делови. Моментално го користам шампонот за чувствителен скалп, со алое вера, во комбинација со регенератор на Нивеа. Доколку немаш користено шампон од Балеа или Алверде, ти препорачувам да пробаш. Поздрав :)
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Препорачајте ми шампон за светло фарбана коса, односно за одржување и осветлување на бојата на косата. :)