Бидејќи имам брановидна коса и постојано ја пеглам, сега сакам летово малце да ја одмарам одвреме на време од горење. Дали кремава ја витка малце косата и обликува или е само за оние што имаат веќе виткана коса? Или пак спрејот.
Здраво, со оглед на тоа што го зборувавме многу овој путер и се согласивме околу него со Рената, еве ви комплетна рецензија на истиот, за да го видите составот, ефектот и функционалноста. Поздрав. Пробав за вас: путер за коса од авокадо на Alverde Откако на еден од форумите на кои сум член, споменав дека го користам путерот за коса од авокадо на Alverde , добив навистина многу пораки дали е функционален, како се употребува, како делува итн. Токму затоа, решив да напишам една статија за овој производ и подетално да го претставам, со слики од употребата на самиот и ефектите и дејството кое го има врз косата. Најнапред мора да ви кажам дека овој производ ме воодушеви уште од првото нанесување. Веќе сум огромен фан на овој путер. Продолжете да ја читате статијата и ќе дознаете зошто. На почетокот како и за секој производ, ајде да ја разгледаме декларацијата на овој путер со цел да видиме за кои состојки станува збор и како истите делуваат врз косата. Од самата декларација може да забележите дека има прекрасни масла за коса и путери кои одлично негуваат и се спас за сува и оштетена коса како на пример: рицинусово масло, масло од авокадо, шеа путер, масло од соја, какао путер. Името на самиот производ, односно путер за коса, на почетокот може да ве исплаши и да помислите којзнае колку е масен овој производ, меѓутоа не грижете се, производот го прави она за кое е наменет, а воопшто не ја масти косата. Структурата на овој производ е доста густа, навистина делува како богат путер како на пример оние за сува кожа на телото, мирисот е прекрасен, не знам точно како да ви го објаснам, меѓутоа верувајте ми премногу ќе ви се допадне. Структурата не е ни масна ни премногу течна, според мене е перфектна за она за што е наменет. На самата декларација на македонски јазик, напишано е дека овој путер се употребува на два начина и тоа: како третман пред шампонирање и како серум за оштетени врвови по шампонирањето. За првиот начин, според производителот, овој путер се нанесува на сува коса и се држи околу 10 мин. Со оглед на големото присуство на масни компоненти во самаиот путер, без разлика на тоа што во формулата има и глицерин и вода, јас лично би ви препорачала да го користите на благо навлажнета коса и то само по должината на косата. Јас најискрено путеров го пробав и на сува и на благо навлажнета коса, чисто за да видам дали има промена во крајниот резултат, и ви велам дека сјајот на косата е многу поголем доколку производов се користи на благо навлажнета коса (не мокра, само малку навлажнета). Влакното е многу посветло и бојата на самата коса е поубава. Може да го држите и нешто повеќе на косата. Јас направив проба и еднаш го држев и до 20 мин. и резултатот беше фантастичен. . Како серум за врвови се користи по шампонирањето, јас најискрено го нанесов на веќе исушена коса. Значи на мокра коса ставив малку арганово масло, ја засушив косата со фен, и на сува коса нанесов од путерот и верувајте ми навистина е фантастичен, доколку се употребува и на овој начин. Косата ја остава прекрасно мека, сјајна, заштитена и што е најважно прекрасно мириса. Овој путер доаѓа во пакување од 200 мл. и цената му е 209 денари, а може да го најдете во продажните места на ДМ маркет. Еве за на крај да ви го покажам и ефектот врз самата коса. Го нанесов и пред и после шампонирање: најнапред на благо навлажнета коса го држев околу 15 мин., а потоа и на сува коса само на врвовите. Верувајте ми, косата имаше толку многу сјај и живост, што дента пријателите што ме сретнаа по улица ме прашуваа што сум правела со косата, да не сум ја променила бојата или слично. Еве, ова е она што го направив, едноставно ставив од овој путер. Како производ овој путер дефинитивно го препорачувам кај девојките кои имаат сува и оптетена коса и тоа еднаш неделно обавезно, а оние девојки кои имаат масна коса нека не претеруваат, доволно е да го користат еднаш на две недели и тоа само по должината на косата, никако на коренот, со оглед на големото присуство на масла и путери во самиот производ. Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист, и дека ќе се одлучите да го пробате овој путер и да се уверите во неговото дејство, ефикасност и перформанс. Поздрав и до скоро читање. Вики
@Biodevojka Путеров од авокадо ќе го купам сигурно,ако може да препорачаш шампон на Алверде или Балеа за сува и оштетена фарбана коса.Фала
Здраво драга може да ти препорачам три различни кои ги имам пробано. Ако сакаш добар шампон за сува коса во тој случај оној од авокадо на алверде е вистински спас, верувај ми косата ја омекнува и храни до перфекција. За фарбана коса (доколку си русокоса) има еден многу убав баш специфичен за фарбана руса или природна руса коса. Како трет оној од кна и маслиново масло дава фантастичен волумен и сјај на косата. Јас би ти препорачала да почнеш со оној од авокадо за да ја опоравиш малку косата или пак земи два па употребувај ги наизменично, како ќе одлучиш ти. Јас долго време го користев оној од авокадо и верувај ми го препорачав на многу девојки кои ме прашале и сите ми вратија позитивен одговор дека е фантастичен за сува и оштетена коса. Овој од кна го користам сега наизменично со оној на Гамард и навистина дава убав волумен и сјај на косата. Изборот е твој. Поздрав
Женски , дали некоја ги користела овие шампони на Алпецин? Знам дека се против опаѓање на косата , но мене влакното ми е многу тенко , косата права ко праз никаков волумен. Имам пробано се ама баш се , Gliss , Loreal , Aussie , Head&showder , Pantene , Balea itn ама ништо не помогна , имам мрсна коса , сега го користам шампонот на Korres со коприва и сладок корен и ми се погоди во врска со мрснотијата ,да кажам можам и 4ри дена без миена коса да седам ама што кога косава ми е слаба.Си викам да го пробам шампонов можеби од него малку ќе се `појача` косата ?
Имам прашање во врска со шампнот од иста линија на Алверде со авокадо и шеа путер Го купив денес но забелжав дека на форумов го имаш споделено шампонот од авокадо (без шеа путер), па ме интересира дали се работи за истиот само со збогатен состав или постојат два различни вида? Првпат купувам шампон на Алверде па малку ме збуни ова
Здраво драга, го завршив тој шампон и го фрлив кутивчето, ај те молам закачи слика на шампонот и на декларацијата за да направам споредба? Во мојот сигурна сум дека немаше шеа путер, знам дека беше авокадо и масло од семки пд грозје ако не се лажам. На сликата имаше половина авокадо и три семки од грозје. Сега ќе побарам на сајтот на ДМ да видам да не имаат некоја подобрена формула со шеа путер, ама ти доколку можеш постирај овде да видам за што се работи. Поздрав. Едит: на германскиот сајт на ДМ го најдов. Шампонот е со малку променета и збогатена формула кој според мене одлично би требало да ја храни и навлажнува косата (можеби нешто повеќе од претходниот), со оглед на тоа што освен шеа путерот содржи и други високо хидратантни состојки . На некој начин ја подобриле формулата, а сепак шампонот е нежен за косата. Оваа формула би требало да прави косата да се расчешлува лесно. Пробај го и потврди ми дали е така. Треба да го пробам и јас за да го видам ефектот и да направам споредба. Не знаев дека го има во продажба. Благодарам за информацијата. Поздрав и пиши импресии.
Здраво драга, ако ми дозволиш да ти препорачам нешто, би ти препорачала шампон на алверде од кна и маслиново масло за волумен. Кај мене даде резултати и влакното го чувствуваш подебело веднаш. Пробај го, доколку имаш тенка коса би требало да даде резултати кај тебе. За масна коса според мене идеален е на Гамард за честа употреба, кој дава висок сјај на косата и има етерочни масла кои ја поттокнуваат циркулацијата на темето и темелно го чистат, а не е агресивен воопшто. На шампонот пишува дека е за сите видови на коса, ама одлично чисти, така да според мене е идеален за масна коса.
За овој шампон конкретно се работи, јас вчера го пробав и сега за сега задоволна сум. Јас пак не успеав да го најдам шампонот само од авокадо, бев во два ДМ маркети и само овој го имаше. Веќе една година користам шампони без силикони, но сега првпат решив да пробам шампон од Алверде. Задоволна сум, да го потрошам регенератотот што го имам ќе го купам тој од истата линија заедно со путерот на коса. Да не заборавам да кажам дека преубаво мириса шампонов. Поздрав и благодарам за одговорот
Фала ти тебе многу за фидбекот. Бев многу задоволна од тој со авокадо, а со оглед на тоа што овде е подобрена формулата дефинитивно ќе го земам и така сум при крај со овој од кна и маслиново масло. (а и да не бев пак ќе го земев, љубопитна сум да го пробам п.с. Многу ми е драго што користиш шампони без силикони, се надевам дека забележуваш разлика во квалитетот на косата. Поздрав и секое добро.
Само како информација, го купив, го пробав и премногу ми се допаѓа. Ефектот е сличен на оној претходниот, можеби и уште подобар!!! Голем лајк за шампонов!!!
Во Веро го видов шампонов ( незнам дали истото пакување беше ) го имаше во повеќе бои за различни типови коса, но ми привлече внимание дека беше 600мл за 200 и нешто денари.. А ревлон е баш добра марка, па некоја да сподели искуство ако го има пробано?
Ако имате проблеми со мрсната коса веднаш земајте Andros шампони јас благодарение на нив немам мрсна коса а пак другите шампони ја прават многу сува косата и се многу штетни, andros прави многу пена. НА тие што им кажав дојдоа и ми се заблагодарија дека шампонов им поомогнал, обичен и евтин но во себе многу моќен. Мене никогаш не ми е мрсна, не се смејте за ова јас ја мијам косата на секоја недела бидејќуи секогаш ми е како да ми е капена, и немам потреба од тоа