Зошто која ја мијам косата со обичен сапун не ми е мрсна 3 дена, а кога ја мијам со шампон ме чеша и ми се мрси уште наредниот ден? Што се однесува до шампоните сум пробала Nivea, Fa, Afrodita, Shauma, Wash&Go, обичен од коприва и веќе сум заборавила кој уште не. Скоро секогаш-истиот резултат. И многу се нервирам оти ми зборувате за некои од авокадо и незнам што кога јас, и другите што не се од скопје низ другите градови во мк не можеме ни трага да најдеме од нив.
шампонот е 95% природна база додека маската 98%,многу сум задоволна од нив,ја прават косата мека и ја потхрануваат искрено многу ми се допадна составот, многу убаво мирисаат а и воопшто не се скапи,ги имаш во аптеките на зегин
Ti blagodaram da znam deka gi ima vo zegin utre odam i gi kupuvam,a konkretno ti koj go imas koristeno?
мене овој шампон воопшто не ми се погоди. Не ми ја прави косата мека, баш напротив крута и груба. Неможев ни да ја расчешлам...да не ставав регенератор мислам дека 3дена ќе ми требаа за да се расчешлам. Можеби влијаеше фактот што бев на одмор па делумно влијание имаше морската вода и сонцето ама сепак крајниот впечаток е дека повторно нема да купам ниту еден шампон од овој бренд. Инаку амбалажата е преголема и многу бавно се троши за разлика од другите шампони. Но доколку имаш коса која бара поквалитетни и потешки шампони овој дефинитивно не е шампон за тебе. А ако немаш проблеми со расчешлување тогаш земи го, навистина се исплаќа пакувањето. Го користев баш овој на сликата од манго.
Комшии не знам за Тинекс,ама го има во Ангромаркет,во Шик и во Веро,и секаде е цената различна ама од 100 денари никаде не е повисока сепак околу 95 денари кошта и да си го земиш
Девојки, ај препорачајте ми некој навистина ефективен регенератор за сува и оштетена коса? Јас навистина не знам што и се случи на косава ама буквално преку ноќ од нормална ми стана слама Не знаете колку се нервирам! Моментално го користам од Авон Нутри 5, демек со пет вида на масло ама џабе, минута откако ќе го нанесам веќе го нема, косата скроз го впила... Купив маслиново и бадемово масло па ќе ставам пред миење ама ми треба и некој солиден регенератор.
^ Кога јас еднаш така ја упропастив косата, демек за брзо да ја управам ја намачкав со мајонез. Откако ја измив повторно беше сува, не можев да си поверувам. Долго време избегнував регенератори и маски да не ми се мрси брзо, и дојдов до степен ете и со мајонез да не можам да ја доведам до ред. Купи некоја добра маска, јас користам една нова на лореал еднаш до двапати неделно и го немам веќе тој проблем.
Јас ќе ти препорачам да си користиш кокосово масло. Тоа што е во тегличка, 100% природно. Можеби нема веднаш да го постигнеш посакуваниот резултат ама косата добива свежина, хидратација и мекост на долгорочно. Навистина ја потхранува и внатре, не само да изгледа мека од надвор. Го земав 280 денари. Што се однесува за регенератор, мене единствен регенератор што ми ја правеше косата премногу мека беше синиот на Глис. Сум користела многу, ама како овој ниту еден не се покажал. Уште кога ја миев косата ми беше свила. Јас на сите го препорачувам. А и убаво мириса, го нема оној стандарден мирис на Глис препаратите, другите мислам сите исто ми мирисаат, од шампони до спрејови. Овој има поразличен мирис кој се задржува долго и после миењето. Цената му е околу 150 денари. И друго што можам да ти препорачам е маската за коса од авокадо на Алверде. Тоа е чудо од маска. Ја пробав и премногу бев задоволна. Пишува дека е природна. Нема некој којзнае каков мирис, авокадото знаеме како мириса, ама косата ја прави преубава. Мислам дека беше околу 230 денари. Не сум сигурна. Спојлер: Регенератор Спојлер: Маска Спојлер: Кокосово масло
Би ти ги препорачала жолтиот шампон и кондиционер. Одлични се, даваат прекрасен сјај и косата станува свиленкаста и лесна за расчешлување. Не си погрешила воопшто со маслиновото и бадемовото масло, меѓутоа за нега на оштетена коса би можела да користиш и чичково масло - се нанесува во мала количина по должината на влакното (одбегнувајќи ја регијата околу коренот) и се остава 15 минути, па темелно се мие со шампон. Исто така, неодамна ја пробав и оваа маска со арганово масло, во период кога косата ми беше доста оштетена од сонцето, а немав ништо друго на располагање. Доста е добра, дава веднаш видливи резултати.
Јас мислам дека многу одамна спомнав како престанав да употребувам и маска и регенератор, откако почнав редовно да си правам третмани на врвовите со масло. Имам масни корени и екстремно суви врвови - смртоносна комбинација. Порано не можев да се замислам без маска или регенератор, ми беа задолжителни продукти за нега на косата, а сега не памтам кога последен пат сум купила од едното или другото. „Третманот“ може да се прави со било кое масло, јас сум му верна на аргановото за врвовите, а кокосово користам еднаш или два пати месечно како хранлив третман на целата коса. Ако порано ми се јавуваа расцветани врвови недела дена по последната посета на фризер, сега терам слободно без фризер и до два месеци - на подолги релации не тестирам, имам кратка коса и често одам за да ја обновам формата. Изминатиот период ми се погоди некако да одложам шишање, но и самата фризерка ми рече дека врвовите се сосема здрави. Нејсе, да се вратам на темата. Ги воденам врвовите, нанесувам масло темелно за да ги опфатам сите делови, некогаш одам до пола коса, некогаш само врвови. Собирам коса и оставам маслото да ми делува минимум еден час. Иако, многу е подобро кога се остава на коса подолго, но во периоди кога немам време и еден час се покажал одлично. При миењето си користам само шампон и друго ништо. Потоа или оставам природно да се исуши, или пак дувам со фен од далеку само на корените за да не ме боли глава, бидејќи сум нежно дете. Ако порано употребував пегла за да ги смирам непослушните врвови, сега веќе немам никаква потреба од тоа, косата ми сјае и е лелеава како фенирана. Ова не го пропуштам никогаш, пред секое миење нанесувам масло. Немам несакани ефекти, косата ми се масти со ист интензитет, а штом им годи на врвовите, планирам засекогаш да се збогувам од класичните регенератори и маски. П.С. Купувам најразлични брендови масла со арган, ефектот ми е речиси ист со сите, не гледам некоја голема разлика во здравјето на врвовите, без разлика дали сум го користела аргановото на Balea, Avon или пак Macadamia.
Да ти кажам право си го зедов и мислам дека не погрешив, на 5 миење еве косата веќе не ми е слама како претходно, туку ми е мека и не ми паѓа како претходно еден куп влакништа и во капењето и на чешелот. нагоре за шампончето Туку препорачајте ми некој регенаратор, јас го користам на Субрина моментално, али не ми е ништо посебно
@Daydream, дефинитивно маската од Алверде ја земам при следното одење во Дм @SwanMay, oд каде ги зема Keune и маската со арганово масло? Претпоставувам Космо?
Keune производите ги купувам од dm, а маската со арганово масло ја земав од рандом парфимерија во Охрид, по препорака на продавачот. Презадоволна сум. Маската беше околу 290 денари, а производите на Keune се нешто поскапи.
Користам само бебешки шампон, бидејќи од сите други шампони ми се јавува првут. Некогаш ставам и кокосово масло, ама поретко.
Девојки да ми предложите некој регенератор што многу ја омекнува косата. Последно го зедов тој од Alverde со шеа путер и авокадо ама не ми ја омекнуваше воопшто косата. Единствено задоволна бев од Нивеа регенерторот ама да сменам сакам. Некоја да ми даде предлог некој за добар регенератор а не мнооогу скап Ви благодарам однапред
ај некој збор два за овој шампон, мн ми се масти косата во корен а на врвовите ми е премногу сува па сакам да му дадам шанса на овој од глис да видам. Некој некакво искуство со него?