Неколку мислење поназад баш за овој шампон пишував дека се наполнив првут од него а истиот проблем гледам и многу други форумџики го имале со него...јас би ти препорачала ич да не го коритиш,или пробај барем еднаш па види...
женски сакам да прашам дали некоја од вас го има користено elseve loreal шампонот против првут.Сакам да го пробам но пред тоа да прашам за нечие мислење
Го пробав шампонов. На првото миење на косата не ми се допадна, но сега сум задоволна. Но, после шампонот ставив од балсамот на Wash&Go што е за против првут и воопшто немам првут. Забележав дека побавно ми се мрси сега косава. И Од кога ќе ја испеглаш косата и дава прекрасен сјај. Задоволна сум, но сепак зависи и од типовите на коса. Еве, на мојава коса и одговара.
^ Епа убаво ако ти одговара,ете моето искуство и на уште 2,3 другарки беше такво....а што не се мрси косата стварно не, јас од првото миење се израдував колку е добар и конечно летав од среќа што најдов асален шампон,но од 2,3 веќе ми се јави првутот и така заврши мојата љубов со орзен...
Дали некој го има пробано шампонов ? Преубаво мириса а и 50 денари е..па си мислам да пробам,немам што да загубам ! Ама добредојдено е нечие искуство
^ го имам жолтит земано,ама цената си кажува се-косата ми ја правеше тенка,безживотна,а што мирисаат убаво-мирисаат.ама за 50 ден вреди да пробаш,тене може ќе ти се погоди
Jaс моментално- со спрејот го зедов и сум задоволна од него,порано нонстоп го користев па го замнеив за орзенот и се покајав...нема да се покаеш ако го земеш мене најмногу ми се погодил од сите досега
Го земав маци, јас Loreal Elseve Volume Collagen, го користев па решив да го сменам пошто првут почна да ми се ствара, мада не ми се мрсеше косата толку како со другите шампони. Инаку косата не ми е фарбана, осветлена или што и да е, па мислам овој е добар, бидејќи повеќето беа за сува,фарбана оштетена коса и сл.
пред некој месец купив шампон орзен за сува коса ( со пивски квасец ) и на почетокот бев многу задоволна, али после то почна многу да ми се мрси коренот и престанав да го употребувам, а не ми се појави првут од тој шампон и косата ми беше многу мека и сјајна, па можеби пак ќе пробам со него. А од регенератори сум пробала garnier fructus i gliss жолтиот регенератор кој се плакне и оној кој не се плакне, во спреј. Не сум нешто посебно задоволна и од двете па сега планирам да си купам регенератор или маска од лореал гледам дека многу сте задоволни па кажете ми од кој тип сте најзадоволни знам дека оние со матичен млеч прекрасно мирисаат но не сум користела како сте задоволни од нив?
Откако се изгорев од Нивеа и косата почна да ми паѓа и ужасна ми бидна ме спаси Дове. Го користам веќе 2 год ама би сакала да пробам од Глис. Порано користев Глис (пред 5-8год) и бев многу задоволна ама едно време не го увезуваа или пак јас неможев да го најдам, а гледам сега пак го има. Јас неможам да ставам регенератор, многу ми ја утепува косата, ми ја залепува целата коса а тенко влакно имам, дали не сум погодила тој што ми одговара или незнам што е работа. Исклучиво само шампон.
При крај сум со Revlon шампонот и маската па би сакала да сменам бидејки ги користам многу долг период. Дали некоја од вас има користено GLYNT шампон, конкретно Liquid gold jojoba shampoo 5? За сува коса е и Jojoba repair mask 5. Скапички се ама многу малку се ставало па траело паковањето. Фризерот рече дека се добри е сега дали дека тој ги продава или навистина се добри, би сакала некој да сподели искуство доколку пробал
Незнам дали сте пробале некој од овие, ја до сега пробав 2, со јајце, и со авокадо. Мирисаат преубаво а и косат ами ја прават екстра. 94 ден е и шампонот и регенераторот.
па токму овој е за сува и оштетена, има жолт, тој е за мрсна коса без волумен, има појачана формула за против опаѓање на косата. кафеавиот тој горе на сликата од 200 мл е 30 денари во Зегин, таму и е најевтин, а од 150 мл ти некаде 170 денари отприлика. жолтиот е најскап него го има во 150 мл пакување а кошта 400 денари.
Најубава комбинација од шампон и регенератор се на Пантен. Веќе извесно време ги користам и не планирам да ги сменам, се додека косата не ми се презасити од нив.