Знам дека е добар спрејот, ваков исти не знам колку шишенца имам искористено до сега и шампонот исто црниот на Gliss schwarzkopf го користам. Мислев да сменам малку.
Ќе може ли да ми дадете совет за шампоните од АВОН..? Поточно барам совет за овај шампонот за свиленикава коса и за обновување..Дали некој од вас ги има користено и колку сте задоволни? Дали шампонот за свиленикава коса стварно ја прави косата свиленикава или само реклама е..?? Поззич
И јас го користев црвениот и шампон и регенератор, воопшто не сум задоволна, косата не се расчешлува, сува е, и не мириса којзнае како.
Здраво феминки! Јас досега сум немала поголем резултат на косата од шампон на TRESemme незнам колку од вас го знаат овој бренд бидејќи многу тешко се наоѓа кај нас и има прилично висока цена. Да не ви пишувам реферати еве ви линк од мојот блог доколку сакате да прочитате повеќе http://inglelook.blogspot.dk/2016/01/tresemme-moisture-rich-shampoo.html?m=0
Во врска со шампоните од Авон кои мислите дека се подобри Advance Techniques или Naturals? Дали ги имате користено и какви се вашите искуства со нив?
И двете категории на шампони се одлични и таргетираат различни проблеми со косата меѓутоа на потполно различни начини. Naturals се да речеме на природна база, осврнувајки се на придобивките од производите на природата како медот, маслото од јојоба, различни билки, бадеми и сл. додека пад Advance Tehniques како што кажува самото име Напредни Техники се осврнуваат на пантенолот, кератинот, и сл. со исклучок на шампонот со мароканско арганово масло, односно во нив се искористени елементи кои се добиени по хемиски пат, и со нив побргу се постигнува посакуваниот ефект како што се волумен или сјајна коса. Позз
Јас го имам користено шампонот Advance Techniques од Авон, ама ич не бев задоволна. Не ми ја миеше убаво косата. Единствени шампони што ми се погодија се Subrina и Fructis. Го користам Субрина затоа што е поевтин. Нема ни потреба да ставам регенератор.
Јас ги имам користено шампоните на Advance Techniques со арганово масло и регенераторот за коса добри се и даваат сјај на косата и ја обновуваат.
Здраво девојки, што се однесува до миењето на косата со шампон и балзам, пробав еден нов метод на миење коса каде прво доаѓа балзамот па потоа шампонот, односно Reverse Hair Washing. Најнапред мислев дека косата ќе ми биде ужасна, ама го испробав и еве ги моите импресии. Поздрав Прво балзам па после шампон или “Reverse Hair Washing” Да да, убаво прочитавте од насловот. Станува збор за методот “Reverse Hair Washing”каде за да се измие косата не се почнува класично со шампонот, туку се започнува со балзамот. Кога за прв пат прочитав дека постои ваков метод си реков, леле како е возможно вакво нешто, сигурно на овој начин косата ќе ми биде цела заплеткана после шампонот и нема да можам да ја средам. Бев навистина доста скептична, меѓутоа сепак се решив да експериментирам (нема шанси да ви предложам нешто пред јас лично да го испробам) и еве веќе 5-то миење го правам на овој начин и, верувајте, немам намера да се вратам на стариот начин на миење на косата. Еве за што станува збор. чекор 1: намокрете ја вашата коса; чекор 2: ставете балзам (пожелно без силикони) и оставете да делува околу 2 мин. чекор 3: не го одмивајте балзамот со вода туку измијте ја косата со шампон, најдобро растворен во малку вода (едно до две миења); чекор 4: исушете ја косата како што нормално правите (со масло, пена, гел итн.) Која е предноста и што забележав по миењето на косата на овој начин? Кај себе најнапред забележав поголем волумен, а и самата коса беше почиста повеќе денови (не се масти бргу), најверојатно затоа што кога најнапред ја миеме косата со шампон, а потоа нанесуваме балзам, дел од балзамот на некој начин останува во косата и ја прави потешка, а со тоа и побрзо се масти (разликата помеѓу шампонот и балзамот е што едниот мие а другиот “масти“ или подобро кажано омекнува). Со оглед на тоа што само со вода не може комплетно да се отстрани балзамот за коса и мал дел сепак останува на влакното (тоа му е секако и фукцијата), побргу се масти косата. Девојките кои имаат масна коса ќе бидат воодушевени од овој метод и резултатите на косата. Како што реков, кога за прв пат го пробав овој метод ми беше страв дека по миењето косата ќе ми се плетка и нема да може да ја средам како што треба. Меѓутоа кога прво го ставив балзамот на масна коса и кога потоа измив со шампон, сфатив дека балзамот ја омекнал косата без разлика на тоа што потоа го измив со шампонот. Косата беше мека на допир и лесно ја расчешлав со прстите (ве потсетувам да не ја чешлате косата со чешел кога е мокра). Еве ви слики од неколку миења на косата на овој начин Верувајте ми вреди да се проба. Доколку го испробате овој необичен метод на миење на косата, кажете ми што мислите, како ви се допаднал и секако какви резултати забележавте. Ве поздравувам и до скоро читање. Вики
Чупкии... Се мислам дали во скоро време да си го земам шампонот nivea straight and gloss .. Што мислите вие?Дали некоја од вас го има користено? Се работи за овај шампон и регенератор...
@Biodevojka од неодамна вака ja миjaм косата и потврдувам дека е така се што кажа. Препорачувам и jaс да си пробате
Фала драга за одговорот! Значи и ти си пробала! Јас откако ги видов ефектите мислам дека одсега па натаму само вака ќе се мијам. Косата е мека а перфектно чиста!!! Фала уште еднаш на фидбекот!
Mene kosata pocna mnn da mi paga i procitav deka sampon od kopriva zaedno so pantenol pomaga, Efektite se pozitivni
Devojki dali nekoja od vas go ima koristeno ovoj sampon i da mi kazete poveke za nego i dali od balea ima i nekoj dobar regenerator
Шампонов е супер , дава волумен на косата и не ми ја мрси плус многу убаво мириса , но за жал ми правеше првут и веќе не го користам.