Ne toj go nemam koristeno,ovoj go imam koristeno i ovoj e ubav,ja pravi kosata mazna i ne mi se mrsi nekolku dena
@Biodevojka имаш ли некаков предлог за регенератор/маска без силикон? Моментално користам една маска од Балеа, со мирис на ванила, не е воопшто лоша и си ја врши работата, ама па си викам зошто да не пробам нешто друго...ме јаде црв секогаш : )))))) Косата ми е квалитетна, немам некаков којзнае каков проблем или побарување, сакам само да ми се расчешлува лесно и да има поголем сјај. Кога имам време ставам и масла и домашни маски, ама периодов такви работи не доаѓаат во предвид затоа што се бањам на брзина и немам многу време, па ми треба нешто брзо и ефикасно
Здраво драга, секако балзамот од авокадо на алверде е супер исто и путерот за коса. Инаку има еден балзам на гарниер pure and clean исто така без силикони. Една девојка ми покажа една маска за коса која немаше силикони од yves rocher со авена беше ако не се лажам. Ова би биле вака најекономични. Јас го користам оној на алверде од авокадо моментално и задоволна сум. Ако најдам уште нешто ќе ти пишам. Поздрав.
густа коса, тенко влакно, коренот брзо се мрси, а врвовите се исушени и оштетени од третирање со фарби, бланшеви, предлог за шампон?
Здраво доколку може јас да ти предложам би ти рекла да го земеш шампонот од алверде со кна и маслинка. Има таква формула да одлично го чисти коренот а сепак ја храни косата. Како регенератор или маска земи го путерот на алверде од авокадо и користо го само по должината на косата. Пред некој ден ги разгледував маските и регенераторите на yves rocher и забележав дека регенераторот со овес (на него пишува авена) е добар без силикони и доста хранлив за косата, исто така и маската од овес е добра како декларација и состојки (доколку те интересира поприродно без силикони). Ако сакаш традиционални производи, почекај да ти пише некоја друга феминка. Поздрав.
@Biodevojka, има (најверојатно нов) шампон на Алверде, наменет за русокоси - фарбани и природни. И ти си русокоса, па ако се случи да го купиш пред мене, те молам сподели впечатоци. Јас чекам да си го дотрошам регенераторот, па планирам да го земам заедно со шампонот.
@Mishela @Biodevojka јас сум натенкирана моментално со производи за коса, ама ќе си ги купам уште сега, за секој случај. Страв ми е да не ги снема, одамна барам ваков некој шампон за природни русокоси. Плус, Алверде е @Biodevojka пишувај апдејтс
Земи го додека го има затоа што на официјалниот сајт (германскиот) е повлечен, најверојатно можно е да ја менуваат формулата. Пред него имаше еден друг за плавокоси со камилица, но го повлекоа и го ставија овој (уште пред година дена). Јас го имам користено, мене ми е одличен, косата ја прави многу убава и бојата е освежена. Има убава измивачка моќ, а сепак ја остава косата мека, не е агресивен и содржеше ако не се лажам пченични протеини што е супер. Ви велам бев на официјалниот сајт за да ја постирам овде декларацијата, ама повлечен е од сајтот, значи го нема во продажба во Германија. Поздрав.
Devojki,predlog za nekoj dobar sampon,maska, kapki ili nekoj sprej za kosa so miris na kajsija ili praska???
Девојки предлог за шампон за виткана коса ,која се мрси брзо поготово во коренот на косата а и локните да ги дефинира.Неможам да си погодам убав или ке се наполнам првут како сега од сајос коста ми се наполни .Сум користела и Нивеа Глисс ,Оризене и Субрина и тн ама или првут ке се наполнам или коста ке ми стои ни права и виткана.
Дали може некој да ми препорача добра маска за сува и оштетена коса (од пегла, нефарбана)? Регенераторот не ми помага...Благодарам.
Путерот за коса на alverde со авокадо и шеа. Се користи слично како маска, само на сува коса се нанесува и се држи 10-15 минути, а потоа се исплакнува. Моментално во DM маркет е на попуст, од 205 денари намален на 159.
Ги користам овие. Имам ретардирана коса . Некаде е виткана некаде е права, врвовите ми се уништени, мрсен ми е коренот. Регенераторот е преубав евтин е и шампонот е евтин. Али регенераторот прекрасно мириса, секогаш ми е мека косата. Па можам да ви го препорачам за некои што има ретардирана коса како мојата
Koristim najobicniji DM vitamin shampoo na redovnoj bazi...kad sam kod frizera obicno mi peru kosu KEUNE samponom..