пар години ги користам овие, ГлисКур. Убаво ми делуваат на косата, не ми се заплеткува, лесно се чешла по бањање..немам обичај да менувам продукти, се дур не престанат да ги увезуваат или произведуваат
Има ли шампон кој неутрализира жолтило кај природни плавуши? Се појави сонце и смрт ми е, косата ми жолтее и не сакам да ми изгледа ко сено. Знам за оној Eugene Perma, ама не сум сигурна колку би ми помогнал мене, јас не сум фарбана никогаш, природно ми жолтее косата. Ќе ја тагнам @Magnolija, мислам дека на исто дереџе сме. Најде чаре или се помири со судбината?
Ги добив на поклон овој шампон со регенераторот комплет. Го користи ли некоја од вас и како сте задоволни?
@Mishela мене ми е ненормално ова што се случува со косава. Еден ден ми е светла, друг ден портокалова. Ко не знаеш што боја ти е косата, па што останало за друго... Се надевам дека овој на Алверде ќе ми помогне, прво да го истрошам на Сајос за волумен. Регенераторот што го користам на Тресаме многу му ја оправи косата и бојата. Ако можеш порачај го од некого или ако одиш на страна обавезно земи го. Едит: сега сакам да ти ја видам косата, па.... да се тешам
Што ќе видиш, да ме убијат срамови потоа. Ко жуто пиле сум, ме напнаа со прашањата кога сум успеала да се исфарбам, а јас уствари малку сум го исончала скалпот додека сум акала по терен.
Конечно си го најдов најдобриот шампон за мојата коса, после испробани секакви шампони, од пантен, шварцкоф скоро сите, лореал... овој на нивеа ми е нај нај. Косата е како свила (плава инаку), преубаво мириса и убаво ми се расчешлува
@Mishela каде можам да го најдам шампонот Eugene Perma? Читав низ форумов и ако не се лажам станува збор за тој виолетовиот шампон што го неутрализира жолтилото, а мене баш ми е неопходен периодов. @Magnolija има шампон од Алведре за неутрализирање на жолтилото или за друг зборуваше? Се извинувам што ви се уфрлив во разговорот девојки
Здраво драга според мене осветлувањето на косата е природен процес и зависи од видот на косата и тенот секако. Доколку не станува збор за фарба тешко дека некој шампон ќе ти го тргне жолтилото сепак станува збор за гени. Јас би ти препорачала од алверде шампонот за руса коса (за природни руси и фарбани) кој ќе ти помогне да ти живне бојата е сега за жолтилото не гарантирам ама не сум сигурна дали пак постои шампон што може да го спречи со оглед на тоа што шампонот е производ кој го измиваш. На секое миење измивај ја косата со чај од камилица како последно плакнење (направи го посилен) и малку оцет за сјај (мирисот на оцетот ќе исчезне кога ќе се исуши или стави некоја капка етерично масло на пример лимон или лаванда). Пробај вака па кажи дали имаш резултати. Поздрав.
Се фарбав овој петок и убава ми дојде бојата само сакам малку да го неутрализирам жолтилото, иако мислам дека после 3-4 миења ќе се намали, зошто сепак свежо ми е фарбана. Ќе го пробам ова со чајот и оцетот, само кажи ми дали во чајот треба да ставам оцет и колку да ставам? Вака изгледа шампонот?
Здраво да ова е еден од двата има два за руза коса и добри се. Ок ако си фарбана во тој случај ќе ти помогне за жолтилото (се надевам) ја оддржува убава бојата, јас ги имам пробано и двата имаат слични формули со мала варијација во состојките. Направи чај од камилица во 500 мл. вода и стави една супена лажица оцет и 5 капки етерично масло ако имаш. Камилицата одлично ја негува русата коса, а оцетот ќе придонесе за поголем сјај на косата. Пробај па пиши ми како си задоволна. Поздрав.
@Biodevojka, го направив чајот и задоволна сум од резултатите. Во 500 мл. зовриена вода ставив три вреќички чај од камилица и откако се излади додадов една супена лажица јаболков оцет. Не ставив етерично масло, но сепак воопшто не ми мириса косата. Дали можам чајов да го употребувам еднаш неделно? Нема оцетот да и штети на косата? Ти благодарам
Здраво драга, оцетот воопшто не штети, баш напротив и помага на косата. Оцетот има киселкаста ph вредност која е од огромнo значење за убавината и здравјето на нашата коса и дава огромен сјај. Идеалната ph вредност на нашата коса е помеѓу 4 и 5 така да јаболковиот оцет навистина помага во оддржување на истата. Исто така јаболковиот оцет ја затвора кутикулата на влакното и како резултат на тоа косата е сјајна и мазна. Ова е многу важен факт затоа што, на тој начин ја задржуваме природната влага во косата, и на некој начин ја спречуваме појавата на расцветани врвови. Инаку имам за тебе една фантастична маска (секако за сите русокоси кои сакаат што подолго да ја задржат бојата на косата) баш ја направив вчера и фантастични резултати дава. 2 кафени лажички природен балзам или маска; 2 кафени лажички чај од камилица: 1 кафена лажичка пиво; 1 кафена лажичка масло од невен; 1 кафена лажичка сок од лимон; 1 жолчка Ден претходно отворете едно пиво, земете една кафена лажичка и оставете ја во една чашка да изветрее алкохолот. На тој начин пивото ќе биде помалку агресивно за косата. Наредниот ден на пивото додадете му две кафени лажички чај од камилица, две кафени лажички балзам или маска за коса, жолчката, една кафена лажичка масло од невен и една кафена лажичка сок од лимон. Убаво помешајте и нанесете ја смесата на коса. Со оглед на тоа што во маската има и масни и водени состојки, нема потреба да ја навлажнувате косата, може да ја нанесете маската директно на сува коса. Покријте со една пластична фолија или ќеса, ставете врз неа пешкир и оставете да делува околу саат време. Потоа измијте ја косата како што обично правите. По употребата на оваа маска навистина ќе забележите дека вашата коса е посјајна, поубава и помека. Оваа количина беше доволна за мојата коса, меѓутоа доколку вие имате подолга и погуста коса, зголемете ги количините, или ако имате пократка намалете. Во темата за блогови за козметика ќе објавам линк од комплетната статија *со слики од мојата коса по употребата на третманите) на кој начин и со кои состојки да ја продолжиме бојата и сјајот на русата коса (без разлика на тоа дали е природна или фарбана). Поздрав.
дали некој го има новиот шампон на афродита со коприва и пантенол?поточно Hе е нов туку со подобрен и променет состав, .резултати??
Девојки ај да ми препорачате шампон.. И правев сомбре на косата и одма ми е посува, а и фризерот ми напомена да користам по благи шампони, тие они што ги имаа ми се скапи, па ми треба нешто по пристапно на природна база, за тенка коса, чувствителна кожа, пошто ми се појавуваат и лишаи инаку долги години користам head and shoulders но е доста јак, ве читав за шампоните на alverde, на природна база беше таа козметика или грешка сум ? Исто и од Ziaja ме интересира дали сте задоволни и што користите
Здраво јас можам да ти одговорам за алверде шампоните со оглед на тоа што имам пробано 4 вида на шампони: со авокадо, со маслинка и кна, оној за руса коса и со бадем. Алверде шампоните се природни, не содржат силикони и нафтени деривати. Е сега сакам да те прашам рече дека ти се појавуваат лишаи, дали тоа значи дека имаш суво теме и лесно се иритира? Дали често ти се масти косата? Дали те чеша скалпот и косата ти е сува? Да знам што да ти предложам. Поздрав.