@Biodevojka Може да кажам дека имам мрсна коса а лишаите и јас незнам од што ми се.. И затоа го користам head and shoulders дека само од него ги немам а сменам шампон одма проблем, може не сум го заменила со вистинскиот ( можно е да се наследни дека мајками има но нејзе и е сува косата.. )
Да пробаш со Хипп и Балеа мед. Тие се благи шампони.Хипот е околу 100 ден, а Балеата околу 150. Јас имам многу осетлива кожа на главата. Единствено со нив, после миење не ме чеша главата.
Од детскиве сум пробала со Џонсон, Бекутан, Косили и косата ми е ко утепана со нив, заплеткана, без живот и затоа да не купувам детски де
Ок значи имаш масен корен, а суви врвови. Ок еве што ќе те советувам. Со оглед на тоа што имаш масен корен земи го шампонот на алверде од кна и маслинка. Кната ја нормализира масленоста, а маслиновото масло храни. Овој шампон косата ја остава чиста. Во една пластична чашка раствори малку шампон со два три прсти вода (не го нанесувај директно чист на темето, растворен е помалку агресивен за тебе) и нанеси го на ептен мокра коса. Убво измиј со млака вода (никако топла затоа што ги отвораш порите и лачи повеќе себум темето). Доколку не ти е проблем, миењето зврши го сополадна вода (онолку колку може да издржиш без да се измачуваш и да ја настинеш главата (со усул). За врвовите земи го балзамот на алверде со авокадо и на секое миење ќе земаш една кафена лажичка (или супена зависи од должината на твојата коса) и ќе ја помешаш со една кафена лажичка мед. Смесата ќе ја нанесеш само на врвовите по миењето на косата ќе оставиш да делува две минути и ќе измиеш со ладна вода за да се затвори кутикулата (од половина коса па надолу онаму каде си ставила балзам). Ова со медов прави го букбално на секое миење ќе ти се препороди косата. Пробај па кажи ми дали има подобрување. Доколку ти се појави чешање или лишаи и од овој ќе ти предложам како истиов шампон да го користиш на друг начин. Сега за сега пробај вака. Шампонов содржи сулфати, ама доколку ти предложам некој со глукозиди кој е понежен, во тој случај нема да мие добро затоа што темето ти е масно. Друго нешто, доколку до сега си користела силиконски шампони, можеби ќе ти изгледа дека овој не мие убаво, ама издржи две три недели па ќе видиш подобрување. И трето нешто престани да користиш балзами и маски со силикони и никако силиконски капки оти џабе ни е целиов труд. За било што слободно пиши.
Имам бланширана и доста третирана коса. Ми треба добар шампон и регенератор/маска. Имате ли некој предлог? Цената не е важна
Здраво на двете, јас можеби сум и досадна со шампоните на алверде, меѓутоа верувајте ми немам сретнато други со толку убава цена и состав. Доколку косата ви е многу оштетена пробајте го оној со авокадо, навистина е еден од нивните најдобри шампони. Е сега за балзам ќе ви откријам еден трик кој ќе ви ја препороди косата за месец дена ама мора редовно да го правите на секое миење и никако силикони на косата, па дури ни силиконски капки. Земате една кафена лажичка мед и една кафена лажичка балзам без силикони и го нанесувате по должината на веќе измиена коса со шампон (не на коренот) само по должината и врвовите. Се остава околу 2 минути и се измива со млака накај ладна вода. Со редовна употреба саи ќе забележите разлика. Друг совет еднаш неделно обавезно правете маслен третман со некое масло по ваш избор. Се надевам ви помогнав. Поздрав.
Го имам веќе путерот за коса од авокадо, навистина е добар. Баш сега ставив маслиново и кокосово масло измешано со малку од путерот и еве ми стои веќе 2 часа на косата завиткана во кеса. Редовно ја третирам со природни маски и масла, но мислам дека и треба нешто поконцентрирано. Инаку, малку сум скептична за Алверде во однос цена-квалитет и дали навистина е толку органска и природна козметика, а има толку ниска цена.
Фала ти, ќе го применам во скоро време советот. Си имам мака со косава моја одамна досега никој шампон или регенратор не ми одговара.
И јас порано бев скептик за економичните колекции меѓутоа со текот на времето пробувајќи ги сфатив дека сѐ што е скапо не е секогаш квалитетно и обратно, се што е евтино не мора да значи дека не е квалитетно. Во Италија имам пробано еден куп скапа козметика и еден куп евтина козметика и понекогаш подобри резултати сум имала со поевтината. Е сега, од она што јас го знам Германија е земја бр. 1 која на национално ниво инвестира во органското и им ја олеснува работата на производителите на органската козметика. По неа се Италија и Франција. Доказ е не само Алверде туку и Бенекос која исто така е економична марка а верувај ми најдобрите маскари за трепки се токму нивните нема нешти подобро и коштаат 4 евра во Рим. Потоа има уште една германска марка Алтера и една француска Аврил и околу 4 италија ски економични марки. Сите овие се под 5 евра а неверојатни се, особено пудрите на аврил и сенките. Ова е од мое лично мислење и искуство, секако секој си има своја филозофија и сфаќања, без да ти наметнувам ништо ниту па да те предомислувам. Доколку еден производ функционира и има добра декларација,за мене не е важно дали е скап или економичен. Поздрав.
Грлс,i have a problem. Пoследниве две гoдини кoсaвa ми е ужaснo лoшa.Знaчи не ми рaсти,суви врвoви имaм сo oглед нa тoa штo редoвнo упoтребувaм пресa.Бaшкa тoa,нaјлoшoтo е штo имaм мнoгу нoви мaлечки влaкнa кoи стрчaт oд секoјa стрaнa.Нaпред буквaлнo кaкo шишки ми стoјaт и изгледa несреденo. Кoристев медицински шaмпoн,бебешки бекутaн,oд гaрниер зa суви и oштетени врвoви и уште штo не.И ништo не ми пoмoгнa.Штo ли јaс дa прaвaм сo мoјaтa кoсa?
Пробај да не ја пеглаш воопшто , да не ја сушиш со фен.Овие две работи се најнајлоши за косата , знам дека со пеглањето изгледа поубава косата , посредена ама пробај да го избегнуваш. За малечките влакна што ги имаш незнам некое решение и јас го имам истиот проблем можеш да почнеш да користиш некој органски шампон еве @Biodevojka прашај ја може да ти помогне. Исто би ти го препорачала 100% арганово масло од Органика го имаш во Космо околу 900 денари е , мене многу ми помогна и во врска со расцветаните врвови.
Девојки го имате ли сретнато овој шампон кај нас од мед и ванила? Исто ме интересира и овие балзами на Афродита, ги има ли некаде?
Дали некоја ги има користено? Ме интересира дали ја омекнуваат оштетената коса? Мирисот им е сон, ми идеше да ги испијам
Залудно сум трошела пари на скапи шампони...Незнам што ми текна да го купам овој ама можам да кажам дека е сто пати подобар од било кој поскап шампон, косата ми ја прави како свила, а не кошта ни 100 денари. Доказ дека цената не е секогаш мерило за квалитет.
Препорачајте ми некој шампон за екстремно сува коса и корен ама сепак со првут? Значи косава моја е толку сува што на допир се осеќа како слама (не се ни заебавам, точно како слама), пред 1 месец ја ишишав до рамена и пак ништо.. Разлетана е и никаква и не знам веќе како да се справам а не користам ни фен ни пегла. Користам кокосово масло кое мислам дека уште полошо и направи.
Пробај со маслиново масло, нанеси го на целата коса и потоа потопи една крпа во топла вода исцеди ја и завиткај си ја косата со неа. Колку можеш повеќе држи го на коса. Мора да делува. Можеш да ги пробаш исто оние ампули на Аура херба се викаа, за оштетна коса. Шампон што јас лично сум го користела и бев многу задоволна, но не го користев понатака бидејќи за таа милитража ми беше многу скап а имам долга коса, шампонот на Хемел(за оштетена коса) имаат штанд во Сити мол. Пробај го нема да зажалиш, со природни состојки е направен.