Може ли да те прашам како го користиш кокосовото масло на сува или навлажнета коса? Што шампон користиш? (да знам што да ти препорачам) Пробај да почнеш да употребуваш производи без силикони и кога нанесуваш балзам мешај го со чист мед (една лажичка балзам со една мед) и нанеси го по должината на косата и на врвовите по миењето (буквално по секое миење) ќе видиш огромно подобрување за месец дена. Каков првут имаш сув? Темето ти е суво, иритации чешање??? Поздрав.
На навлажнета коса го ставам, имам пробано и со сува ист ефект ми дава. Моментално користам алверде со авокадо и хипп бебешкиот со бадем наизменично, а првутот сув ама без некое чешање и иритација.
Добро, значи кокосово масло како третман само на навлажнета коса никако на сува. Она што може да ти го препорачам против првутот е да користиш шампони без сулфати. Сулфатите имаат поголема измивачка моќ, а тебе ти треба токму спротивното. Доколку шампонот кој сега го користиш е нов не го фрлај туку пробај да го ублажиш на следниов начин: пред шампонирање нанеси на коренот маслиново масло направи блага масажа и измиј со шампон. Или евентуално додади масло во шампонот (кај мене на блог има една статија како да ги ублажиме шампоните и средствата за миење прочитај ја). Пробај вака па кажи ми. Доколку шампонот ти е при крај, земи некој на база на глукозиди како Гамард за често миење (во зелено бела тубичка) цената му е околу 675 ако ти одговара како цена или Алоедермал околу 400 денари земи го оној за нормална коса со алое. Исто така има еден без сулфати на Yves Rocher пред извесно време ми го покажа една феминка, не е органски ниту комплетно природен, ама не е лош како производ и не содржи сулфати, силикони. Не би требало да е повеќе од 300 денари. Еве ти слики од производите . Поздрав п.с. обавезно прави го она со регенераторот и медот. Земи убав регенератор (на пример алверде од авокадо) и една кафена лажичка од него со една кафена лажичка мед убаво измешај и нанеси по шапонирање само по должината на косата (доколку имаш подолга коса зголеми ја количината). Потоа измиј само со вода (како што обично правиш со балзамите за коса) и заврши го миењето со поладна вода на крај. Ќе се воодушевиш од резултатите.
Фала ти многу на опширниов одговор, конечно некој нешто да препорача корисно Инаку едно прашање, маската со мед исклучиво да биде со алверде балзамот или може и со путерот? Ги имам и двете ама балзамот при крај е, да знам дали да го земам пак.
Еве и од мене препорака за добар шампон и регенератор за коса. По породувањето почна косата многу да ми паѓа, дури мислам по цели прамени коса ми остануваа во раце. Го купив шампонот од лук, на Афродита и косата за кратко време користење, ми се среди. Да напоменам, не мириса на лук, има пријатен мирис и е многу евтин. Задоволна сум и од овој bath and shower гел. Одличен и како шампон, но и како гел за тело. Две во едно. Не сум сигурна дали е наменет само за жени, но и мм многу го сака и го користи. Officinalis, Latte d'avena bath & shower gel од овес! И за крај, регенератор за коса, најубавиот регенератор што го имам користено до сега. Diplona Покрај тоа што и дава сјај и мекост на косата, истата и ја исправува. Не како да е пеглана или фенирана, меѓутоа значително ја исправува + и прекрасно мириса. Постојат повеќе видови, за мрсна коса, сува, фарбана и т.н. Јас го користам тој за фарбана, но верувам дека сите се прекрасни.
Може и со путерот. Ти го предложив тој балзам, затоа што ми беше страв некој со силикони да не ставиш За било што пиши слободно кога сакаш. Поздрав Едит: балзамот или маската со мед остави ја да делува околу 2 минути па потоа измиј.
Шампон од коприва долго време користам. Наједноставен ми е, и не ми предизвиква првут за разлика од некои други премногу парфимирани шампони. А регенератор не користам, туку маска за коса од Genera од кокос најчесто, понекогаш кокосово масло ставам и еден многу добар серум од Авон за распукани врвови. И супер ми е косата пу пу машала.
Loreal Elseve total repair 5 јас ја користам, косата ми е сува и оштетена, ама маската ја прави мека и го олеснува чешлањето.
Дајте некој шампон што не прави ич волумен, што ја сплескува косата Откако ќе ја измијам ми е таласеста, ни виткана, ни права..буквално никаква. И да ја пеглам насекое не можам. Имам бујна многу коса и тешка, па ко гнездо ми стои крената, бушава, никаква.
Феминки сум читала многу за овој шампон дека од него косата расте како луда и дека ја опоравува оштетената коса. Доколку некоја од вас го има користено ке ве замолам да споделите колку навистина расте косата и дали воопшто вреди да го нарачам. Фалаоднапред П.с имам страшен проблем со мојатакоса никако да порасне
Dali nekoj ima koristeno shampon/regenerator od firmata aussie,pa neka spodeli mislenje. Vi blagodaram
Да јас имам но не бев задоволна , имам слаба коса и некако ми ја сплескуваше , инаку имам користено за волумен и за сува коса
Некој добар шампон,кој не ја суши косата,и не го прави мрсен скалпот, 1месец и нешто како сум фарбана ,ама квалитетот на косата ми опадна ,веројатно више нема да ми текне да се фарбам,јер да добив некое осветлување на косата ,не ми ја погодија баш,ама за возврат си добив потенко влакно,и сува коса, и ме чеша скалпот.Е сега ќе ја спасувам со кна,ама дајте некој добар шампон за фарбана коса.
A dali ubavo mirisaat I dali mirisot se zadrzuva na kosata,opsednata sum kosata da mi mirisa ubavo izvini sto ti dosaduvam
Не ми досадуваш уживај мириса многу убаво поготово овој на сликата , наменет е за сува коса ама не се ништо посебно , барем кај мене немаше некој резултат. Сега ова е шампон па потоа знаеш како и секој шампон , се губи мирисот на косата , ама еве имаат и спрејчиња за коса па ако го најдеш овој спреј можеш да го земеш и ќе ти мириса косата како и шампонот
Моментално користам шампон и балсам 2 во 1 од Авон, грејпфрут и маракуја. Ја прави косата мека и сува,дури и премногу ја суши и никако не се троши. Се се мијам и се си има!