Шатирање

Дискусија во 'Коса' започната од natasinka, 11 јуни 2010.

  1. natasinka

    natasinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здр
    Сакам да се шатирам ама незнам каде.Сакам да одам кај некој фризер - студио што нема да ме утне,а и нормално да не е многу скапо.Една другарка се шатираше во Диор ја одраа, а многу малку прамени и извадија.дури и не се приметува дека е шатирана.
     
  2. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    430
    a od kaj si
     
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Јас си имам лична фризерка веќе некои 6-7 години и оттогаш само она ми ја има пипнато косата, друг фризер никако. Јас имам долга коса, се шатирам 2 години по ред и ми зема околу 600-700 денари, што мислам дека не е толку скапо, со оглед на тоа дека стварно многу прамени ми вади, а и мачна е работата. Една моја другарка си се шатира сама дома, купува бланш од парфимерија и сестра и и вади прамени со фолија. А во домашни услови можеш да си извадиш прамени и со капа.
     
  4. kacita

    kacita Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    1
    имам стварно многу убава коса никогаш не сум ја фарбала, не сум ја чатирала но сега стварно сакам да ја шатирам за летово. лани отидов на фризер и ме врати рече ,,,греота е таква коса да ја оштетиш,,
    што да правам?? се оштетува ли многу??
     
  5. ana05

    ana05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    31
    Јас веке пет години по ред се шатирам и секогаш одам кај една иста фризерка и сум многу задоволна.Два-три пати годишно и супер ми е фризурата ;)
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Да, се оштетува бланшот ја суши и и одзема живост,но ако користиш препарати соодветни како маска регенератор силиконски капки ќе е ок но не потполно здрава,исто така зависи и од основата дали ти е природната боја на коса или фарбана .....н о изгледа добро и сепак не е толку страшно... :)
     
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Нормално дека се оштетува, бланшот е доста јак, ама еве јас 2 години се шатирам 2 пати годишно и користам соодветни препарати. Маска за фарбана коса, силиконски капки за суви врвови, регенератор за фарбана коса и слично. Не ми е оштетена, врвовите знаат некогаш да ми забегаат со расцветување, ама фризерката ми ги потскратува и готово. ;)
     
  8. male4ka-oh

    male4ka-oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Мој совет е да се шатираш само доколку планираш после редовно да се шатираш, зошто кога малце повеќе ќе ти израснат корените не изгледа убаво, а и потребно е многу време за да ти израсне косата за целосно да ти испадне шатираното.
     
  9. emilija.zmejkoska

    emilija.zmejkoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    А кај е тоа? може бројче ако не ти е тешко ? :) фала однапред :)
     
  10. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    114
    Мој совет е да и напишеш ЛП.
     
  11. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    шатирана коса

    девојки јас многу сакам да се шатирам али не знам се мислам зошто имам многу квалитетна коса да не ми ја оштети премногу ,претходно се имам фарбано кафеава а сега се немам скоро 2 години и сакам да сменам досадно ми е веке вака,па што мислите вие за шатирање на косата и добро би било ако би ми препорачале некоја добра фризерка во скопје поздравче... :hai:
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.260
    шатирана коса

    Бланшот е една од најштетните работи, ако не и најштетна на коса што може да се стават како прво.
    Како второ шатирањето некако е излезено од мода, што е многу добро.
    Трето шатираното паѓа единствено со шишање!

    Јас се шатирав неколку години, 2 пати годишно, последен пат пред 2 години и уште имам бланш на косата. И се фарбав и ништо не помага освен ножици.

    Мој совет никако шатирање, ако имаш мерак офарбај се.
    Или пак шатирај се само без бланш. Купи неколку фарби пример плава, кафена керамидеста, светло кафена, темно чоколадо и со фолија вади праменчиња и направи ја косата во разни бои, кои преубаво ќе ти се прелеваат.
    Јас премалку бланш користев и едно 4-5 фарби, и покрај тоа што имаше малку бланш уште си стои дека имам долга коса |(
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.663
    Јас еднаш се зезнав и никогаш повеќе.ми се допаѓа кога косата е шатирана во некои нијанси што се прелеваат така и мојава ја направив,не велам дека не ми искочи убава,ама дека пред тоа ми беше фарбана,морав цела година и тоа секој месец да одам да го средувам коренот ,ставав прелив за тонирање,чинеше околу 300-350ден,на 3 месеци ставав нови прамени одозгора,незнам хаос ми беше а плус да не зборам од бланшот каква ми стана :( ,џабе користев нонстоп,редовно и маски и регенератори и капки за коса...нема врска неможе да се спречи сушењето на косата. :(
     
  14. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека со шатирањето на косата жените изгледаат постаро.
    Пред неколку години на скроз кратка коса се шатирав со лешник,медови,кафеави прамени.Сега кога се гледам на сликите заникаде.
    Бланшот е штетен за косата.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    2.744
    Само со фарба се шатирам, не со бланш и мислам дека вака помалку се оштетува косата а и поприродно делува. Јас имам многу долга смеѓа коса и во комбинација со плава фарба изгледа одлично а и многу природно,сепак го добивам оној ефект на прелевање.Нема некој кој не дал пофални зборови :)
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.693
    Еднаш се имам шатирано, пред неколку години. И се покајав многу. :| Бланшот падна со шишање ама премногу ми ја оштети косата. Многу ми ја исуши косата, никаква ми беше.
     
  17. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    88
    Како се користи прелив за коса, сакам да ставам сив или лилјаков за да се скријат жолтите прамени ама поима немам како да го направам, дали е тоа фарба за коса или преливот е нешто сосем друго? Ај луѓе хелп! :geek:
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.663
    Преливот се измива и не е фарба за коса...ќе си нанесеш пример на праменчиња или цела коса..ќе ти трае најмногу 2 недели -уствари зависи колку често ја миеш косата-ако ја миеш поретко, секако ќе ти трае подолго :)
     
  19. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    88
    А како се прави, тоа е во вид на прав и се разредува со нешто или.... ајде кој користел сам дома, нека ми објасни :worried:
     
  20. Famousy

    Famousy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    А можете ли да ми кажете на колку години прв пат сте ја шатирале вашата коса? Бидејќи јас имам 15 години и сакам да се шатирам.