За време на доење мислиш? Јас ги имам користено и во бременоста и за време на доење. Немаат штетни состојки.
Здраво на сите Имам еден проблем и ве молам за помош ! Косата по грешка на фризерка ми беше фарбана црна ,мојата природна беше костенлива Црното неможев да го осветлам па се шатирав пред 2 недели и веќе прамените едни ми пожолтеа а другите добија боја на рѓа Како да ги покријам ? Дали да ставам некој прелив и каков пд каде да го купам или пак да ја исфарбам цела кафеава ?
На колку време ја шатираш косата ? Јас имав црна боја се шатирав пред месец дена и сега прамените ми станаа пола жолти пола рѓа боја Дали можам пак да ја шатирам или да ја исфарбам ? Или да пробам со прелив ..
@Opinion деколор да ти стават, евентуално преливи. Нема нешто драстично да се оправи (ќе изгледа секако добро барем некое време), спасот ти е само сечење како што расте. И мене ме утнаа пред некои 6-7 години, само со преливи ја спасив и кратење. Немој само да ти текнало црвена фарба да ставиш оти тек тогаш ужасно ќе биде. Внимавај, од костенлива фарба често знае и да фати накај црвено. Може и она те фарбала со боја каква што треба, ама ако не ти е цел број (барем кај мене е така), обавезно е утната. Мене ми требаа некои 2.5 години за да ја средам и оттогаш не ми текнало никако фарбање на цела коса.
Мајка ми темна боја вадеше со Ц витамин. Толчеше од витамините и во шампонот ги ставаше. За многу брзо и падна бојата,за некои 10 тина дена. А сега читам има и некои посебни за вадење боја. Јас би пробала на некои вакви начини прво да ја вадам отколку на таа да ставам друга боја. Ем ќе ја гориш и без коса ќе останеш, а на толку фарбање којзнае каква боја ќе добиеш.
Витамин Ц таблетите многу ја сушат косата. Спомнувам чисто колку да си има предвид членката ако пробува... Иако, според мене решението во случајот би бил фризер, па таму да се среди косата некако најбезболно и да се спаси од дополнително оштетување.
Здраво косата ја шатирав пред 8 дена и останато ми е во сеќавање од порано кога сум се шатирала да користам виолетов шампон при пожолтување на прамените. Фризерката упорно ме убедува дека сум немала потреба од виолетов шампон само кога ќе паднел преливот пак кај нејзе да одам,што мислите вие? Нонстоп се мислам дали да земам или да не земам..
Да ти кажам најискрено јас пред некоја година кога се шатирав се зезнав со тој прелив јас ехотон користев и зелена ми беа прамените изгледа бев претерала . Ако немаш потреба не ставај, или ако не зема скапо фризерката оди кај неа. Да не добиеш некоја боја како мојата која испадна само со шишање
Оф лелее..Ние се договоривме чим падне преливот да одам пак кај нејзе. Твојата фризерка не ти кажа да одиш повторно да ти стави прелив?
Имам природно темно кафеава коса, и фарбана сум со темно кафеава оти имам доста бели влакна, нејќам веќе на три недели да се фарбам па мислам да сменам боја, ваква да се направам за да белите влакна не се познаваат. Но, не знам дали ќе може вака да испадне и да ми препорачате добар фризер што ќе може да го изведе ова.