Шатирањево толку ми е одмината работа,што по инерција ме потсетува на сељанка со извинение на шатираните,ама искрена сум.Па уште и шатирано со бланш или боја,ама жутеникава,па тро покрупен праменот... Сум била во дамнешна даминина и никогаш повеќе.Штом излегов од салонот си реков,шо ми требаше ова и после помалку од месец дена се исфарбав во мојата природна боја.
Се иам шатирано со бланш претходно ми беа вадени прамени во плава боја со фарба од кафенава моја природна коса и така. Сега косата ми е изгорена ама барем ми е кремаво-плава светла иако приметувам по коренот и без тоа ми испаѓа светла и не би се шатирала баш. Иначе ко ќе видам темнокостенлива коса шатирана со бланш бел и тоа многу е грдо. А шатирање на кафена коса со посветлокафена фарба ми е преубаво нешто. Стварно супер изгледа шатирана со медова темноплава боја а типката да е бринета.
Ако многу сакаш тогаш шатирај се малада си испробај па ќе видиш што најубаво ти стои иако повеќе ти препорачувам со фарба али не сама дома само кај искусни фризери. Јас мислам дека прв пат се шатирав втора или трета година средно и до сега се имам три пати шатирано од кои два пати со капа и еднаш со фолија. Ти препорачувам со фолија, а за цените мислам дека 300 денари е со капа а 600 со фолија. И секако после тоа обавезно да ја негуваш косата со маски, капки итн.
Мразам шатирање, воопшто не ми е ин. Многу сакам девојки со природна боја на коса. СУм била шатирана, но никогаш со бланш- туку со фарба. После неколку пати шатирање косата ми се прели и добив преубава лешник боја. Сите ми кажуваат дека прекрасно ми стоела, па можеби некогаш во иднина ќе се исшатирам повторно (се разбира со фарба). Сега за сега, природно си е природно
имам смеѓа и виткана коса а сакам да се шатирам лешник боја се разбира со фарба но ми е страв да не ми се исправи косата.
Јас пак обожавам шатирана коса Можеби затоа што до мојата 21 год никогаш се немав шатирано ( со бланш ) а сега веќе 4 години си ја шатирам,прекрасно ми изгледа,се разбира бара многу нега
И на сето тоа шатирање,освен дебелите прамени,продникната добро една 2 см од црниот корен......целосен ефект на “добро стокмена мома“ како што спомна Лилит(ајде да не и го повторувам изразот)
Шатирањето ми е најлошото нешто што може да и се направи на косата. Како прво ти се гледа бојата на старата коса и со прамените изгледа како да си купила некоја ефтина фарба за 10 денари па за еден ден дел од фарбата на косата ти паднал. Плус ми изгледа некако грдо,нападно што знам... Во никој случај не би се шатирала. Најубави ми се коси со природна боја.
Шатирањето со бланш е веројатно најлошото нешто што може да го направите на сопствената коса. Како да сте истурите солна киселина на прамените. Попусто маска и сликонски капки и спрејови, дома имам толку средства и сите до едно ја завршуваат работата само моментално. Измијте ја косата и не ставајте ништо, ќе се уверите колку само е здрава, т.е. дехидрирана и оштетена косата. Јас бев приморана да вадам прамени со бланш кога се фарбав руса, за да фати поубаво бојата. Ги вадев само на горниот дел од косата, многу тенки, на секои 6 месеци. Го мразам целиот процес, сега откако ми е затемнета косата се чувствувам среќна и нема да ми текне никогаш повеќе да го правам тоа. Шатирањето е мала уметност, може да ви се погодат убаво и да ја освежат фризурата и ликот, но поголем дел од фризерките ги вадат туку-така, немаат врска, некои огромни праменишта на глупа фарба како основа, па кога ќе затера нефарбан корен и суво, дехидрирано и оштетено влакно ми доаѓа да
Јас се шатирам 1 ипол година. И си ја обожавам косата вака. Многу повеќе вака си се свиѓам отколку обично. Во некоја прилика ќе ја сликнам и ќе ставам слика. И со бланш се шатирам. И прамените не ми се дебели по 1 цм, ниту пак жолти. Немам темна боја на косата и со прамениве баш фино ми се прелива. Фризерката што ме шатира одма ме сфати првиот пат што и зборев и многу ме погоди. А не ја ни шатирам често, на 6-7 месеци,затоа што и онака косата преспоро ми расте. Па така да и не ми е ни оштетена нешто многу како тие што се фарбаат редовно.
јас одамна се шатирам,мислам дека подобро ми стои и ми го освежува ликот.важно е да биде квалитетен бланшот,и да отстои колку што треба -за посветла треба повеќе,јас некогаш и по саат ипол чекам да добијам светла боја.Кога ќе подрасне,само коренот го шатирам,останатото само со прелив и толку.кога паѓа преливот не одам да ми го обноват,него ставам спреј за коса и пудра за тело-тоа е како мал трик за да се прикрие мрсната коса,ама плус ми дава и одлична боја на прамените,одма добиваат супер боја
Здраво.Се шатирав пред околу 2 месеци и косата ми стана никаква,врвовите ми се изгорени,посетувам фризер на секои две недели за да ставам прелив и додека тој стои ми е убава бојата,а кога ќе падне ми се пожолтени прамените и ми се никакви.Ќе можете да ми кажете некој совет или некој производ што би ги решил овие два проблема...Ви благодарам многу.
Имам светло кафеава боја на коса,досега ја немав ниту фарбано ниту шатирано.Пред неколку недели ја исшатирав кај фризер и се стрижав,презадоволна сум прамените не ми се сите во една боја некои потемни некои посветли,но прекрасно се поклопуваат со мојата боја на коса.
Мене преливот ми трае по месец дена,паѓа со секое миење ама не вака на 2 недели како што кажуваш ти.Според мене прамените се жолти од неквалитетен бланш,или пак не биле доволно оставени да добијат боја-за посветли треба повеќе да се седи со бланшот. Ако пак се шатираш ,ќе си ја изгориш косата...штознам стави си пудра за тело,беби талк па види како ти изгледа...шампон специјален за шатирана коса,посебен спреј....
Јас имам смеѓа боја на коса и сакав да се исфарбам плава. Меѓутоа, прво мајка ми е против тоа, а после на секој еден кому сум му споменала дека сакам да се фарбам секој ми рекол да не го правам тоа, имам прекрасна боја, блабла. Е сега, ајде да не се фарбам, можеби и подобро е да не ја упропастувам косата уште од сега, решив да се шатирам. Имам и фризерка од доверба, која се надевам дека нема да ме утне, ама сакам д ами кажите дали сегде прамените ги прават со прелив или може со фарба? И колку трае преливот??
Преливот ич не траа мене кога ми беше нијансирана после една недела бојата ми се изгуби не ми беше како тогаш направена со убави бели прамени,туку прамените ми станаа жолти,фризерот ми рече дека преливот паѓа и да сум идела на 2-3 недели да ми ставал друг.Инаку прамените ги прават со фарба или бланш и за да се неутрализира жолтилото и да се добие онаа убава нијанса мора да се стави прелив.Мене ми ја правеа со 6% хидроген,без преливот нема теоретски шанси да се добија убава боја со толку слаб хидроген.Доколку не сакаш прелив може со појак хидроген ама па така многу се оштетува косата.Јас би ти препорачала доколку си имаш убава боја на косата не и прави ништо бидејќи само ќе ја оштетиш.Поздрав па пиши што ќе направиш.
Jaс имам природно смеѓа боја и се фарбав со гарниер 111. Сега сакам да ја вратам мојата боја и да вадам со фолија тенки бланширани праменчиња, затоа што сметам дека така најубаво стои. Би ти препорачала да не се фарбаш, туку да извадиш такви праменчиња. Еднаш на 6 месеци ги вадиш, посветла ти е бојата на коса, односно се прелива, а плус не ја ни гориш воопшто. Е сега пошо два месеци го пуштам коренот, нормално ми е потемен од останатиот дел. Сакам да извадам бакарни прамени, затоа што пепел боја не можам да добијам. Заедно со бланширани тенки праменчиња. Барав слики на нет ама не најдов ништо. Дали од тука некоја има правено или има видено негде слика, како би изгледало тоа?
и јас имам светло кафена коса и сеа вадев праменчиња со гарниер 111 и ми искочи како карамел боја ама пак ми е темна, не успеав да ја добијам таа плава боја сто ја сакав па сакам да пробам сега со бланс да извадам усте некое праменче Ч) ама страв ми е да не ми се изгори мн косата.... совет некој?
незнам точно каква плава сакш, јас се шатирав со фарба ама не ми искочи баш плава, карамел боја. а со птрелив не сум пробала
Не се оштетува толку многу како што викаат два пати неделно ќе му ставаш маслииново или бадемово масло на врвовите и нема гајле