Ве молам ако може некој да ми каже дали со тој деколорат или незз како се викаше за вадење фарба што е може да го ставам на шатирана коса па после тоа да се исфарбам(инаку косата ми фарбана темно смеѓа и шатирана некоја никаква жолта боја).Благодарам
Ова е шатирање или нијансирање? И ако може да ми препорача некое добро фризерско студио во Скопје каде што ќе можат да ми ја направат ваква
Зависи на кој како мене ми е побујна ко ќе ја исшатирам, ама ми е виткана ( дали заради то или незнам ), ја шатирам 2 пати годишно па супер ми е , и секогаш после шатирање ми ја ретчи и ми изгледа поретка ама ко ќе ја измијам пак ми е бујна
Мислам дека е нијансирање, ама прво ја шатират па после ја фарбат убаво изгледа ама јас мислам дека се гори многу косата , зато јас само си ја шатирам
да многу се гори косата. јас има половина година како се шатирав и косава сеуште се оправува,не би ја шатирала пак подобро само боја да си ставив.. како и да е треба многу грижа за косата ако се шатира.
Шатирањето не е за долгнавесто лице - го издолжува..земете го тоа во предвид имам другарка ко коњ е направена имаше долго лице па и се ишатирала
Јас сум во план од мојата коса да ми вадат светло кафеави прамени. Но некако се мислам дали ќе ми стое штетно ли е? Прво сакав да се шатирам (плави прамени) па се предомислив оти имам црни веѓи нема да стое. Сега сакам прамени да ми вадат светло кафеави а јас имам темно кафена коса. Сакам да ми кажете од тие што им имат вадено прамени посветли од косата, убаво ли стое, се оштетува ли многу косата?
Јас сум против шатирање бидејќи природно си е природно а + имам и светло кафена коса со плави прамени и сите ме прашуваат дали сум шатирана,а јас одговарам да Господ ме шатираше а понекогаш одговарам и природно шатирана сум
Имам темно кафена коса, а ја фарбам црна околу 3 години. Сепак последниве 4-3 месеци не ми е фарбана воопшто, е сега сакам да направам сиви прамени или па црвени... Сите ми викаат дека нема шанси бидејќи косата ми е темна, дека не можам ни да ја осветлам, пример светло кафена... Што мислите? Дали негде во Скопје има некој фризер што може тоа да го направи или пак некоја од вас некое слично искуство?
Девојки дај кажете нешто слично на колор шампонот, што паѓа постепено со секое миење ама не толку брзо како колорот. Во парфимерија ми рекоја да земам фарба со амонијак и се мијала како колорот, само подолго ја држела бојата.. Дајте некој совет, или препорачајте ми нешто
Луѓе. Ако се шатирате треба да знаете некои работи. * ако сте бринета - кафени прамени НЕ плави ! * ако сте плавуша - плави прамени * ако сакате омбре - НЕМОЈТЕ пошто сите имаат веќе така, досадни се и грдо им стојат со исклучок на оние со посветлите коси и добро постигнатото омбре. Ве молам
Луге јас имам темно кафена коса долга и сакам да се шатирам првпат. Досега не си ја фарбав косата. Е дали ќе може да ми искочи убава косата со фарба да се шатирам зашто читав по темава и многу викаат дека ќе се зезнам ако се шатирам со бланш ?
Сакам да се шатирам со мали прамени ко на сликиве подолу . Некои од тие бои дека и ја сум бринета . Треба да се одлучам за боја и студио . Незнам во кое студио , мислев ако знаете , сте биле или некој ваш познаник бил , кажете ми , дека јас стварно незнам студиа во Скопјево
Ова мислам дека најдобро ќе се постигне со креди за бојадисување на прамени. Брзо паѓа бојата но можеш повторно сама да си ги направиш без да одиш на фризер и да даваш пари Спојлер Плус,можеш секој пат различно