за темно кафена коса какви прамени да ставам -кафеави посветло и потемни,шампањ боја...но ми требаат некои слики или бои вие што сте употребувале(за да покажам на фризерка )
женски скоро ја шатирав косава плави прамени со бланш,инаку косата ми е природно кафеава..но сакам да го отстранам шатираното бидејќи воопшто не ми се допаѓа..размислувам да земам фарба како мојта коса кафеава но незнам каква ке ми испадне после бојата :? што мислете вие дајте ми некој предлог како да го отстранам шатираното?
Јас шатираното го покрив со фарбање, до душа три пари се офарбав дур да ја погодам нијансата, ама еве скоро година ипол ниту се фарбам, ниту се шатирам. Воопшто не ми се познава фарбаниот дел, единствено на сонце малку се разликува, бидејќи има поголем сјај. Последниот пат кога се офарбав ми испадна многу темна, скоро црна, ама фризерката ме убедуваше дека сме ја погодиле нијансата. Уште при првото миење бојата почна полека да паѓа, за после две недели да дојде до кафена нијанса како мојата. Јас би ти рекла да се посоветуваш со фризерката, немој сама да експериментираш. Мојава фризерка ми покажа каталог, ми кажа која фарба ќе ја фати природната нијанса на мојава коса, и ете ни успеа (е сега, ни успеа од трета, ама првите два пати со иста нијанса се фарбав, така што втора шанса ни било ).
И јас бев шатирана ама не ме направи убава.Пред тоа бев правена со полуфарба на палете има и од гарниер не ја гори косата и е без хидроген , а се раствара исто како фарба .Па ставив пак над праменчињата и супер ми испадна , не паѓа одма од косата пошто ако се направиш со колор веднаш ке ти падне , а со фарба ке ти се оштети косата.
епа женски вака сега пак размислувам да се офарбам плава вакво нешто како на сликата.. но незнам дали ке ми фати бидејќи како што напоменав погоре косата ми е шатирана, дали ќе ми фати плава боја или пак :? ве молам чекам брз одговор.. ?
Зависи од фарбата, не би требало којзнае колку да се разликува. Сепак бланшот ги прави прамените скоро бели, а фарбата сама по себе нема шанса бели да ги направи. Ама како и да е, имам другарки плавуши што намерно се шатираат после фарбањето, за да имаат посветли прамени. Убаво личи, без гајле
Здраво феминки би сакала ваше мислење и совет. Имам темно кафеава коса никогаш досега фарбана ниту шатирана, па би сакала да направам некои измени, да ја шатирам само незнам какви прамени би ми одговарале. Инаку имам зелени очи и тенот на лицето ми е така средно светол ве молам за совет
Јас откако ја нијансирав косава со бланш и со фарба, многу тешко ја расчешлувам. Инаку само кога ја фарбам немам таква мака. Дали некој има исто ваков проблем кога ја третира косата со бланш и потоа како ја негувате за да не се плетка толку?
Јас имам шатирана коса но од кога ке се избањам не можам да ја чешлам косата употребував маска за коса но од тоа ми паѓаше косата и престанав да го користам но не знам што да правам и што да користам за да ми го олесни чешлањето ако знаете ве молам помагајте !!
Се имав шатирано кога бев помала и тоа 2 пати по ред.Од тогаш си дадов збор дека нема да се шатирам НИКОГАШ ПОВЕЌЕ! толку ми се упропасти косата,без живот,без сјај,ко искубана кокошка бев.А имав толку убава густа коса.Ми требаа години за да ја воведам во ред ама и сега не е тоа тоа
девојчиња едно прашање, итно ми треба да купам утре капа за шатирање, ќе може ли да ми кажете колку пари е отприлика? фала многу
Незнам како некој фризерки успеваат и косата не се оштетува мислам се познава дека е убаво сиво шатирано и има сјај а не како на повеќето што гледам, а еднаш и јас бев, шатираните прамени ми беа слама , суви и разлетани, а некој што ги гледам абе милина убаво одвоени прамени се познава дека не и е оштетена косата, треба само да се погоди фризерката