1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шатирање

Дискусија во 'Коса' започната од natasinka, 11 јуни 2010.

  1. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.297
    Допаѓања:
    2.582
    Бринета сум,сакам да ја нијансирам косата ама не со плави прамени туку со некои нијанси малце посветли од мојата природна боја,да не биде многу упадливо :) Може да се направи нијансирање само со фарба? Пошто неќам бланш
     
  2. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не може но не држи ме за збор. Сепак прашај по фризерите тие најдобро знаат. :)
     
  3. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Девојки се шатирав со бланш и косата многу ми се уништи :devil: Целата ми е како слама и не ми се чешла :devil: Има некоја од вас слично искуство па да ми препорача некој шампон или маска? Денес јас купив Pantene шампон па ке видиме како ќе ми делува.
     
  4. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    купи си на лореал црвениот шампон и црвениот балзам ставај неделно еднаш масло до бадем орев или чичково масло избегавај пеглање и сушење со фен и за два три месеци ек ти се управи ама сепак мораш да ја скратиш на вршките малку јас после секое нијансирање ја кратам на вршките супер ми е сега аа или масла обавезно и маски и балзам сака многу нега и пари плавата коса да знаеш
     
  5. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    42
    Еве прашање до искусните, сакам да се шатирам, но со фарба само бидејќи знам дека бланжот премногу ја оштетува косата, па дали можете да ми кажете колку време ќе ми трае фарбата на косата?
     
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    luvS2, јас кога одев накај плаво се шатирав со бланш и немав апсолутно никаков проблем, меѓутоа девојката која ме правеше е ептен на место и знаеше што прави.
    Пиши каква ти е сегашната боја и на каква боја сакаш да одиш? :)
     
    На luvS2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Со фарба никогаш нема да го постигнеш истиот ефект како со бланш.
    Е сега, зависи и каква боја на прамени сакаш. Со бланш се добиваат баш бели прамени, некогаш маваат и накај тегет.
    Јас неколку години редовно се шатирав, ама многу добро ја негував косата, со соодветни препарати и немав никаков проблем. Точно е дека се оштетува косата, ама не значи дека ќе изгледа како метла.
    Зависи и каков ефект сакаш да постигнеш.
    Ако ти е кафена косата и да речеме сакаш поприродно да делува, оди на варијанта медови прамени или карамела боја. Има еден куп комбинации што можеш да ги правиш и се зависи од тоа каков тен имаш и каква ти е природната боја на коса. Во тоа може најмногу фризерката да те упати.
     
    На luvS2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Зависи со каква боја сакаш...јас сум природно светло кафена и мајка ми ми извади неколку прамени на шишките со фарба (капучино беше бојата) и баш убава ми испадна. :)
     
    На luvS2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Косата ќе го врати сјајот, користи посебни шампони за фарбана коса.
     
  10. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    42
    Девојки фала на одговорите, инаку косата ми смеѓа и би сакала да ја исшатирам со боја која би ми се слевала на сегашната боја, секако да не е многу драстична разликата, но посветла за да ми ја освежи :)
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Пред да се решиш да закажеш, распрашај се како и дали воопшто фризерката се снаоѓа со шатирање, сум се изнагледала кај другарки утнати шатирања :tmi:

    Исто, ако ја имаш гледано `Како ја запознав мајка ви`, сигурно ќе ти текне на сценава
     

    Прикачени фајлови:

    На luvS2 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    хахахахахаха ме изнасмеа :D
     
  13. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Имам природно смеѓа ваква боја на коса, долга ми е до под лактови и сега сакам да ја шатирам. Не сакам класични бели прамени сакам нешто поприродно и убаво да дое ама не знам какви бои (нешто посветли и потемни нијанси од природнава па и некое невпечатливо бело да залута не е проблем доколку убаво изгледа).

    Дали би можеле да ми предложите некоја идеја преку слика?? Како и да е кога ќе одам на фризер да имам барем некаква идеја да и посочам на фризерката. Молам за помош малце :$
     

    Прикачени фајлови:

  14. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Јас сум многу против шатирање,да изгледа убаво првиот месец ама потоа кога ќе подникне и мораш да чекаш да поминат уште неколку месеци да се шатираш...А брзо подникнува зашто не шатираат скроз од корен туку на 1 до 2 см,бидејќи ќе се добијат точки.

    Плус после ако некогаш сакаш да прекинеш да се шатираш не можеш,ем бланшот е многу јак ќе мора да се чека да порасне косата а и да се исфарбаш цела плава пак ќе се познава и нема да изгледа убаво(ќе биде шарено ептен).А пак некои со фарба што шатираат се добива најчесто портокалова некоја нијанса а не таа кремавата.Ама сепак веќе ако се одлучи за шатирање да е со фарба ,никако со бланш.Тие што се поквалитетни фарби веројатно фаќаат добро.

    Ама секој си знае најдобро за себе,ја не препорачувам.
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас неколку години се шатирав со бланш, прамените ми беа скроз бели, дури накај тегет маваа. Ама имам супер фризерка што си ја знаеше работата и околу три години имав многу убави, тенки прамени. Редовно се шатирав, ама па и доста производи за нега на коса користев и затоа не бев исчупана.
    Кога ми досади и реков доста шатирање, фризерката ми извади огромен каталог со милион нијанси и одбравме две костенливи според мојата природна боја на коса. Првата испадна дека е малку поцрвеникава, баш костен боја. Ама втората се вклопи совршено. Точно две години поминаа откако последен пат се исфарбав. Уште имам и од фарбата и од бланшот на косава, ама сѐ е покриено.
    Зборот ми беше - со добар фризер ќе имате убава коса што и да одберете.

    Инаку srcence1607, сѐ зависи од твојата природна боја на коса. Можеш да извадиш медови прамени на пример, капучино или лешник боја. Можеш и да ги комбинираш тие нијанси, или да додадеш и бели прамени. Милион варијанти има. Можеш и balayage техника да примениш, ако сакаш нешто посуптилно и да делува поприродно. Башка лето иде, јас сум повеќе за тоа :)
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    AnaKarenina, може да ми објасниш повеќе за оваа balayage техника. Како се изведува и дали кај нас воопшто се прави?
    Имам бели влакна, па сакам да видам како да ги покријам, ама не сакам со шатирање.
    И која е твојата фризерка што толку ја фалиш, дали таа знае да ја прави така косата?
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Balayage сакаше сестра ми да направи, она има многу долга коса, па и здосади и сакаше нешто да смени. Прво сакаше омбре, ама фризерот нејзин и препорачал balayage. Ако направи и биде успешно, мене не ми бега :wasntme: Со мојава фризерка не сум правела муабет за оваа техника, така што не знам дали ја правела до сега :?:
    За бели влакна ми се чини дека подобра опција е шатирањето. Затоа што balayage е само осветлување на некои прамени, тук таму, за да дојде како sun kissed hair. Осветлувањето не почнува од коренот, туку многу подолу. И не е толку забележливо како омбрето на пример.
    Еве како изгледа
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Баш како природно осветлена му доаѓа.
     
  18. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Жени одамна плаирам нешто да сменам на косава,до сега не сум фарбана. Несакам да ја горам зошто и така ми се истенчи и испопаѓа и во двете бремености = сум вечито слабокрвна и ептен ми опадна ,поготово сега додека мали цица. Од што редовно кратам врвови никако да ми потпорасне,статична ми е до раменици. Сакам да и дадам волумен облик па би ја нијансирала. Е сега незнам дали да вадам прамени или само да ставам прелив во 2 нијанси посветла од мојата. Дајте некој предлог :)
    Фризурава и бојава се ептен слични ко на сликава
     

    Прикачени фајлови:

    • download.jpg
      download.jpg
      Големина на фајлот:
      6,7 KB
      Прегледи:
      291
  19. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Девојки, која фарба би ми ја препорачале за шатирање на косава? Слика во спојлер :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 200420144215.jpg
      200420144215.jpg
      Големина на фајлот:
      232,5 KB
      Прегледи:
      286
  20. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Јас се решив. После празников се шатирам и тоа ваква. Се заљубив во косава. Ми рекоа 1 000- 1 200 денари пошто не ми е густа косата ама сум имала должина голема и затоа. :inlove: Can't wait :rofl:

    Само кажете ми, ова со капа или со фолија е правено?? не се разбирам
     

    Прикачени фајлови: