WOW! Прекраснотии Ми се чини фолија ама не сум сигурна, битно преубава е да си ја направиш вака обавезно
Еден совет за шатирање/бланширање од мене, a може да се важи и како notes to self: DON'T DO IT Никогаш повеќе
Се шатирав за Нова Година со фарба. Не ни помислував на бланш а и фризерката ми рече да не ја оштетувам. Имам темно кафеава-костенлива коса, а прамените ми се медова боја, така удараат на смеѓасто. Не се примеќаат многу, но и јас сакав таков ефект да постигнам, како за прв пат да не бидат многу приметливи, но сепак да се познаваат. Јас лично сум многу задоволна и ќе се шатирам пак наскоро со малку посветла боја. А инаку фарбата ми стоеше околу 1 час ако не и повеќе оти косата ми е ептен темна и тешко се фати ама излезе накрај
Пред една недела се шатирав и тогаш за тогаш од две-три миења ми падна преливот, и сега косата ми изгледа шарена. Горниот дел од косата до пола ми е убаво излезена белузлаво, додека надоле прамените ми се жолтеникави од претходната употреба на фарби и кна. Може ли да ми препорачате со каква фарба да ги избојам само надоле прамениве да ми се изедначат некако а да не маваат нијанси накај жолто ?
Деновиве нешто ми е во мисла да се шатирам, последен пат бев шатирана кога бев матурантка а тоа одамна беше , сакам некоја промена, само се плашам да не ми стане слама, сакам тенки бели прамени, не жолти, може ќе се решам до крај на годината ...
Ваква нијанса со фарба или со хидроген се постигнува, бојата ми личи на лешник ама многу ми се допага, мислам на тенките шатираните прамени, има некој искуство со ваква нијанса ?
Интересно изгледа. Ако некогаш се шатирам, би сакала прамени кои се неколку нијанси посветли од природната боја на мојата коса.
помагајте, се шатирав во понеделникот со фарба ама не ми фати многу и во петокот се ишатирав со бланш, планот беше да испаднам како сликата погоре и врз бланшот ставив прелив, сега косата ми е ужас,изгорена, бела со црно плус дебели прамени неможам ни да ја врзам како зебра сум дај кажете што да и права да ги затемнам тие дебели прамени да не се познаваат толку ве молам ваква од дома неможам да излезам...
@la.diva, купи некоја убава кафена нијанса и префарбај ја целата коса. Имај во предвид дека бланшот понекогаш тешко фаќа боја па можеби за некоја недела ќе треба повторно да се префарбаш.
Малку совет ми треба. Сакам да се шатирам па отприлика кој е поискусен да ми каже дали погусто или поретко?Пошто имам доста густа коса(кафена) до раменици ми е и сеа некои викат поретко некои погусто....уште вас да ве прашам погусто или поретко
Поздрав девојки Сакам да се шатирам но мојата коса е црна и незнам како ке испадне така да сакам да си пробам дома да се шатирам ама незнам каде би можела да најдам капа за шатирање. Ај помогнете ми кој знае каде се продаваат. И доколку имал некој искуство со шатираењ дома на црна коса ке ми биде од помош. Фала однапред
Зш никој не ми дава совет. Ако не друго дајте ми мислење како ке испадне шатирано на црна коса па потоа фарбано во некоја светло кафеава боја за да не бидам како зебра
Незнам како ќе биди на црна а ии дали воопшто ќе ти фати некоја боја на црната...мајка ми неможеше никако да се исшатира на црната па мораше да ја осветли па да ја шатира.. А како сакаш да ти дојди косата?
Па сакам прамените да ми бидат светли не оно плави KAKO НА СЛИКАТА дури и потемни не се жалам . Да добијам некоја природно кафена боја бидејќи откако ќе ја шатирам ке ставам светло кафена боја врз прамените но појма неам како ке испадне свашта пробав никако да се ослободам од црната коса фризерката ми рече дека спас ми е шатирање ништо друго
@Gona 2015, во никој случај не би ти препорачала дома да се шатираш. Сепак не станува збор за обично фарбање, а во твој случај ситуацијата посебно ја усложнува тоа што ќе осветлуваш црна коса. Сем тоа, купувањето на професионална капа за шатирање најверојатно ќе те чини многу повеќе од самото шатирањето во салон. Не пишуваш дали црната боја на косата ти е природна или е добиена со фарбање. Ако си фарбана црна, најверојатно осветлувањето ќе се прави со бланш и првичните резултатите може да бидат и малку разочарувачки (место светли, прамените може да ти излезат морков боја)
Веќе подолго време се фарбам црна но неколку пати сум пробала сама да ја осветлам со бланш и со триста чуда но залудно и повторно си стравав темна фарба за да го прикријам шаренилото. Се консултирав во врска со шатирањето дома никој не ми препорачува и секако дека одлучив да одам во салон за да не се зафркнам пак како минатиот пат да станам шарена. Хммм... се надевам нема да испаднат прамените морков боја бидејќи од тоа најмногу се плашам. Ти благодарам за советот