Мене веќе ме фаќа страв и да мислам..................Скоро што и да помислам се остварува по некое време И покрај тоа ЈАКА интуиција имам Тоа се 2 нешта што ги мразам кај мене ...
А и заборавив да кажам дека во сон ми се прикажуваат работи што ќе ми се случат...и сонот се остварува за 1 ден најкасно за 2 дена Сонувам некои разговори,ситуации и утредента ги имам истите разговори......уффф
едно да за шестото сетило!!! постои, тоа можам да го утврдам, барем јас лично. не дека ги движам работите според него, ама знам кога да го послушам
Да...Да за шестото сетило... Јас...одприлика можам да прочитам нечии мисли(не баш тотално...), барем да знам како размислува и што чувствува... Мислите дека само на блиските мои, затоа што ги знам ...ама и на тие што прв пат ги гледам можам да им видам што имаат во душата, што мислат за мене, и за тие околу мене, како се чувствуваат.... Гледам дека никој нема ваков проблем и се плашам сега.. Што е со мене??
Повторно ќе пишам на темава,иако веќе имам коментирано,шесто сетило,нешто што стварно е можеби необјасниво,што секој човек го има,нешто како дајмонион,збор со кој Сократ го именува тој внатрешен глас кој го предупредува човекот за некои работи што му се случуваат во животот.Можам комотно да кажам дека пред малку тоа шесто сетило,дајмонион,како и да се нарече,ми се појави како аларам,можеби некој веќе примети на чатот,што се дешаваше во врска со мене,не беше којзнае што,но доволно да почуствувам дека нешто не е во ред и да направам едно делит,се надевам дека нема да продолжи,покрај пораката што ми стигна и што нормално ја избришав.Смешно ми е некое машко тука на форумов со негативна намера да бара скајп од некоја членка,па и само заради тоа се логира на форумов,но не е моја работа да кажувам кој треба да се логира,кој не,секој има право,меѓутоа постапките не се добри.Целата поента ми е да кажам за шестото сетило,затоа и кажав претходно што се случи,страшно некое чуство ми се појави,кое едноставно ми покажа дека не се работи за добра намера,добро е што е навреме незнам зошто некогаш ми се случува да ги чуствувам луѓево,нивните намери спрема мене,нешто што ми кажува со каква цел ми приоѓаат,па честопати знам добро и предвреме да ги решам некои работи,само заради тоа шесто сетило.
Ако зборувам за шесто сетило, зборувам за интуиција. Јас, мајка ми, дедо ми, по таа линија, имаме мн.јака интуиција...особено јас. За жал повеќе за лоши одколку за добри работи. Ме мрзи да пишувам многу, ама имам мнооогу примери кога предосетив што ќе се случи, и се случи подоцна.
Да - дефинитивно .. Многупати ми се има случено да погодам што мисли тој со кого зборувам .. Веднаш потоа тој почнува да кажува за истото тоа .. Најчесто ми се случува тоа со една другарка
Јас за некои работи имам претчуство за некои не.Ама имам една другарка што многу лаже и веќе знам кога има изговор за нешто ајде еднаш два пати ама па 5 год не може на исти финти да се вади веќе финтите и станаа многу прѕирни.За се и сешто има изговор кога е во прашање излегувањето со друштвото.одморот или дечкото и забранува премногу или не знам што више.A мн фина девојка си е ама изгледа и е срам да каже дека дечкото и забранува ама пак ја ја осеќам кога лаже и со да и правам се правам дека така е како она што ќе каже а понекогаш е толку убедлива што самата би си поверувала на своите лаги.
Имам премногу развиено шесто сетило и умеам да читам мисли..5 ниво! Понекогаш го мрзам ова..пошо ќе очекувам некоја работа да се десит,а длабоко во мене ќе знам дека немат..и тапа е то. Ама воглавном..ми помагат. А и сонојте 90% ми се остварвет.
многу често мис е случува да погодам дали тоа што ми се зборува е лага или вистина ..едноставно доволно е да го погледнам човекот во очи и - како да му ја гледам душата . Тоа мислам дека ми е доблест преку поглед , говор на тело да погодам за што се работи . Исто кога се крие нешто од мене дома знам да погодам , мајка ми како мајка не знае да ме лажи но не е до тоа.. погодувам и ако некоја другарка крие нешто од мене па ќе и речам ма таа е зачудена и ме прашува : од каде знаеше дека имам за кажување
Мн пати нешто што сум помислила се случило истоото. Исто така во последно време соновите што ги сонувам ми се исполнуваат т.е. тоа ми се случува др ден
Ми се случува да имам претчувство за многу нешта кое се показало точно.И соновите кои ќе ги запомнам знам што значат за мене лично,не знам да толкувам на др.сум приметила извесни симболи и повторувања кон што точно водат во стварност.Пречесто откривам лаги или манипулации и скриени намери кај луѓето. А најјезиви ми се оние веќе видено случки,еднаш за миг го видов еден простор како неколку стотини год.наназад,на јаве сред бел ден,неколку секунди траеше,па истиот простор ми се врати во денешни рамки,ме фати страв дури,па после се убедував дека сум си умислила,уххх ...
Исто како Теодора. Своите сонови знам да ги одгатнам, можам да им го видам значењето. Некогаш ми се случиле во реалноста, некогаш не. Туѓите сонови колку и да се трудам, колку и да мачам мака, не можам да ги одгатнам.
Дефинитивно постои.Не знам дали е кај сите луѓе или само кај одредени, но го има.Јас, лично,не знам што би правела без него.
Има нешто дефинитивно... И јас сум почувствувала нешто слично, секогаш пред да ми се случи нешто лошо јас едноставно знам дека ќе биде така, чувствувам. А најлошото е тоа што неможеш да спречиш. И за телепатијата пишував во друга тема-ми се случува често со најдобрата другарка.
Пред некој ден седам со другаркиве после школо а имавме писмена и овие исплашени леле што ке имам јас елел..И јас и викам првен на едната на зафркаванција ти 5 ти 4 ти 5 ..И утрото ни ги дават писмените и баш на тие другарки истите оценки што му ги кажав му се паднаа тие ни ни помислиа на тоа,ама јас како камен во срцето цела зачудена паник почна да ме фаќа имав слична и ваква случка ама ајде не пишам веќе. Ај бе ке напишам Пред некоа ден на две другарки му викам леле што сакам земјотрес да има да не фане и после си идам и вестите ги слушам(и јас со баба се загледав ) Латас ми најавуе дека крајот на 2012 почетокот на 2013 можни се земјотреси во неклоку змеји оти сонцето нешто ке испарувало незна таму шо веќе и навика ми станува.Е сеа незнам дали е шесто сетило оти не ги исчитав мислењата многу.
Мислам дека и кај мене го има ова шесто сетило и тоа во последно време многу често ми се случува да помислам нешто и тоа да се случи.
Понекогаш навистина го мразам тоа шесто сетило, ма да повеќе би кажала дека е и еден вид женска интуиција, што знам. Никогаш не ме излажало, ко однапред да претчувствувам нешто и на крајот излегува дека сум била во право. И кога ќе ме праша некој - е од каде знаеше, ти кажаа? - Ма не, не знам како, едноставно се чувствувам како да знаев цело време ... Чудно е, а нема да негирам дека знае да биде и корисно, во зависност од ситуација. Најмизерни и најмрачни ми се соновите, посебно кога некои ги доживувам и на јаве - е тогаш, језиво е, а богами го проколнувам тоа никакво шесто, десетто и какво ли уште не сетило!