Bерувате ли во васата интуиција? Да верувам. Обично од прва ги читам луѓето, осеќам дали се позитивни или негативни. Е последен пат излегов со еден дечко и интуицијата ми викаше дека е подобро да стојам понастрана од него бидејќи ми се виде “испод мира триста вира“, значи подмолен, себичен, самобендисан. Не си ја послушав интуицијата и после се разочарав. Чув што не сум чула до сега, видов себичност што кај машко досега не сум ја сретнала.
Bерувате ли во васата интуиција? искрено мојата интуиција била за никаде од секогаш ама чудно од како забременив некако се сменив,нешто да посакам знам дека ако го земам нема да згрешам бидејки ке е добро. последните неколку пати на гребка сакав да гребам и сите 3 пати си добив мала цифра чудно кога сакам знам дека нешто ке е а ако несакам а пробам тогаш ништо
Bерувате ли во васата интуиција? Bелат женската интуиција е поизрназена од машката,се согласувам до некаде но мислам дека мажите и не обраќаат толку внимание.Jас многу повеке ја слусам сопствената инт.отколку мисленјата на другите,е тоа знае некогас да ми е проблем,бидејки не секогас е точна.Mеѓутоа кога се работи за проценка на луѓето како сто кажа една феминка,секогас испаѓала точна,судејки по нивното понасање честопати сум знаела како ке постапат во одредени ситуации.Dечко ми често знае да се насмее на моја сметка,дека имам некоја предвидувацка моќ
Bерувате ли во васата интуиција? Многу често ми се случува (на пр.) да не се осеќам добро во врска со нешто и најлошо е што наместо да го кажам моето мислење јас си молчам и после секогаш се случува тоа што сум го чувствувала или настаните добиваат таков тек... Идиотизам!!!
Bерувате ли во васата интуиција? верувам ама некогаш и нее во ред таа претерана интуиција што ја имам...посебно за лоши работи знам дека ќесе скарам со дечкоми знаам кога некој близок ќе умри и без да ми кажат (мн пати ми се случило тоа) пред некоја година имаше невреме со голема матријална штета мн беше и страшно јас предчувствував знаеев и на сон ми се јавуваше...и мн други работи...
Bерувате ли во васата интуиција? Да, супер ми оди со интуицијата. Секогаш на што и да си помислам така испадне. Само некогаш не го кажувам тоа што го мислам, па испадне како што сум рекла. Се случи нешто и јас просто ЗНАЕВ! Или некогаш кажам дека ќе се случи нешто, никој не ме послуша, па испадне по моето и „Ти реков?“
Bерувате ли во васата интуиција? Е јас кога го викам тоа „Ти реков“ или „Знаев“ не е до мојата интуиција туку гледам на фактите дека ќе излези така ...
Делумно верувам во ова со интуицијиве и сетилата понекогаш ми се случува да си осетам дека доаѓа среќа или тага пред мене, некое претчуство за некои поважни и поголеми работи
Се согласувам со ова,има луѓе кој одма донесуваат некоја одлука,но има и некои што ја разгледуваат ситуацијата од сите агли и премногу размислуваат,па имаат повеќе шанси да ја предвидат ситуацијата.Барем моја дефиниција за “Шестото сетило“е таа.
имам некоја интиуција за многу работи,осеќам дали некој ме лаже,дали е искрен. Пс затоа немојте да ме лажете не ви вреди
До сега во повеќе наврати се испоставило дека шестото сетило не ме излажало во одредени ситуации. Дури некогаш и другарките се консултираат со мене
Обично ова шесто сетило се јавува само пред некој лош период, небитно дали е поврзан лично со мене или со некоја друга личност или настан или што и да е Многупати се случило да и кажам на мајка ми некоја работа и таа да не ми поверува па откако ќе се случи да и речам "ти реков".
Интуицијата кај мене е доста развиена,значи ненормално јако чувство,ми се има случено и визии да имам и од што ми било страв сон не ме фаќало. Но колку е добра интуицијата толку е и лоша,некои работи понекогаш верувајте не сакате да ги знаете.
Имам добра интуиција,ретко ми се случува да ме прелаже...Кога нешто лошо се спрема,цело време чувствувам нешто како трема,во стомакот имам чудно чувство,некако меланхолична сум,,тажна,вознемирена,не знам како да објаснам,но е премногу чудно.