Мислам дека имам. Неколку пати пред излагање сум имала некои чудни чувства во стомакот, некој немир, нервоза и секогаш се случувало нешто лошо..
Имам интуција ..порано ич не ја слушав ама сеа како минува времево гледам да ја следам сеуште на моменти се прашувам да не си преовеличувам, но мислам дека не пошо многу јако ја чувствувам.
Шесто сетило/претчувство може да се објасни и без да има потреба да се излегува од границите на науката и логиката: Човекот е изложен на огромен број дразби од средината (аудитивни, визуелни, тактилни, и др.). Ние сме „бомбардирани“ со секакви сензорни дразби, некои од нив се посилни, а некои посуптилни и послаби. Нашите сетила ги примаат сите нив, но мозокот е оној кој одлучува кон што најмногу ќе се насочи (зависно од моменталните потреби, ситуации, од самите дразби и сл). Огромен број од тие информации што ги восприемаме преку нашиот сензорен апарат (сетилата), не ги обработуваме со целосно внимание во мозокот и не ги освестуваме до крај. Или би рекле ги осознаваме нецелосно, на некое пониско ниво од свесното. Е кога мозокот во еден момент ќе ги поврзе сите тие информации, што само површно ги регистрирал и тогаш се јавува претчувството. И мислам дека не случајно при таквото освестување на информацијата, прво се јавува чувството или емоцијата, затоа што честопати, од неа потоа се создава и когнитивниот аспект, односно мислата/идеата. Дури тогаш стануваме свесни што собрала нашата „антена“ и стануваме свесни за ситуацијата каква што е реално и на можните исходи и последици од неа. Уште и ако после тоа наше претчувство навистина се реализираат тие хипотетски исходи, тие само ќе ни служат за потврда на нашето шесто сетило. Затоа не се плашете од вашите претчувства и не им давајте надреални својства. Тие не се нешто надвор од нас. Претчувството е алатка што секој ја поседува (независно од полот на кој припаѓа), но не секој знае дека ја поседува и не секој ја користи во секојдневните ситуации.
Ептен ја потценував интуицијата но во последнава недела многу пати се најдов во ситуација за која немам објаснување. Премногу е за да биде случајно. Помислив на една жена која не ја обожавсм многу и нешто ме натера да и копам по профилот на инстаграм. И ај си реков да не се глупирам нема потреба. Следниот ден нешто ме натера да проверам и добив потврда за тоа што си го помислив. Пред некој ден се присетив на моја блиска пријателка која ми даде многу работи за бебе, и се присетив на муабетот кога ми ги даваше и јас ја прашав зошто не си ги сочува за понатаму, ми одговори дека не се надева на друго бебе, едвај со ин витро успеала едно да има, немала надеж за понатаму, со солзи ми го кажа тоа и рече дека ако нешто се случи и пак има бебе се ќе купува ново, само да се случи. И толку, се присетив на случката и заспав. Вчера ми се јавува пријателката и ми кажува дека е бремена. Имав уште неколку случки за кои нешто како да го помислував само и потоа се случуваше, иако во себе сум ја отфрлала мислата или не сум обрнала доволно внимание. Но тие беа претежно ситници. За овие две што ги напишав ептен се подзамислив. Така да ова не знам кое сетило ќе да е ама многу се развило.
Имам развиена интуиција, а тоа понекогаш ме плаши, затоа што ми е тешко да разграничам кога имам лошо претчувство за нешто а кога сум само возбудена. Тоа ми пречи да уживам и да се опуштам, на пример, кога пробувам нешто ново, кога се запознавам со нови луѓе итн. Возбудата и напнатоста можам да ги протолкувам како лошо претчувство, кога воопшто нема причина за тоа.
Искрено имам и веќе почнувам да ме плаши ова. Често ми се дешава да имам интуиција незнајќи за конкретната причина и се дешава лошото. Незнам како да ви го опишам ова конкретно, не сакам да ми се дешава.
Интуиција се вика и нема ништо мистично во нејзе. Интуицијата е сплет на синапси што се производ на искуство и кои се 'уклучуваат' инстинктивно.
Шесто сетило е кога претчувствуваш нешто? Ако е тоа, јас мислам дека го имам шестото сетило. Претчувствував некои работи, си велев дека тоа се само мисли, но навистина така испадна како што претчувствував. За голема жал.
Мислам дека имам добра интуиција углавном но некогаш можеби ме излажала а да не знам иако до сега не. И емоционално многу можам да се поврзам со друга личност во смисла знам што сака од мене или што сака да ме праша, многу пати ми се случува да ги прочитам намерите.
Толку многу ми е развиено ова сетило што понекогаш и се плашам како може да биди толку непогрешливо. Досега, 2-3 пати си го немам послушано внатрешниот глас и горко сум зажалила.
Ми се случува често последниов период да имам претчувство пред нешто да се случи. За некои ситуации и луѓе дури е ептен без претходни информации, значи не е мисловен процес кој наеднаш ти се освестува. Не е ни као неосвестени дразби.. Баш е наеднаш, спонтано и непланирано..филинг прво..па мисла..па валидација набрзо.. Ми се има случувано цел живот..некогаш поретко некогаш почесто..
Дечки имам некое чуство дека утре нешто ќе тргне мнг наопаку, не можам да си објаснам. Денес цел ден се чуствувам мнг лошо, стомаков во грчеви, грлово затегнато, немам апетит, како нешто мнг лошо ќе се случи утре Криво ми е што сабајле не бев на литургија искрено а и кошмари имав ноќеска.... Стварно се надевам дека побрзо денов ќе помине и утре се ќе тече по нормала.... Дали некој од вас имал слично искуство?
Ништо не е, ти како верник знаеш дека од Бога е мирот, спротивното е само некакво искушение и измама. Не подлегнувај на лоши мисли.