Koga svesno ja upotrebuvam intuicijata mislam deka funkcionira samo sto uopste ne se zamaram so intuicija, poise kaj mene proekcija dominira zatoa u site imam doverba
Случајно налетав на темава па да споделам едно искуство.. Со бившиот при една караница, една вечер мир немав да заспијам. Цела вечер упорно сонував дека ме изневерува. После некое време дознав дека баш таа вечер бил со друга девојка, и замислете за некое чудо како подарок за роденден добив признание "Да се видовме, ама не се случи ништо, зборевме за тебе.." Погодете откако раскинавме која му е новата девојка
Женска интуиција нема утка. А и овој со карактерот само за бивши е. Ти си дошла дома со несоница тој со неа демек за тебе зборел.
Последниов период ми се случува да имам чувство дека ќе видам нешто конкретно или дека ќе слушнам за некој настан и непосредно после тоа чувство, тоа и да се случи. На пример кога сум во кола и се движам по празен пат, добивам многу кратко како визуелна слика или само идеја, дека наредно што ќе наиде ќе биде мотор или велосипед, а не автомобил и на следната кривина да се разминам баш со мотор, а не со автомобил или поголемо возило. Понекогаш наместо визуелни блицеви или идеи, ми доаѓа некоја емоција или чувство без лично да имам причина така да се осеќам. На пример, убаво да сум расположена и да ме облее чувство на тага заради разделба заради смрт ама повеќе како од аспект на тој што умира и си заминува од светов, за да после ми јават дека баш тогаш некој починал. Некогаш ќе осетам потреба да се јавам некому што не сум го слушнала извесно време и да има здравствен проблем.