1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шизофренија

Дискусија во 'Психологија' започната од BlackSwan5, 13 јули 2011.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    Дали можеби знаете од блиско или далечно опкружување што зборува на своите деца еден родител со шизофренија? На пример: ти не си мое дете, јас не сум ти мајка, не требало да те родат, лош си… Такви некои работи ако некој случајно знае или слушнал.
     
    На Abracadaver му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Ехе не да е можно. Личност која во моментот е психотична се може да каже, да не верува дека има дете , да верува дека детето може да и наштети, да сака да го повреди. За жал центарот за расудување добро/лошо не е активен.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    Ме интересираше конкретен пример што се кажуваат. На пример: ти не смееш да зборуваш мораш да молчиш, тебе никој не те сака умри… сега лупам овие два примери ама примери ми требаат, најдов некои работи на нет ама не се баш примери.
     
  4. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Нема кај психотичност исти примери. Секој психототичен човек си е приказна за себе си. Се може да рече /да си замисли во главата таквиот човек. Дури и бизерни делузии како умри.Нема правила.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    11.467
    Пол:
    Женски
    Да, се случува, ама тоа не го кажуваат при здрав разум и свест.
     
    На gjoker4e и Серотин им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    Не ме разбравте можеби
    Конкретни примери ми требаат што рекол некој родител со шизофренија на своето дете
     
  7. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.661
    Допаѓања:
    2.434
    Пол:
    Женски
    И мене тоа ме интересираше и ги давев во темава и ме искараа убаво. Ама некаде имав прочитано дека во медицината 2+2 не е 4 што значи дека не можеш низ нешто да се раководиш и да знаеш тоа е само така. Дури и докторите знаат да утнат дијагноза а не пак ние што читаме од нет. Не можеш да си сигурна дека личноста има шизофренија ко ја што не знам која ми е дијагнозата иако знам дека не сум ,,нормална’’.
     
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    Мене примери ми требаат поради друго нешто
    Не мислам дека јас имам или некој
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.661
    Допаѓања:
    2.434
    Пол:
    Женски
    Епа прочитај ја цела тема со примери ти се иако се не е точно во темава затоа и ти реков. Пишале асентра дека е за шизофренија, а истите лекови ја ги пијам и на упатството пишува дека е за анск.
    Се имам прочитано во темава баш ради тоа дека се сомневав.
     
  10. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    За шизоафективно растројство што е дел од психитичен спектар на растројства се даваат антидепресиви или постпсихотична депресија може асентра но секогаш во комбинација со антипсихотици се дава. Има многу форми дури и биполарно растројство се смета за вид на психоза.
     
  11. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.661
    Допаѓања:
    2.434
    Пол:
    Женски
    Еј ми се смачи од тоа биполарно.
    Поише би рекла дека шизофренија иам него тоа. Мене тоа ми го лепат.
    Иначе ја не се сомневам во шизофренија ради асентрата. Знам што пишува на упатството. Ама јас пијам и други апчиња што се викаат кветиапин. Е тие се и за шизофренија. Ме мислат мене демек сум у заблуда. Ама јас знам да ја препознавам реалноста од фантазиите у глава. И ме нервираат.. Ако пијам апчиња одма си мислат дека кажувам искревена си некоја верзија. Накратко не ми веруваат. Нивно си е. Зашто јас бев од почеток свесна дека не сум во ред. Да не бев немаше да кажам и тоа подразбира дека ми били полошо колку што иам читано. А имам и докази за тие што не веруваат дека сум свесна и тоа докажува дека не сум во некакви измислени заблуди.
    А за шизоафективно исто се сомневав едно време. Само треба да истражам се убаво. Ама се изморив зашто психозата е многу широк поим и може се да ти биде.
     
  12. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Не се плаши, дури и шизофренија не е страшна дијагноза сега. Има многу лекови и 3/4 од болните завршуваат во ремисија. Остај филмови и глупости ништо не е точно од тоа. Холивуд прави забава за публика. Речиси сите имаат заблуда за болеста. Најверојатно ќе ти помине се и ќе бидеш "нормална" пак многу добри лекови има сега само трпение треба. Не се нервирај и плаши. Само пи лекови, трпение и без паника.
     
    На manga_, Angie1432 и Dashing:) им се допаѓа ова.
  13. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки како да се однесувам со блиска личност која најверојатно има шизофренија а да не ја навредам?
     
  14. manga_

    manga_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    однесувај се како со секоја друга личност што се однесуваш.
    зашто би се однесувала поинаку?
    можеби само потолерантна да бидеш и да го/ја разбереш ако има делузии или ти се налути без причина.
     
  15. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Се работи за мојата мајка,пред повеќе од 15 години имала постпородилна депресија и во бременоста пиела многу јаки апчиња за да го износи плодот.Пред 10 години со хелекс, асентра и респеридон го надминала овој проблем и од тогаш до сега немала никакви лоши мисли,но некој период не знаеме колку точно не ја пиела терапијата и сега пак има халуцинации или барем се надевам дека се халуцинации.Постојано ми зборува за семејството од страна на татко ми како ја малтретирале и исмејувале(што е вистина цело време и правеле лошо) и за татко ми колку физички и психички секојдневно ја малтретирал(што е исто точно).Ме плаши тоа што постојано мисли дека некој ја напаѓа,дека и кажуваат некои работи кои што ми немаат смисла(не знам дали да верувам затоа што не сум со нејзе кога се случува тоа,а од татко ми очекувам да и каже нешто лошо и после да се вади на тоа дека нејзе не и е добро,измислува и слично),цело време мисли дека некој нејзе сака да и наштети и сега скоро ми кажа како некој непознат човек и кажал дека ќе ја убие,ќе ја претепа и слично.Има огромни трауми од татко ми и неговите и живее со страв,не знам како да и помогнам,само со мене разговара така а од другите како да се крие не зборува за тоа само е замислена и гледа во една точка.На моменти си зборува нормално и се однесува добро и наеднаш почнува да збори за тоа и ми вика како јас не и верувам,дека она е добро и не и е ништо ние со сила ја правиме луда и слично.Неколку пати беше на психијатар и таму се однесува нормално,не зборува за минатото и не може да се примети дека не и е добро ама јас сум премногу блиска со нејзе и прва приметив дека и се враќа стравот и депресијата.Не знам што да правам, она е убедена дека сите се против нејзе и цврсто верува во тоа а јас не се сеќавам на се точно сум била многу мала кога се случувало се тоа и не знам дали е можно да е се вистина.
     
  16. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски

    Да не и викаш дека тоа што го гледа/ слуша не е реално оти за неа е реално. Мнолгу ќе се навреди и ќе стане агресивна ако и викаш само во твојата глава е тоа, не постои тоа.
     
    Последна измена: 19 ноември 2022
  17. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Јас само и кажувам дека не знам дали е така затоа што не се сеќавам ама татко ми и збори(ете пак збориш глупости,не си нормална и цело време и посочува дека не и е добро)а она уште толку се брани и он се нервира ствара тензија само се расправаат.Јас и кажав да дојде да живее со мене и сопругот ама она не сака затоа што имам помала сестра и не сака да ја остави сама со татко ми, мене би ми било полесно ако ми е блиску затоа што сум невработена и ќе можам да ја набљудувам ама ништо од тоа.Инаку син ми и е позитивна точка во моментов и кога го чува гледам дека и е подобро,имам потполна доверба во нејзе за син ми дури и повеќе отколку во татко ми.
     
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.155
    Допаѓања:
    169.432
    по ова што го читам мислам дека нема врска со шизофренија
    ова и е некоја анкциозност иои депресја
    нека си ја пие таа терапија шо си ј апиела порано
    а у меѓувреме нека посетува психијатар
    вас ке ве излаже ама психијатарот нема да може
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Би рекла дека жената страда од Пост-трауматско растројство, кое преминало во параноидна шизофренија. И мора да пие лекарства.
    Се додека е во средината која и ја нанесува болката, не очекувај подобрување.
    Татко ти е проблемот!
    Не знам на колкава возраст си, но доколку си повозрасна, време е нему да му поставиш граници или да ја тргнеш неа од таа средина.
    Не се обидувај да ја убедуваш, треба да сфатиш дека тоа е состојба, не е можно убедување. А не треба ниту татко ти. Добро и, не и е добро и сега? Ако има не дај боже друга физичка болест, така ќе ја третира, како да е крива? Тој е дел од проблемот кој се влошува. Можеш само да и пружиш безрезервна љубов, гушкање и разбирање.
    А татко ти... татко ти е проблемот.
    На психијатар влезете вие со неа и кажете ја вашата страна. Лекови под надзор и проверка, со трпение.
     
    На gjoker4e, Angie1432, Серотин и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    Што е разлика помеѓу параноидна шизофренија и шизофренија? Постои и биполнарна шизофренија?