Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шизофренија

Дискусија во 'Психологија' започната од BlackSwan5, 13 јули 2011.

  1. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    2.610
    Постара 80 год, ама добро се држи вака, освен што се губи на моменти.. Иако е во години
     
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    7.893
    Пол:
    Женски
    Посета на невролог. Да не е деменција во прашање.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    8.857
    Пол:
    Женски
    Можно е после преживеан срцев удар да се појават халуцинации.

    Да се има халуцинации не значи автоматски дека се има и шизофренија.

    Заради срцевиот удар може да има и дезориентираност, недостиг на концентрација и фокус, конфузија, психо-моторна агитираност, промени во спиењето и сл. Некогаш поминуваат после некој период од недели, месеци, а некогаш остануваат подолго.
    Убаво е да се направи консултација со психијатар за овие проблеми.
     
    На majka-majka, Trexane и Flier им се допаѓа ова.
  4. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Машки
    Да така е шизофренијата е комбинација од халуцинација со делузија. Значи на пример мислиш дека кога ќе излезеш надвор ти се спрема нешто или кога ќе видиш некого што на пример секојдневно го гледаш веќе ти се кова некаков план или некој работи против тебе... Може и од телевизија да се појави делузијата од одредени вести. Делузијата е поопасна од халуцинација. Освен што ќе те затвори дома може да се појави паника од непостоечката закана и да дојде до инцидент и насилие или константен стрес и немир до степен да нема што да се прави со лицето па мора директно на психијатрија.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    13.382
    Пол:
    Женски
    @Flier ме потсети на една другарка со која поминав добар дел од животот.

    ***
    Многу тешко се комуницира со ваквите луѓе. И да се има желба за помош, макар и терапија да се пие, често имаат и испади и знаат убаво да го повлечат и лицето кое се труди да им помогне.

    Никогаш не сфатив зошто одбиваат да побараат поголема стручна помош.
     
    На Flier му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    888
    Пол:
    Женски


    Токму вака на баба ми и почна деменцијата.. рани симптоми, си пиеше нормално асентра, не реагиравме на време и и зема залет. Односно за 3-4 месеци се влоши и сега жената не е веќе иста.(еве и после 3-4 години..)

    Што по скоро однесете ја кај добар доктор тоа по добро, ќе и се ублажи и успори ако ништо друго, а ако ја пие асентрата сама како лек влијае многу лошо - тоа на нас ни го кажаа, за дементни луѓе асентрата иде со повеќе лекови.

    Знам дека темата е друга но сакав да ти се обратам од исто искуство.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    7.893
    Пол:
    Женски
    Каква шизофренија на 80 години што збориш. Најверојатно станува збор за деменциј, затоа и кажав претходно.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Машки
    Да можно е да е тоа на тие години ама најдобро да си види со психијатар.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    7.893
    Пол:
    Женски
    Не. Најверојатно станува збор за деменција.
    Шизофренија најчесто е карактеристична за 20тите и раните 30ти години.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Машки
    Мислев да можно е да е деменција како што викаш.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karyna_d

    karyna_d Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво! Како да најдем овој монастир во Маврово?
     
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.075
    Допаѓања:
    35.741
    Пол:
    Женски
    Можеш во Бигорски.
     
  13. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    2.009
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,

    Ви пишувам за секој што ќе може да ми даде совет, насока или помош како да се справам со ситуацијата.

    Ситуацијата е следна:

    Блиска личност од семејството на почетокот сметавме дека доживува панични напади. Ова беше пред 4-5 години кога личноста беше 16-17 години. Како што поминуваше време така паниката се претвори во параноја, каде постојано зборуваше дека го следат личности, дека не знае како да се справи, дека некој му мисли лошо и постојано повторуваше морам да се заштитам, морам да избегам, ме следат.. итн. Тоа беше околу 19 години кога наполни. Следно што се случи започна со насилни напади. Од никаде нигде знаеше да нападне физички и тоа блиски околу него со мисла дека нешто лошо му мислеле или “соработувале“ со тие што го следат.

    Се однесе лицето на психијатар каде се константира почеток на шизофренија. Се даде терапија каде личноста протестираше дека не сака да ја пие од помисла дека и психијатарот намерно го труе за луѓето “што го следат“ да го фатат итн... Се зборело, се одело на терапии, се разговарало со него.. на секаков начин е пробано.. Но во последниве неколку месеци се случија најголемите напади.

    Се случи пред новогодишните празници да добие повторно напад, каде физички ги нападна своите родители дека му мислеле лошо и „соработувале“ со лицата кои го следат. После нападот се случи да избега од дома и никој не можеше да го најде со денови. Сам дојде дома и беше ситуацијата како ништо да не се случило. Случајно во неговата соба се најдоа бомби,пиротехнички средства кои автоматски му беа одземени.

    Се случи повторно напад на семејството, што придонесе повторна посета на психијатар и со негова соработка да се препише поголема терапија каде он се согласи да ја пие.

    Се случи последниве три дена повторно да не ја пие терапијата и имаше повторно физички напад на лица, преголемо противење има за пиење на терапија, пријавено е во полиција за физички напад, и фамилијата негова се чувствува непомошна за следни чекори. Не прифаќа да се лечи, а не сакаат да го прифатат во психијатриска установа.

    Дали може да ми дадете насоки како може да се справат со него?
     
  14. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Машки
    Мора да биде однесен во затворено психијатриско одделение. Во клиника или веднаш од таму да се консултира доктор може директно да се оди.
    Полицијата не смее да приведува лица што се психички растроени ако немаат извршено насилство. Ако има можна е пријава меѓутоа ако во моментот можеби не им е кажано дека е растроен и не знаат.
    Ако полицијата дојде и се запознаени од документацијата дека е психички растроен тогаш ќе се поднесе пријава зависно што има сторено но со амбуланто возило должни се да го носат во клиника за психијатрија или во болница Бардовци.
    Не избежно е психијатриско затворено лечење зашто ако стане полошо последиците се кривично да се одговара и пак за лица што сториле кривични дела и се констатирани психички растроени се затвараат на долго во Бардовци.
    Краткорочните лечење за шизофренија е до еден месец затворен и се пушта дома со долгорочна психијатриска терапија и контроли.
    Најдобро да се консултираш со доктор од клиника и веднаш да бараш помош.
     
    На Cosmic Girl, Tanja03 и TrueToMyself им се допаѓа ова.
  15. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Машки
    Да додадам нешто битно за шизофренијата. Знаеме доживотна е Има една работа постојат и многу не дијагностицирани луѓе.
    Значи шизофренијата постои кај еден дел од популацијата што е заболена бесприметно. Вака звучи страшно и не дека не е.
    На пример кај параноидната шизофренија кај одредени луѓе нема халуцинации. Почетокот се класифицирана како паничен напад. Па минува време се поставува дијагноза психоза. И психозата по право ако трае подолго веќе се сомнева на шизофренија. Тука многумина што немаат халуцинации не може да имаат долгорочно минлива психоза па се испуштаат дијагнозите. Ќе речат до карактерот му е или лут а има недијагностицирсна шизофренија. Делузијата и не можноста да се функционира во подолг период веќе треба да се смета на шизофренија.
     
    На TammiB5 му/ѝ се допаѓа ова.