1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шизофренија

Дискусија во 'Психологија' започната од BlackSwan5, 13 јули 2011.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    имам вујко болен од оваа одвратна болест-братучед на мајка ми
    случајно дознав од средната тетка, навистина ми беше шок
    и да пиел лекови, неможел да има дечиња, ама ете се случи чудо и сега има керкичка
    многу фин човек е
    се плашам да не е наследна болест, а мислам дека е :doh:
     
  2. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=xYUWwNzyssU За жал, шизофренијата Е генетски пренослива болест, но немора да значи дека од колено на колено, може да се случи прабабата или прадедото на личност заболена од шизофренија да имале ист проблем. :/
     
  3. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    И јас имам блиска роднина за која сум сигурна дека е шизофреничар,само што кријат од мене.
    И ги видов случајно апчињата(asentra,mendilex,riset,prazine.....)
    ja имав приметено и пред да забремени дека ги има овие симптоми,ама одкако се породи.......не прашувајте.(среќа не живееме во ист град)ја одведоа на лекар едвај па гледам смирена е,а викате лек......нема?го претепа моето дете,двај по 1 година се смири,само со мене седеше,кај никој не одеше.а дали знаете дали овие жени смеат да раѓаат?????
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    незнам, да прашаш медицинско лице најдобро може да ти објасни
    откако дознав дека вујко ми боледува од оваа болест, страв ве фака при помислата на мајчинство, најсериозно :worried:
     
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Болеста се пренесува генетски, што значи дека во некое наредно поколение можно е да се појави болеста. Затоа не е препорачливо да оставаат потомство,прво поради неспособноста да ги одгледуваат децата,а второ зошто има голема можност да се појави болеста.
    http://mk.wikipedia.org/wiki/Шизофренија прочитај подетално на линков.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Искрено и незнам многу за тоа! Скоро и никогаш не го слушам тој збор
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Шизофренија (/ˌskɪtsɵˈfrɛniə/ или /ˌskɪtsɵˈfriːniə/) е ментално растројство, кое се карактеризира со дизинтеграција на мисловните процеси и на емотивната реакција. Таа најчесто се манифестира како аудитивни халуцинации, параноични или бизарни илузии или неповрзан говор и мислење, придружени со значителна социјална и професионална нарушеност. Вообичаено, првите симптоми се јавуваат во почетокот на младоста, кои траат низ целиот живот од 0.3–0.7%. Дијагнозата се поставува врз основа на набљудување на однесувањето и искуството на пациентот.
    Генетиката, опкружувањето во детството, биологијата на нервниот систем, психолошките и социјалните процеси се важни фактори за појава на шизофренија; некои лекови можат да предизвикаат појава на симптоми или да ги влошат истите. Најновите истражувања се фокусираат на улогата на биологијата на нервниот систем, иако, досега не е пронајдена ниту една причина од органско потекло. Бројните можни комбинации на симптоми предизвикале дебати за тоа дали дијагнозата претставува едно растројство или повеќе дискретни симптоми. Иако терминот води потекло од грчките корени skhizein (σχίζειν, "поделба") and phrēn, phren- (φρήν, φρεν-; "разум"), шизофренија не значи “разделување на умот” и не е исто што и растројство (поделба на личност) – исто така, познато како “подвоена личност”.
    Лекувањето се базира на антипсихотични лекови, кои примарно, го потиснува допаминот, а понекогаш и сератонинот. Психотерапијата и стручната и социјална рехабилитација се, исто така, важни во лекувањето. Во посериозните случаи – каде што постои ризик за поединецот и за другите – може да има потреба од присилна хоспитализација, иако престоите во болниците се пократки и поретки отколку што биле порано.
    Се смета дека ова нарушување главно, влијае на сознавањето но, исто така, придонесува за хронични проблеми со однесувањето и емоциите. Најверојатно, луѓето болни од шизофренија, страдаат и други дополнителни (коморбидни) состојби, вклучувајќи поголема депресија и анкциозност; појавата на шизофренија, како резултат на користење дроги е во 50 % од случаите. Социјалните проблеми, како што се долга невработеност, сиромаштија или бездомништво, се најчести причини. Како резултат на поголемите физички здравствени проблеми и повисоката стапка на самоубиста (околу 5 %), просечниот животен век на луѓето со вакво нарушување е од 12 до 15 години пократок од оној на луѓето што го немаат.
    Извор википедија.
     
  8. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    Ох луѓе помагајте, многу ми е тешко.Една моја братучетка заболе од оваа болест.Тетка ми и сестрата на оваа братучетка се мртви уморни, стражарат по цела ноќ од страв да не си направи нешто.Не сака да ги пие лековите одрекувајќи дека е болна.Знам дека нема лек, но знам дека овие луѓе може да живеат нормално ако признаат дека се болнии и ако ги пијат соодветните лекови и одат на психијатар. Може ли да ми предложите некој добар психијатар?
     
  9. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Значи шизофренијата е еден вид на болест како лудило? Од ова што го прочитав гледам истите симптоми се.
    Исто и лудилото негде 90% е наследно.


    Велам од ова што го прочитав, незнам мн за оваа болест за да тврдам некои работи
     
  10. xipi

    xipi Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    Пред неколку дена дознав дека брат ми има шизофренија ;(
    само што наполни 18год. како е можно тоа? како ќе продолжит тој со животот? :@
     
  11. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Ќе најдете добар психијатар, со кој брат ти ќе развие позитивен трансвер...
    Човек на кој ќе му верува...И добар доктор..
    Докторот ќе го постави на лекарства, соодветни на симптомите...
    Многу ми е жал...Се надевам дека брат ти ќе сака да ги пие лековите...

    Верувала или не, има луѓе кои се функционални со оваа болест...
    Можеби брат ти и твоето семејство ќе ја имате таа среќа...
    Само ти препорачувам да не читате по нет многу, затоа што ќе се испалшите..
    Во медицината 2+2 не е 4,се е индивидуално..
    Со среќа..
     
    На TheTeacher му/ѝ се допаѓа ова.
  12. xipi

    xipi Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    благодарам enci :)
    апчиња несака да види а камо ли да ги пие :swear:
    иначе сега за сега добро се справува, но има и лоши моменти :x
     
  13. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Никогаш нема да прифати дека е болен ! многу внимавајте да не почне и со алкохол тоа е ужасна комбинација со лековите заедно ако зима! Иако викаат дека е наследно мислам дека не е скрос точно мајками има 30-35 години и повеке а ние со братми ги поминавме критичните години на кој најчесто се воочува и за среќа досега не сме приметиле дека сме наследиле ! многу внимаваме на однесуванјето на нашите деца токму поради гласините за наследност! Јас лично мислам дека има врска со некаква страшна случка потисната во потсвеста појавата на шизофренијата што би рекле народно табу тема.Не сум доктор ама за жал имам искуство со болен родител!
     
    На Cinderfakinrella и ku4ence им се допаѓа ова.
  14. TheTeacher

    TheTeacher Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    До сега не сум слушнала дека на некоја жена и забраниле да раѓа затоа што е заболена од таа болест. А и не веруавам дека треба затоа што никогаш неможете да ја искорените болеста какви напори да се прават.
     
  15. TheTeacher

    TheTeacher Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Мајка ми има шизофренија. Не признава дека е болна и не оди на лекар за ништо а најмалку за тоа. Кај неа се јавуват само кога ќе се изнервира а инаку е многу фина и нормална личност. Пред други луѓе е нормална и не се отвара да зборува за тоа. Ни се случувале многу лоши работи кои неможеш да ги контролираш, за жал. ;(
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.073
    Пол:
    Женски
    Тоа е тешка ментална болест и не се искоренува.Но, со редовни прегледи на лекар,точна дијагноза и соодветна терапија може да се контролира.Сопругот на пријателка на мајка ми боледува од шизофренија со години.Редовно ја зема терапијата и има добра комуникација со другите.За да го решите проблемот треба прво да признаете дека постои,а потоа да побарате помош
     
  17. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    Ако не била на прегледкај специјалист како знаеш дека има шизофренија?Ти уопште знаеш ли што е шизофренија?
     
  18. TheTeacher

    TheTeacher Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Мајка ми има дијагноза била на лекар одаамна, но несака да пие лекарства и да оди на контроли. Патем јас не ги набројав сите симптоми коишто таа ги има. Јас знам што е шизофрениа можеби и подобро од тебе!
     
    На Inas& му/ѝ се допаѓа ова.
  19. flawless-98

    flawless-98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    72
    Мене ми е страв од затворени простори, односно, страв ми е да спијам во соба ако нема никој друг. Бидејќи спијам со брат ми во соба, ако на пример он заспие пред мене а јас се уште сум будна, ме фаќа паника, не можам да спијам. Знам дека ова е клаустрофобија - страв од затворени простори, но мојава паника е проследена со разни мисли, буквално помислувам на се` и сешто. Дури понекогаш помислувам дека ќе ми шета некој низ соба, ќе ме земе и др. страшни работи. Исто така, пред некое време слушав гласови, страв ми беше да бидам сама во затворен простор.. Кога сум во купатило страв ми е да не ме фати некој, а свесна сум дека нема никој. Дали е моево шизофренија? Ако имала некоја слични искуства нека ми пише, бидејќи имам пробано да не мислам на лоши работи, но посилно е од мене. :(
     
  20. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Симптоми на шизофренија:привиденија или илузии,халуцинации,збркан говор(говорот е неразбирлив и нелогичен),кататонично однесување,пореметување на емоционалното однесување.Шизофренијата може да биде предизвикана поради некои дроги(амфетамини и ЛСД),некои емоционални стресови,некои физички фактори,наследни фактори,од хемиско нарушување на работата во мозокот,сето тоа може да доведе до појавата на оваа болест,иако точниот причинител на болеста не е познат.Шизофренијата се дели на параноидна шизофренија,едноставна шизофренија(мислам дека така се вика :),болниот е и повлечен,некомуникативен),хебефрена и кататонична шизофренија(состојба во којашто шизофреничарот може со часови да не мрда,да не се движи,во непроменета состојба,не е способен да се грижи сам за себе и изгледа несвесен за се што се случува околу него).Други симптоми се тоа што шизофреничарот употребува нејасни зборови,или да повторува едни исти зборови и реченици,шизофреничарите се сомничави и одбивни,мислат дека некој може да им ги краде мислите,дека некој го контролира нивното однесување и опишуваат гласови што директно им се обраќаат или го критикуваат нивното мислење.Лекови кои се употребуваат се хлорпромазин,хлозапин и антидепресиви.