Шизофренијата е најтешката ментална болест, според мене. За жал, има генетски предиспозиции и најчесто е наследна (се пренесува преку неколку генерации). Најчесто шизофреничарите имаат халуцинации кои можат да бидат олфакторни (мирисни), слушни, визуелни (да гледаат слики), може да имаат и некој замислен лик со кого што живеат... Може да се контролира со апчиња, но е многу сериозна болест. Најчесто шизофренијата секој пациент си ја доживува на свој начин, тоа што го има во потсвеста или некоја траума која ја имал од претходно, ги предизвикува овие халуцинации. За жал, сум слушала многу приказни за тоа што може да направи шизофренијата. Шизофренијата и генијалноста се поврзани, бидејќи тенка е линијата помеѓу генијалноста и лудоста... Името шизофренија доаѓа од грчкиот јазик и значи поделеност на душата или умот.
Dali ova e vrodena bolest ili moze da se stekne vo zivotot? Za eden prijatel znam deka bese normalen a sea se suska deka e sizofrenicar. Na vremeto aren si bese..
Може да биде и вродена и да се стекне од силна траума. Наспроти тврдењата дека најчесто е наследна, се повеќе истражувања докажуваат дека траумите се почест причинител. Иако се јавуваат и кај деца кои немале трауматични искуства, а имале болен во семејството од порано, се врзува за траумата на болниот од претходно. Неразрешената траума таму е практично наследна на некој што би се рекло народски - ни крив ни дужен. Македонија има висока стапка на шизофреничари во поглед на бројот на жители, а интересен е фактот дека сме нација која длабоко вкоренето - НЕ зборува за проблемите и траумите, бидејќи се срамни. Длабоко е,ама накусо еве вака стои. Арен си е и тој и со неа, само што е болен. Не му ставајте социјални стигми. За болни од рак и пари се донираат, а за болни од ментални и душевни болести само осуда и избегнување. Јас не сум сретнала некаде некој да собира пари за некој ментално болен за да зема терапија која во Македонија ја нема. Луѓето ако се под терапија можат сосема нормално да живеат. Најчесто ќе ги препознаете по замрзнатиот, без никаква емоција лик. Што и да ви зборуваат тие се безизразни. Морам да споделам искуство. На мајка ми близок соработник жена му има шизофренија. Им се роди внуче и отидовме на мекици. Жената си беше како скаменета, нели ни се смее, ниту ништо, нормално со оглед на состојбата. Ми се згади од зборовите од некои од гостите кои ги начув. Полни со осуда...неразбирање, подсмев. Луѓето се фини, успешни, не се ни криви, таа не е ни крива што тоа и се случило и слушаш некои малограѓани како оговараат - види ја, ни за внуче да не се насмее. Со мајка ми само згадено ги гледавме и си заминавме за брзо. Ме гади игнорантноста за вакви болести, а потоа слушаме - леле сирота млада, болна од рак, дај да бидам голем човек и да и ги донирам моите мочани 100 денари за да мирно спијам, а ќе осудувам луѓе со ментални болести. Не знам кој е менталниот тука...
Ова ми беше семинарска по психогенетика. Имав слобода да одберам тема која сакам, и поради приказна на која работам ја избрав конкретно Шизофренијата. Главни причинители се: Генетиката, животната средина, користењето на дроги и пренатален период. Искрено се изненадив за пренаталниот период, знаев дека ако се има нездрава бременост плодот можи да има малформации ама не знаев конкретно дека можи да излези дете кое ќе развие шизофренија. Сепак, имам прашање за некој кој е повеќе уходан во материјалот, стигнав до информацијата дека поголеми биле шансите луѓето родени на зима и на пролет (конкретно во северната хемисфера) да заболат од шизофренија (во пренаталниот период). Дали ова иди од различни инфекции кои би можеле да настанат или има некоја друга поврзадност зад ова и зошто конкретно во северната хемисфера? Дали сепак јужната хемисфеар и зимата и пролетта таму врват со помалку инфекции? Или едноставно ова е мит? Професорот не е расположен за прашања неделава, ако не најдам одговор на интернет, веројатно ќе му досадвам од Понеделник. Благодарам доколку сепак добијам било каков одговор
Еве да ви кажам гледам за анксиозност 1000 страници за ова скоро ништо. Мене ми дијагностицираа шизофренија пред неколку месеци. Нема халуцинации ама ете веројатно секој случај е рљазличен. Сега мака мачам со хормоните од терапијата ми се пореметија па веќе девет месеци немам циклус пролакттионот ми е многу висок. Пијам респиредон други антипсихотици не поднесувам. Ете накратко тоа. Ако има некој како мене да си размениме искуства нека пише.
https://www.facebook.com/epsylorg/videos/1493476697396458/ "Jill says that every time she gets out of her psychiatrist, she wants to kill herself."
Знам брачен пар каде тој е шизофреник, али под терапија. Кога пие терапија е сосема нормален. Значи тоа може да се контролира ако се зема редовно терапија.
Но, веројатно проблемот кај повеќето е ист... дека не сакаат да се на апчиња константно. Додека примаат лекарства, се осеќаат добро, до степен да се еуфорични ... и тогаш им се појавува желбата да престанат да пијат. И престануваат. Недела подоцна...скроз се потонати. А, многу подолго од недела дена (примање лекарства) им треба за да се стабилизираат.
А како ќе убедите некој кој се однесува како да има шизофренија да се провери? Познавам едно лице што постојано раскажува бесмислени работи за што правел преку денот на пример, или што му се случило, а звучи како и самиот да верува во тоа. Дури и години покасно да го прашаш за случката ќе ти ја раскаже исто како денес да се случила. И халуцинации има, слуша гласови, развива некои чудни теории на заговор, а кога примети дека се сомневаш во неговите зборови станува агресивен, дури ми има речено и нешто во смисла "сите вие сакате луд да ме направите, не сум јас луд. Можеби сите вие сте." Како со ваков човек? Тој очигледно никогаш нема да добие терапија освен ако не ескалира ситуацијата...
Проблемот е тоа што веројатно не сакаат да си признаат дека се болни и мислат дека се тоа е со привремен карактер додека се средат. Психичките болести никогаш не се лечат, туку се контролираат со терапија.
за тие таквите некој што му е блиска родинина родители или брат сестра на лага и пикање у кола правец психијатрија ке лажиш ке пустиш ке мислиш нешто демек ти ек одиш на психијатар се тоа у договор со др па демек тебе да ти праве друштво а уствари покрај тебе уствари него ке го видат
шизофренија кој што има никогаш нема да признае дека има болест тенка е линијата меѓу шизофренија и биполарно растројство треба добар др и многу време за конечна дијагноза
Не би се сложила. Луѓето со биполарно растројство немаат халуцинации, илузии, неповрзан говор. Биполарните личности имаат циклично менување на расположението од еден во друг екстрем (хиперактивност, па длабока депресија и повлеченост), ама немаат толку сериозни ментални нарушувања како шизофреничарите.