1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шизофренија

Дискусија во 'Психологија' започната од BlackSwan5, 13 јули 2011.

  1. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Што прави, опиши некоја ситуација. Бидејќи и покрај тоа што има дијагноза можеби проблемот не е секогаш во него.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DarkAcademia

    DarkAcademia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    89
    Не е во него проблемот, во болеста е.
     
  3. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Го пишувам ова бидејќи луѓето со дијагноза често се жртви на средината. Па кога и да има проблем ги обвинуваат тие со дијагноза. Секогаш велат дека проблемот е во нив односно како што велиш во болеста. Па и тој сигурно има право на свое мислење. Доколку нешто навистина не е во ред веројатно би бил хоспитализиран.
     
    На DarkAcademia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Не значи дека сите кои имаат шизофренија се хоспитализираат.
     
  5. DarkAcademia

    DarkAcademia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    89
    Можеби и не знае дека има шизофренија
     
  6. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Како и да е поентата ми ја сфативте мислам. Тоа општествено однесување треба да се менува. Имал психичка дијагноза и одма остај го не е точен, будала е, треба да прави како што другите сакаат, ако не прави по туѓите очекувања веднаш не е арен. Па не е убаво тоа.
     
    На Angie1432, Snowflake92 и Need for Speed им се допаѓа ова.
  7. TheDove

    TheDove Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Мене последно ми дијагностицираа шизоафективно растројство. Пропаднат сум психофизички, сам живеам. Одам на работа ама не можам да издржам, физичка, ми претставува огромен стрес. Многу сум опаднат и во телото и лицето. Дали знаете освен во душевна, каде можам да се одморам од стресот? Дали има друга институција? Почнав да не можам да се грижам за себе. Навистина сум во незавидна положба. Пијам Заласта, занфекса и Дијазепам.
     
    Последна измена: 6 декември 2021
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.344
    Пол:
    Женски
    Во некое село, на раат без луѓе... Ќе си земеш и едно куче или мачка, и така ќе се смириш психички и ќе имаш време за да размислиш за сѐ, не ти треба лудница.
     
  9. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Дали имаш другари? Се социјализираш? Си пробал ли некаде да отидеш на одмор? :)
     
  10. TheDove

    TheDove Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Лошо е што само ме тера да лежам и да не правам ништо, како да сум фатен.
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.157
    Пол:
    Женски
    Манастир
     
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.344
    Пол:
    Женски
    Земи си миленик, имам читано дека мачките имале некој поинаков вид на енергија која што многу помага при психички растројства како кај тебе, мачките се многу добри и за намалување на стрес.. Од лично искуство можам да ти кажам дека прв пат кога земав мачка си го мразев животот и мачката со се него, ми гризеше кабли, јас на предавање мачката ќе ми дојдеше и врз тастатура ми скокаше, среде ноќ ме будеше и ми скокаше врз глава за надвор да ја пуштам, а после тоа сабајле ќе ми гребе и мјаучи на врата за внатре да ја пуштам.. Книгите ми ги гризеше, колку пати ќе ми се качи на маса и од смоки, кафе, торта се ми јадеше.. Многу се нервирав, ама после сфатив колку позитивно ми влијаеше мене тоа.. Грижејќи се за неа, забораваш на проблемите, трчајќи по неа, се полниш со енергија.
     
  13. TheDove

    TheDove Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Имам двајца другари, ама почна работите кај што треба да уживам да ми прават стрес, ќе се замислам и одма ме фаќа.

    Зедов, не делува.

    Во кој манастир, каде примаат случаеви како мене?
     
    Последна измена од модератор: 7 декември 2021
  14. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Во Маврово има добар манастир, со монаси. Незнам како се вика ама многу позитивни искуства имам слушнато. Плус, ќе си се одмориш еден период :)
     
    На TheDove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.157
    Пол:
    Женски
    На пример во Бигорски, таму дури зависници од дрога се имаат излечено. И природа и се' многу ќе те смири.
     
    На KittyAgnes и TheDove им се допаѓа ова.
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.344
    Пол:
    Женски
    Прашај и во Марков манастир во Скопје, знам дека има многу луѓе таму што седат.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.265
    Мислам дека поранепнипт партнер имаше шизофренија или шизофрено растројство. Создаваше шизофрени сценарија кои никогаш не се случиле, веруваше во нив и ги убедуваше сите околу него. На почетокот не сфаќав што се случува, но по неколку нагови испади, бев исплашена за моето здравје и живот. Мислам дека ако не се третира навистина е проблем.
     
    На KarmaEKucka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheDove

    TheDove Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Сигурно примаат?

    Не знам што да правам. 33 години имам, се мислам дека касно ме дијагностицираа. Повеќе не личам на човек. Ми треба многу долго одмор, па не знам после дали ќе можам барем да се грижам за себе.
     
    Последна измена од модератор: 7 декември 2021
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Примаат, познавам човек од наши пријатели што беше во манастир за сличен проблем како твојот. Незнам само во кој манастир беше точно. Не мора да си наркоман за да одиш. Јави се прашај не е срамота . Млад си. Немој да си го упропастиш животот.
     
    На TheDove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hecate

    Hecate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2022
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    947
    Пол:
    Женски
    Шизофренија е ментално растројство, кое се карактеризира со дизинтеграција на мисловните процеси и на емотивната реакција. Таа најчесто се манифестира како аудитивни халуцинации, параноични или бизарни илузии или неповрзан говор и мислење, придружени со значителна социјална и професионална нарушеност. Вообичаено, првите симптоми се јавуваат во почетокот на младоста, кои траат низ целиот живот.
    Генетиката, опкружувањето во детството, биологијата на нервниот систем, психолошките и социјалните процеси се важни фактори за појава на шизофренија; некои лекови можат да предизвикаат појава на симптоми или да ги влошат истите.
    Лекувањето се заснова на антипсихотици .
    Психотерапијата и стручната и социјална рехабилитација се, исто така, важни во лекувањето.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.