Лично јас, имам еднаш носено шишки, и мене не ми стојат. Обично шишки прават девојки со поголемо чело, иако нормално тоа не е никаков услов. Исто така во тинејџерските години не е препорачливо носење на шишки, од причина што предизвикуваат бубулички од самата мрснотија на челото, и поголемото потење заради шишките. Мислам дека секој сам треба да си одреди дали му стојат шишки, затоа што тоа е променлива работи. Доколу знаеш дека ти стојат и имаш желба за промена во изгледот, направи си :up:
Мора да се во мода за да ги носиш ? Ти треба да одлучиш дали да ги чуваш, види дали ти стојат на формата на косата, дали ти се убави за одржување и дали воопшто ти стојат, оти не секому стојат. Ако имаш високо чело, мислам да си ги чуваш. Не гледај дали се во мода или не, гледај дали тебе ти се допаѓа како изгледа.
http://www.taaz.com/ - овде си ја пробај новата фризура со шишки, и види како ќе ти стојат, јас прво носев ама веќе не.. Па после кога решив да ги чувам колку косата ваква бев: Тоа ти одлучи си, нема врска дали се во мода или не, инаку мене ми е попријатно без шишки, повеќе можности за фризура има.. Сепак, тоа е твоја одлука, ние тука не можеме да се мешаме. Пиши што одлучи.. позз..
јас откако знам за себе сум со шишки, а и до сега немам слушнато дали се во мода или не. Мене лично ми се допаѓаат како ми стојат па затоа и ги имам
Јас како помала имав шишки, некаде околу 4то-5то одделение ги пуштив да ми пораснат, за во средно повторно да ги скратам. Најчесто ги носев рамни, убаво ми стоеја, ама ми здосадија, па пак ги пуштив. Сега веќе ми се во иста должина со косата. Мачно е за одржување, јас секој ден ги миев и ги фенирав. Летно време се мачни за носење бидејќи дополнително го потат челото, а да не зборувам колку пречат при било какви физички активности. Ако сакаш да пробаш, направи си шишки, па носи ги некое време. Во случај да ти досадат, фризерката нека ти ги подели на два дела како патецот на косата и нека ти ги скрати на степен за да можеш да ги носиш на страна. Така барем јас направив. Шишки брзо растат
Нема шанси,никогаш во живот повторно нема да ја направам истата грешка .Имав шишки шес месеци одвај ми пораснаа и што маки имав со нив.Секое сабајле ги фенирав а понекогаш но многу ретко ги пеглав.Станувам сабајле и се искривиле како рогови на коза .Неможам ни да замислам уште еднаш да си направам такво нешто.Сега на кој како,ама јас никако.
Шишки да, но само ако ви стојат убаво на лицето. Јас порано ко мала носев шишки, и сега сакам пак да си направам ко за промена, велат дека убаво би ми стоеле.
Абе треба одржавање.Нон стоп да се шишаат коај ќе пораснат да не сметаат кај очите а и на изглед да бидат убави.Дефинитивно не !
Да, сум носела шишки и убаво ми стојат бидеќи имам големо чело. Сум имала и рамни и настрана, убаво ми седат и едните и другите само се тешки за одржување, поготово ако имаш мрсна коса и кожа, треба секој ден миење.. фенирање... пеглање..
Убаво и со шишки на некои ќе ви стојат на некои не. Па мене не ми стојат со шишки но сепак ја чувам да ми е долга коса
Како мала имав шишки, и баш бев слатка и ми стоеа , ама сега шишки,нема шанси боље да ме убијат него шишки да имам.Тешки се за одржување,порано стани исчешлај ги и не ми е гајле ама сега,којзнае каква ке бидам
Јас всушност и заборавив како изгледам без шишки. Уште од мала носам, а немам преголемо чело, така што „теоријата“ дека шишки им стојат само на девојките со големи чела слободно фрлете ја в канта. Имав рамни како помала, ми здосадија еден период па ги пуштив да пораснат скроз. Ми беа изедначени со самата должина на косата и дали дека ненавикната, едноставно не си се допаѓав, ма не си се ни препознавав во огледало. Мислам дека без шишки не ми стои никаква фризура, тоа едноставно не сум јас. Веќе долги години носам шишки на страна, скалесто потстрижени, ми достигаат некаде до крајот на носот и мислам дека такви ми стојат најдобро. Многу пати сум помислила пак да ги пораснам, ама сеќавајќи се на некогашната слика во огледалото, секогаш си велам „никогаш повеќе“. Проблематични се, се мрсат најбрзо, ама мене ми е задоволство да ги одржувам. Единствен „порок“, ако смеам така да го наречам, е тоа што ги пеглам пречесто - секој ден или преку ден, ама ете, фала Богу не се оштетени. И мислам дека нема мода во однос на фризурите, па и носењето шишки - или си се допаѓаш или не и нема потреба од мешање мода во шишкосувањето.
Јас долги години имав шишки Сега некое време ги оставив да пораснат но , мислам дека поубава сум со шишки иако се стварно досадни за одржување Сега бидејки носам и наочари диоптерски , се мислам дали ке ми стојат шишки
http://popara.mk/2012/zhivot/ubavina/fr ... -sezonava/ Пробав и рамни и коси шишки. Рамните ми беа добри, ама ме правеа како детенце, изгледав многу помладо некако. Еднаш кога имав рамни си ги кратев сама и ги ошишав до горе. И, муки. Ни со шнола нејќеа да се приберат, единствено со лак и со пена се залижував. Будала. Со коси шишки бев поубава ама ги пуштив да ми израснат и си ја скратив косата и сега се мислам дали пак да си направам. Вака нешто сакам. http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 1%98%D0%B0
Jaс секоја година си правам шишки. Непосредно пред или после роденденот на ќерка ми одам на фризер со умисла за вадење шишки. Сакам шишки и убаво ми стојат дури и помладолика изгледам. Имам шишки есенско-зимските-па и пролетни месеци, од окт./ноемв. до кај април/мај негде редовно си ги шишкам и одржувам. Летно време ми сметаат и ми го потат челото, па затоа ги пуштам и си ги потфаќам со шноли. Летно време всучност и немам никаква фризура бидејќи сум склетчика и цело време ми е фатена косата во репче така што едвај чекам да помине летото и трк на фризер по асално фризурче.
Шишките се интересни, забавни и некако изгледаш по детски со нив но многу се тешки за одржување Како и да е јас имам шишки кои ги носам пуштено само откако ќе се избањам, после тоа ми се разлетени на сите страни
Со оглед на тоа што имам многу ниско чело, само 2 прста, не ми стојат. Носев шишки негде докај 2-3 одделние. Ама јас имав рамна коса, до рамена и рамни шишки. Сестра ми ме викаше тенџерка. Ама голема мака си имав со нив. Секој ден, различни програми ми фаќаа антените. Морав секој ден, пред да одам во школо да си мијам глава. Па субрини, па гелови... Бегај таму, кој ќе ги спаструва секој ден. Јас како што се потам многу, уште они ми требаат.
Шишки никогаш не сум носела и мислам дека и никогаш нема да носам,не дека сум против тие што ги носат ама едноставно не можам да се замислам со шишки.