Од малечка до пред скоро имав шишки целиот мој живот така ја носев а плус и многу убаво ми стојат рамни шишки , но морав да ги пораснам зошто премногу ми се изретчи косата напред секоја ден морав да ги мијам и да ги фенирам.
Од секогаш сакав да имам шишки. Другарките постојано ме убедуваа дека нема да ми стојат, но не ги послушав и пред околу две недели сама си ги исеков. Сега си имам шишки и сите околу мене ми викаат дека вака сум била поубава, хаха. Од мене да за шишки.
јас носам шишки 3 години и да, секако многу бараат одржување, ама неможам да се замислам 24 часа без шишки а камо ли подолг период
Немам шишки моментално, но откако ќе помине летово сакам да си направам. Си бараат одржување, кога имав постојано ги пеглав бидејќи ми фаќаа некои правци нагоре, налево, надесно. Но долго време сум без шишки и сакам сега промена
Немам шишки едно време имав шишки но не прави туку настрана, ми се свиѓаат клај одредени девојки но на мене не баш.
Јас носам шишки од кога постојам може да се каже Мајка ми прв пат ми ишишала на 3 годинки и ден денес носам само шишки,немам високо чело ама сите викаат дека ми стојат Тој стил ми се како на Тејлор Свифт,не ми се рамни ич неќам рамни,како изгрицкани, изретчени ми се Ама тешки се за одржување секоја вечер ги фенирам и мијам посебно само нив и така секоја вечер, ама шишките се за некој што има живци како на пример јас.
Па, не дека не сакам ама не ми стојат зависи од формата на лицето, некогаш кога ќе видам девојка со шишки што и стојат убаво, супер ми изгледа
Шишките ми се свиѓаат како стојат, ептен секси некако А мене не ми стојат, ете едноставно, изгледам како детенце од 4то одделение, со дебели образи.
Имам сменето сите фризури сите можни бои..зелена ..сина..виолетова.. и еве на крај си направив шишки.. совршено ми стојат
Шишки имав до пред неколку години и едвај чекав да ми пораснат, пошо ич не ми стојат. Имам ситни очи, и некако ми ги задскриваа. А шишки над веѓи ич па не ми се убави.