За шишките отсекогаш сум имала поделено мислење. Сум носела во одредени периоди од животов, рамни и густи шишки. Бидејќи имам права и густа коса, не беше толку тешко да ги одржувам, само што растеа доста брзо. Проблемот е во тоа што брзо ми здосадуваа и за недела-две пак сакав да ги нема. Затоа не носам шишки, полесно е вака.
До средно постојано имав шишки, па и прва година на факултет, едвај некако ги пораснав, сега пак имам желба да си направам шишки, сакам мала промена, ама во дилема сум сеуште .
Реално, убава промена се. Го освежуваат изгледот е сега зависи и од косата, на некои им е потребно мноогу одржување...
Обожавам шишки. Ама прво чекам да помине сликање за табло па после тоа ќе експериментирам со секакви шишки .
Јас лично не би носела шишки затоа што брзо ми растат и тогаш ме нервираат. Кога е топло, го потат челото и потоа ми никнуваат мозолчиња. Едно ќе исчезне, друго ќе никне. Се` на се`, сакам шишки, ама кога ги гледам на други, на мене не.
Едно време имав шишки, и убава бев. У прва средно правев пак али грда бев. Личев на растурена сарма. И цело време бев со штипка на глава, за да ги нараснам и нараснаа брзо. Сега не би правела. Освен ако не најдам саглам фризер. Што знам несакам. Ги покриваат веѓите. Грдо ми е.
Ми се допаѓаат шишки, од овие помодерниве сега што ги носат како подолги и малку раздвоени. Ама да ги носи друг. Знам дека мене ќе ми се здосадат за кратко и после ќе си имам маки. Затоа не си правам. Како мала носев шишки, после за да ги израснам многу време ми требаше, шноли, ластичиња, штипчиња, пукнав.
Само ко мала еднаш шишки ја натерав мајка ми да ми направи. Невидена утка, воопшто не ми стоеја. Никогаш веќе не ми текна шишки да сакам да имам. Ем се тешки за одржување, ем не ми стојат.
И сакам и неќам и поради тоа константо се случува да носам шишки, па ќе ми помине меракот и сакам да откријам лице па ги пуштам да пораснат, таман ќе пораснат пак ќе посакам да ги скратам, хаос. Инаку воглавно сакам baby bangs, вакви отприлика, уште коса ко што треба да имав...
Од оваа никаква година со вирусот научив сама да се шишам па пред некое време и шишки си направив, кога сакам промена си правам шишки иако сакам многу кратка коса ама ми фуфка, а кога видам кај некои кратки фризури милина
Прво морам да кажам дека ептен ми се допаѓа насловов на темава. Шишки или не.. Инаку сум имала шишки еднаш на своја волја. Мислам дека не ми стојат, а и тешки се за одржување. Зависи и за какви станува збор, ама обликот на лицето самиот говори. Мооооожеби некогаш би направила пак ако посакам некоја промена а се охрабрам да ги средувам по сто илјади пати дневно, ама не верувам дека тоа ќе се случи во блиска иднина.
Јас сум имала шишки од кога сум била мала, некаде околу 8то одделение ги пуштив да ми пораснат и повеќе шишки за мене Не. Кога гледам слики од порано се чудам како сум ги носела, не ми стоеле воопшто убаво.
На некои едноставно им личи шишки на обликот на лице, и зависи какви шишки. Јас неколку пати имам правено, се бендисувам ама си треба време а јас со мојот мрсен скалп не можам втор ден да ги гледам веќе мрсни. Ги носам месец, два да ми помине мерак и пак ги пуштам. Ми здосадува секој ден миење фенирање, пеглање, па малку влага ако ги фати добиваат форма на виолински клуч , и се откажувам, до нареден ќеиф.
Јас често носев шишки и убаво ми стојат, башка прави ми се немам потреба од фенирање или пеглање, ама мрсна ми е косата за неколку саати и ги миев по 2 пати во ден, не би пак...иако ме фаќа некогаш мерак, ама немам нерви, да имав сува коса би носела.
од свои 17 години па се до свои 30 години носев шишки постојано. Ги обожавав. Ги пеглав бидејќи не ми е скрос права косата ама не ми беше тешко. Кога ќе ги средев нив, другата коса како сакаш остави ја. Тие ќе бидат во преден план. Сега немам шишки веќе една година. По настојување на мајка ми да ги пораснам. А и реално, подочњаци имам и со нив некако се потенцираа. И сега сум без шишки ама како да не сум јас.