Oд кога знам за себе носам шишки.И тоа рамни.Некаде октомври мислам дека беше изминатава година да ги сменам шишките и да ги направам настрана,ама наместо такви фризерката(ако можам така да е наречам) ми ги направи како од глувци да се грицкани.Тотален ужас.Ми беше срам каде и да се појавам таква,а никако неќев да ги соберам бидејќи имам ептен големо цело да неречам огромно.А јас самата си се бендисувам и без шишки и низ дома често си ги носам собрани,така пуштени средени само за нашколо и за излегување,а за дома фатени.Незнам можеби сум поубава без шишки ама не би се осмелила таква да излезам надвор бидејќи си имам набиено ептен голем комплекс.Сакам сега пак да ги направам настрана,ама овој пат да биде успешен обидот а не како предходниот ама некако ми е страв,да не испаднам пак таква никаква.
Моментално имам шишка на страна, но ми се здосади веќе и сакам да си ја пораснам и да си ја вратам во нормала - Патец на средина, долга и степенеста.
Кога кратам шишка, обавезно или се подвиткува или ми се дели на две како брк на чело. И решив веќе да не правам. А па ако дува ветер како бабе некое разлетано сум . Исто и кога спијам ми се улепуваат ми се делат, ми се замачкуваат на чело.. катастрофа.
Цел живот имам шишки, и рамни и настрана, наизменично. Преку лето ги пуштам и ги носам на страна бидејќи за рамни е премногу топло, повеќе се поти челото и самиве шишки се лепат, не изгледа убаво. Останатиот дел од годината ги шишам рамни. Не можам да се замислам без шишки, не знам каква фризура би носела искрено. Тешки се за одржување, тоа да, ама јас секако ја мијам косата секој ден така да, не ми прави некоја разлика тоа што тие најбрзо се мрсат. На кратко, јас не сум јас без шишки.
Никогаш не сум имала шишки а мноооогу сакам. Али имам мало чело и коса која почесто се мрси, а башка што шишките бараат доста тинтрење..така да се откажав од тоа стварно да си напраам. А прееска после бањање си ја праев косата, ја местев демек како би изгледала со шишки и лелееееееееее прекрасна Ептен си се бендисав, ко што никогаш немам пуштено шишка, ниту на страна, никаква.. А ептен сакам некаква промена со косава да направам..да менувам боја нејќам, си ја сакам бојата.. фризурички си правам понекојпат... Али ова со шишкиве е полн погодок, баш промена ќе му дојде. Така да размислував, и да ве прашам, каде можам да најдам вештачки шишки? Односно шишки како шнола? Нешто како ова http://www.youtube.com/watch?v=YHRZ7mV20v0 Ниту треба одржување ниту ништо..уф како би ги носелаааа Молам ако има некој идеја каде вакво нешто се набавува, или некоја алтернатива, нека пише
Мене сите ми викаа дека имам мало чело и дека не ми стојат шишки, ама фатив и ги крцнав сама. И сама ги одржувам. И сите се чудеа како ми стојат, после дури и поубава им бев со шишки. Рамни ко летва.
Умм да како помала имав..И си се свигам со шишки..(не за друго јас секако сум убава ) ама тогаш имав права коса и убаво ми сотеа..и пред 1 година пуштив шишки ама не ми стоае требаше се да ги пеглам дека ми се извитка косата..
Моментално ги растам, и ич не ја сакам оваа меѓу фаза, ни со шишка ни без. Долго време немав шишки и пред година и пол мислам решив дека сакам. Си ги сецнав сама и цело време сама си ги одржував и многу подобри беа него од претходниот пат кога ме утна тотално фризерката Сега ја поминав таа фаза, целам кон долги коси. Во секој случај, мене ме нервира само тоа глупаво одржување. Јас имам природно виткана односно брановидна коса, и шишките не заостануваа во ова. За фенирање и пеглање исто немам навика, ама после некое време им најдов чаре.
Според мене, шишkите се преубава ствар за некој што има овално лице, или малку поголемо чело. Мене на пример не ми одговараат шишки, поради формата на моето лице, и поради тоа што имам ниско чело, а на некои стварно преубаво им стои. Така да релативно е )
Мал милион пати до сега сум направила шишки од причина што многу ми се допаѓаат, ама и мал милион пати сум се покајала после тоа Значи, ептен ми се допаѓа како ми стојат и се` тоа, ама не знам и не знам сама да си ги направам! Ќе се избањам, ќе се средам, ќе се исфенирам на истиот начин како и секогаш, ама шишките секогаш си наоѓаат свој правец, секое влакно своја политика тера И на крај се откажав од идејата дека некогаш ќе носам шишки, зошто едноставно не можам да ги спастрам и да ги одржувам. Тенко влакно имам, многу мека коса, па ми летаат, ми се прекршуваат, ми се слепуваат... Ужас
Шишки не стојат на секој убаво, така да кој сака да си направи, треба убаво да размисли дали би му стоеле убаво.. Во мојот клас има девојче со тенка/ретка коса и незнам од која причина си направи шишки.. како што и е тенка косата, шишките и изгледаат вака - ll ll ll ll, односно и се делат и и се гледа челото, што според мене изгледа многу невкусно, шишките треба да го покријат челото, не да го разделат на 5-6 делчиња јас имав шишки од мала до некаде 4то одделение, тогаш бев дете, гајле ми беше како изгледам ама сега кога гледам слики од забавиште, училишни фотографии и слично ми иди да од 5то одд. ги собирав со штипче над главата, а сега ми се пораснати колку косата.. е сега, откако ми пораснаја, сакам пак да си направам, ама не сум сигурна дали ќе ми стојат убаво, па ако одлучам да правам, ќе ги направам во почетокот на летниот распуст, барем ако не ми стојат убаво, немора да се срамам од сите
Сакам шишки,барем на мене убаво ми стојат,но тешки се за местење,затоа и во последно време ги пуштам,за да не си имам мака со местење.Е до кога ке видиме
не сум фан на шишки... не ми ни стојат мало чело имам..ама не ! Не ги сакам Можеби настрана некако ајде ама рамни такви никако
Сакам шишки ама незнам никако сама да си ги средувам, а и ме мрзи... мене секое влакно на свој правец ми е и неможам секое сабајле да станувам, да фенирам па и уште сабајле кога треба да станувам и да се средувам...вака раат сум си барем за тоа
сакам шишки и убаво ми стојат бидејќи имам долгунесто лице ама толку ми се тешки за носење тоа е невероватно посебно кога ќе станам наутро едно стрчи наваму друго натаму одма се мрсат леле ужас кои има нерви нека ги носи сега ми се пораснати многу и едвај чекам да ми бидат исти со косата никогаш повеќе не би направила шишки дефинитивно колку и да се убави