Мене воопшто не ми стојат шишки Еднаш направив и со душа чекав да ми пораснат Многу изгледам грдо со нив.
Јас сакав да си ишишам едно време шишки,ама кога слушнав од другарки каква грижа се шишките се предомислив.Имам бујна права коса,а шишките смешно ќе ми стоеја со таква коса.И плус секој ден фенирање,косата можеш да си ја уништиш.
Каква коинциденција ,денес имам зажано на фризер и ке шишам токму шишки Не им стојат на сите шишки така да тоа е индивидуално.
Тие што носат шишки многу брзо им се мрсат, бидејќи само ги чешлаат, фаќаат..инаку убави ми се шишките, само не му стојат на секого.
Абе луѓенца, ќе ми стојат шишки? Ваква нешто сум. Широчко носенце како оваа, скоро па исти очи и веѓи, иста средна уста. Некоја разлика може има. И кафеава ми е косата. Се мислам дали да си правам шишки, ама летово оти и челото ми е мрсно и проблем со акни си имам, не некој сериозен де, ама ми излегуваат по некогаш. Стварно незнам што да правам. А да, и косата ми е средно долга, на степен шишана
ДА, ама многу се тешки за одржување. И така да најчесто зимно време си правам шишки а пред пролет ги пуштам на страна.
Јас сум цел живот со шишки. Два пати досега сум ги пораснала и мислам дека не бав убава без нив. А за одржување не сум имала никаков проблем. Не ги ни фенирам, сами си се местат убаво (може само малку после миење на косата). И изгледам помлада со шишките барем 5 години .
Јас пак обратно од Сноу на пролет шишам шишки(еве денес имам закажано ),зимно време и есенско не,заради тоа што ми е виткано косичево,па што и да им правам се виткаат Инаку не ги носам долго,ми раснат за 2недели,па си ги фенирам после на страна Чисто за освежување,а не ми стојат нешто најнај
Досега имам правено шишки само неколку пати, и тоа ни самата не знам зошто. Имам округло лице - како топченце, и со шишките изгледав како тулумба а цврсто бев убедена дека ми стојат. Плус, имам виткана коса па шишките морав да ги фенирам, пеглам, препеглувам, и доволно беше времето да залади и да биде влажно, за да ми се извиткаат и да изгледам многу лошо. Од тогаш, немам направено никогаш повеќе шишки - а ниту планирам. Јас сум за шишки, но кај оние со природна права коса. Инаку животот ќе ви се скрати.
и јас сакам да имам на Чело али моментално ги имам на страна се двоумам за тоа да направам или не...пред мн мн години немам правено
Јас имав шишки, само проблемот е што бараат многу нега. Треба да ги миете често бидејќи се мрсат брзо, и да ги кратите скоро секој месец.
Имам шишки - Рамни,негде до кај веѓите. Дома ми се со шнола, а кога ќе ги пуштам не ми се упропастени туку си се во нормала. Повеќе се свиѓам со шишки
Имав еден краток период и едвај чекав да ми порасне косата.Не ги сакам јас ми сметаат а плус и треба многу нега пеглање, миење..
Поарно носев повеќе. Последен пат си направив така подолги пред Нова година и искрено зажалив, дали не ми ги погоди фризерката или сум се одвикнала, не знам, ама ми бодеа очи, ме нервираа и сега ги пуштам, едвај чекам да пораснат и шишки никогаш повеќе. Многу брзо се мрсат, ми создаваат и акни на челото, си бараат фенирање и внимание, и немам живци за нив, иако ми кажале многумина дека ме личат.
Јас шишки сакам да носам и убаво ми стојат, меѓутоа за нив треба голема нега. Мене косата ми е природно виткана па треба постојано нив да ги мијам, фенирам или пеглам па се нервирав најмногу поради тоа. Инаку секоја зима, скоро 10 години наназад по ред носев шишки, и таман кога ќе дојдеше пролет ги пуштав долги за да можев да ги собирам летно време. Оваа зима не носев шишки, али за следнава ќе си носам
Шишки сакам, меѓутоа не на мене. Има девојчиња на кои навистина убаво им стојат, добро ги одржуваат. Ама дефинитивно не се за мене. Минатата година уште еднаш се уверив во тоа. Ме нервираат, наутро кога ќе се разбудев ќе беа лево-десно испрекршени, па треба фенирање, местење... Немам толку живци. Јас сум да станам, набрзинка да се средам и да бегам.