Мислењето за шишките постојано ми се менува. Кога ќе ги видам на некој што убаво му стојат или кога на мене ќе ми се здосади од мојата коса, веднаш ми стануваат привлечни. И еднаш се осудив да си направам - и сфатив дека не се за мене. Треба да се одржуваат и редовно да се кратат, а и мојот облик на лице мислам дека не ги прифаќа. Сепак кој сака мала промена, може да се обиде со нив, зошто и да не му се допаднат - брзо растат.
Некој иамше претходно прашано ама не видов одговор...каде може да се најдат оние шишки како уметок што се,со шнолички што се фаќаат...?
Јас сакам шишки и денеска се решив да се шишам нека поминат празнициве само убаво стојат, повеќе стојат кај девојки со округла глава мислам дека јас за да видам како ми стојат го фатив предниот дел од косата и го превиткав нагоре и се свиѓам ама нели друго е кога ќе се ошишам Девојкава што има блог многу ми се свиѓа како и стојат а на оваа нека и е алал! а вакво нешто има во мк?
Јас скоја година си ги кратам хахаха и од коа ќе ги скратам криво ми е пошо иам сврдел -_- и неможам да си ги правам, а сеа годинава сакам пак
Ретки се тие што веќе носат шишки, ама пробај види како ќе ти стојат ако се бендисаш носи ги јас како носев веќе не
да ви кажам по мое мислење дека тие што имаат големо чело тогаш носат шишки а тие што имаат помало чело не носат ! (ова го учев по еден предмет)
Небитно какво чело имаш, ако ти стојат шишки ти стојат и тоа е. Јас имам мало чело па веќе неколку години носам шишки и убаво ми стојат, само ми здосадија веќе сакам да ги пуштам сега.
Кој сакат нека си носат шишки и да е мало чело не велам да не носите, само кажав по мое мислење! сепак многу се убави шишки ко бев мала и јас носев шишки ама и мене ми здосадија па веке ми пораснаа и сега повеќе не правам шишки ..
шишки им стојат само на оние кои имаат високо чело и тоа им стојат сите видови шишки а на нас со мало чело само долги настрана.кога направив шишки рамни некако сплескано ми стоеа зашо немав чело и носот тогаш ми изгледаше ко клуч за отворање пива а имам слатко мало носенце
и јас како мала имав шишки ама косата ми беше права како праз а сега ми е виткана и не ми стојат а за странични имав да до пред неколку месеци-пеглање, фенирање-постојано некаде читав шишките биле знак на женственост
Не.. Поготово не сега на овие жештини. Неможам да си замислам пеглање секој ден, или одржување.. Никако шишки, никако.
Јас од лично искуство ќе ви кажам. Мене шишки не ми стојат, бидејќи ме прават како некое мало детенце. Исто така, многу ми правеа бубуљички на челото. И во лето се неподносливи. И одат многу во очи. Но, на некои многу убаво им стојат. Ете на мене не.