Мене ми е до рамена сега брзо ја истрижав, и истрижав и шишки, ај на почетокот ми беа арни, ама проблемот е кај мене шо имам свиок и ич не ми стојат , сега ми се пораснати и ми претставуват само пречка, оти неможам никако да ги напрам ако ја фаќам косата или ако ја носам пуштена, мора тие да се фатени. Дефинтивно огромно НЕ поќе за шишки, ама секогаш ко ќе седнам на столче се премислувам
Значи вака.Јас ишишав иако мама ми викаше не ама ајде ја не ја послушав и зажалив заради тоа.Кога ишишав не ми стојеа,од причина што имам високо чело.Кога ја ишишав едвај чекав да ми порасне,а шишките постојано ми беа врзани,па понекогаш ми паѓаа,па ќе се испотам ми се лепеа,ме нервираа.Ее секогаш кога мајка нешто ќе рече значи е во право ама ете ние не слушаме Така да не
Истово ,и јас сакав шишки и мајка ми ми викаше немој,и јас сакав и сега воопшто не ги носам туку само шноличка и ги закачам,одвај чекам да ми пораснат,секогаш ама баш секогаш се каам зошто ставам шишки (инаку шишките ми се тие на страна не целосно на челото,ме сваќате нели?)
Леле кога ќе се сетам дека и јас имав шишки на цели 2 месеци Најмногу ми се допаѓаат рамни во линија на веѓите (подолги не, пократки -посебно на пола чело ), тие на страна долги - , а кратки . Многу се тешки за одржување и ретко кому му стојат.
Сакам шишки убаво мни стојат ама проблемот е во тоа што природно ми е брановидна косата и ретко кое годишно време ми е погодено за нив, во лето се потам и се виткаат во зима од снегот и капите а пролет и лето од ветрови и дождови така да нека се какви што се до крајот на вратот.
Мене шишките ми стојат најгрдо, не на ликот туку разделени се. Косата ми е прекршена па така и шишките, треба секој ден да ги мијам фенирам... Мене се тоа ме мрзи, посебно рано сабајле у 7 кој ќе ги мести
За да носиш шишки треба да имаш права и густа коса а паѓаат убаво на челото ако имаш свиок немој ако имаш ретка коса немој ако имаш виткана нема шански ако имаш мека коса немој и на сите не му стојат како прво значи ретки се тие кои можат да носат шишки и кој имаат коса за тоа мене ми се убави јас имам долгунесто лице и ми седат убаво ама имам мека коса и одма ми се мрси и прекршва така да НЕ...сега ми се до рамена порасната и сум лер поќе шишки не не планирам секој ден да ја пеглам косата
Па вака многу пати се имам изглупирано со шишки. Богами не знам кој би можел секој ден да ги пегла и фенира за да стојат прави(не разлетани на сите страни). Едноставно не можам да ги поднесам.И кога сум ги носела секогаш ги пипкав да видам дали се на место,да не се одвоиле,да не залутале на друга страна.... Сега ги пуштив во склоп со костата и си немам мака,така и планирам да ми останат. А шишки-НЕ!
Дали биле во мода или не, тоа не ме интересира. Едно големо НЕ за шишки. Има некои девојки знаат како да ги носат. На пример многу ми се секси со коса до раменици + шишки ама ретко на кого стои таква коса. Лично јас, можда некогаш би направила шишки ама од оние на страна што се, а не цело чело да ми го покријат
јас сум за шишики, вчера си секов, некако повеќе се бендисувам со шишки. сакаат големо внимание. добри се за промена, ама да сум цело време со нив не сакам......
До пред 3 години бев со шишки. Ама тоа истата фризура од незнам од кога и мислев дека ми стојат. Но кога почнав да ги растам ми е толку поубаво а и поубаво ми стојат на страна. Сега пак не би си сечела бидејќи имам кругло лице и уште повеќе ќе ми го скратат. А и за нив треба огромна нега за која сега немам време да им ја пружам. Но, на некои девојки многу убаво им стојат шишки, па затоа најубаво види дали ти стојат според формата на лицето, ич не е битно дали се во мода или не
Од кога го пишав првото мислење овде дека јас не сум јас без шишки, поради некои околности само одложував шишање и почнав да ги пуштам. И еве ме сега, немам шишки и дури сега видов што значи да си раат и дури сега сфаќам колку ме малтретирале тие шишки и колку се всушност захтевни од аспект на нега, а те ограничуваат и во фризури... Никогаш повеќе!
Имав шишки до пред 2 години. Ужасно ми стоеја. Разлетани на сите страни, антени. Почнаа да ме нервираат и ги пуштив. Сега ми се долги, во склоп со косата и поубаво ми е вака.
Незнам што ме натера ѓаволот, летово во Скопје шишки да правам... Сега ги пуштам и морам да кажам дека од кога направив бубуљици почнаа да ми се појавуваат!